Еве неколку информации горе долу веќе спомнати, кои кружат на VS, што секако не мора да значи дека се 100% точни
:
-Договорот за Пепе, финансиски е одличен. Треба да им исплатиме 10 милиони на Удинезе во период од 4 години, што значи по 2,5 милиони годишно. Најверојатно Пепе ќе биде доведен како алтернатива за крилата, и ќе ротира по потреба, со оглед на тоа што игра и лево и десно.
-Красич е веќе наш, цената е 14 милиони евра + 2 милиони бонус. Платата расте до 4 милиони наредниве 4 години.
-За Киелини, Реал нудел 28 милиони и плата од 6 милиони по сезона. Ние наводно сме барале 40 милиони + Игуаин + Марсело/ВдВ/Дренте. (не ми е верно ова ама ајде, да го ставам)
-Ранокиа ќе биде контактиран наредниве недела дена, и ако се оди како што треба, се очекува да го добиеме дури и пред Бонучи.
-Приказните за Агуеро, наводно биле лажни. Она вистинското за кое сме загризале периодов е Џеко. Меѓутоа, има доста проблеми околу договорот: цената која ја бараат германците е над 30 милиони, и платата која ја бара Џеко е висока (второто не би представувало проблем за нас, но првото е она што ме загрижува).
-Наводно имало понуда за Диего + Амаури од некој германски клуб која изнесувала 30 милиони.
-На големо вртат и муабети за Мартинез, зделката вклучувала 10 милиони + Паолучи.
-Мота се очекува да пристигне во пакет со Пепе и Кандрева. Договорот се најавува да биде Екдал + Паскуато + некое милионче. Плаќањето исто како кај Пепе, што е одлична финансиска зделка.
-И наводно, Поулсен и еден од Момо/Мело ќе биле продадени, а ние како замена сме меркале некој бразилец... Поулсен можна опција би му била Барса, како замена за Касерес.