Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Фабиано и Форлан исклучете ги од старт .. на Јувентус не му се потребни 30 годишни напаѓачи кои го достигнале врвот во кариерата и не можат повеќе да напредуваат туку ќе бидат се послаби и послаби ... Пацини може да дојде али под услов да дојде уште еден напаѓач со него (Џеко) во спротивно ќе гледаме уште еден Амаури ...

Бензема е за класа подобар напаѓач од Игуаин и покрај тоа што дотичниов промашува по 25 зицери на натпревар игра пред него ... некој ќе рече постигнал 25 гола во сезона , е јбг и Амаури во Реал би постигнал барем 20 гола ...

за Носорогот од Барселона не е потребен коментар , ја покажа својата класа вредна 75 милиони :tv:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не ме чуди доколку касано не пристигне во пакет со Дел Нери....можеби негова последна шанса да заигра во голем клуб и да докажи што вреди....повторно ќе повторам дека на Јуве му е очајно потребна средина,со јака средина и овие напаѓачи почесто ќе даваат голови,а притисокот би се оттргнал од одбранбените играчи заради кој се примија толку голови сезоната....пред е е потребен јак,стабилен среден ред
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Фабиано и Форлан исклучете ги од старт .. на Јувентус не му се потребни 30 годишни напаѓачи кои го достигнале врвот во кариерата и не можат повеќе да напредуваат туку ќе бидат се послаби и послаби ... Пацини може да дојде али под услов да дојде уште еден напаѓач со него (Џеко) во спротивно ќе гледаме уште еден Амаури ...

Бензема е за класа подобар напаѓач од Игуаин и покрај тоа што дотичниов промашува по 25 зицери на натпревар игра пред него ... некој ќе рече постигнал 25 гола во сезона , е јбг и Амаури во Реал би постигнал барем 20 гола ...
30 години ама затоа убиствени у шеснаестерец. Се слагам дека Џеко би требало да биде приоритет, следен од Бензема и Пацини, ама поарно еден 30 годишен Фабиано или Форлан кој гарантира минимум 20 гола по сезона одколку веќе потрошен Трезеге и еден топло-ладно 24 годишен "надежен" страјкер како Паладино или Ланѕафаме.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Џеко и Пацини би била иделната и реалната двојка што можеме да си ја дозволиме а и кои би прифатиле да играат за нас, и двајцата имаа добри сезони веќе 2 по ред, млади се така што би можеле и да бидат долгорочно решение и јас мислам дека со околу 50 милиони евра би дошле до двајцата ако не и помалку.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Џеко 35 милиони минимум , а со оглед на конкуренцијата и 40тина можеби... Пацини за 20тина милиони може да се купи ... реално двајцата можат да се доведат за 60тина милиони , еве 55 минимум под тоа нема теоретска шанса ...
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Во утрешниот Тутоспорт има ексклузивно интервју со Дел Нери. Тој вика дека Буфон е исто важен за тимов како и Дел Пиеро и се надева дека ќе остане во Јуве. Меѓу другото вика дека прва работа што треба да се направи е да се врати поддршката од навивачите.

Pazzini е наследникот на Пипо Инзаги, а пак "Пипо" во екипа - не, фала!
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341

Искрено не сум следел како игра пацини ама ако е како инзаги зашто не, не сакаш по 20 пенали у сезона да ти судат и несакајќи да даваш голови како Инзаги ..... :pos2:
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Не знам зошто ама имам некое добро претчуство за Дел Нери. Немал подобра прилика да се докаже, оваа му е најголемата и мислам дека ќе даде се од себе и ќе го извади максимумот. Она што највеќе ме импресионираше кај Дориа сезонава беше перфектната позициона игра. Секој знаеше која му е позицијата на движење и делуваа ептен организирано. Нас очајно ни фалеше тоа.

Околу засилувањата стварно не знам што да кажам, има милион шпекулации. Мој фаворит е Џеко. Убиец! Финишер како Трез, дриблинг, шут со две нозе, игра со глава, асистент, вистински модерен напаѓач. Желба ми е во пакет со Дел Нери да го видам Касано во дресот на Јуве.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Искрено не сум следел како игра пацини ама ако е како инзаги зашто не, не сакаш по 20 пенали у сезона да ти судат и несакајќи да даваш голови како Инзаги ..... :pos2:
Па да ги претрпувам нервозите кога ќе утне зицер во 90-та минута на резултат 1-1?
не, не, заеби :)
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Па да ги претрпувам нервозите кога ќе утне зицер во 90-та минута на резултат 1-1?
не, не, заеби :)
Сезонава Милан и Рома го примија од Пацини баш во 90. И мене не ме воодушевува, ама факт е дека последниве 2 сезони ги игра на ниво.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.753
Поени од реакции
3.793
Сезонава Милан и Рома го примија од Пацини баш во 90. И мене не ме воодушевува, ама факт е дека последниве 2 сезони ги игра на ниво.

Ретки се оние што на 23 години играат во врвот на кариерата. Нормално е што во последниве 2 години Пацини напредуваше и денес е еден од главните виновници што Сампдорија догодина ке игра во ЛШ. Се наоѓа во составот на Липи кој сигурно ке оди на светското.
Колку што се сеќавам, оваа година на сите од големите клубови им подари по некој комад.

Статистиката вели: 37 натправари, 19 гола и 2 асистенции во Серија А. Како нема кај нас некој напаѓач со ваква статистика ?

Солиден напаѓач што може да се искористи :wink:

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Не знам зошто, едноставно скептик сум во врска со дечково. Веројатно гледајќи го Амаури и што се очекуваше од него, а како заврши...
Ако го купиме, се надевам дека грешам. :)

p.s. има осет за гол, нема муабет тука, ама пола од головите и на клипов му се PIPPO STYLE. :)
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Пацини е типичен чекач. Ако нема крила и креативец позади него ништо не прави. Надвор од шеснаесетникот е тотално безопасен, нема особено јак шут, дриблинг, но одлично се снаоѓа во 16 метри.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.753
Поени од реакции
3.793
Тоа ни треба, напаѓач што ке му падне топка пред нозе. Пацини е Трезеге тип на играч. Нема многу пимплање во 16. Еден - два додира и веднаш шут. Скок и глава - одлично. И на видеово од 2008/2009 година ги попарува Јувентус, Милан, Интер и Рома по еднаш. Значи не е само за малите екипи, знае да даде гол и на екипи што во одбрана имаат снагатори. Ни треба некој ваков што од нигде никаде ке дава голови. И јас би сакал тоа да биде Торес, али да ве потсетам дека идната година ке играме во ЛЕ, клубот е сеуште во фаза на развој, тренер е Џиџи Дел Нери, а не Капело, 80 со кои треба да се купат 6-7 играчи. Се ова води дека Пацини е најоптимално решение.

Секако ова ако Пацини посака да дојде. Моментално нема многу напаѓачи на пазарот што ке ни гарантираат 20ина гола по сезона, плус да сакат да играат во Италија/Јувентус и да не бидат прескапи. Ако ни откаже љубов Пацини, тогаш главна цел ке ни биде Флокари :wink:
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Ретки се оние што на 23 години играат во врвот на кариерата. Нормално е што во последниве 2 години Пацини напредуваше и денес е еден од главните виновници што Сампдорија догодина ке игра во ЛШ. Се наоѓа во составот на Липи кој сигурно ке оди на светското.
Колку што се сеќавам, оваа година на сите од големите клубови им подари по некој комад.

Статистиката вели: 37 натправари, 19 гола и 2 асистенции во Серија А. Како нема кај нас некој напаѓач со ваква статистика ?

Солиден напаѓач што може да се искористи :wink:

[video=youtube;uLa9cq92tuQ]http://www.youtube.com/watch?v=uLa9cq92tuQ[

хмммм... страшно ме потсеќа на Инзаги, се лепи топката за него, има добар скок и добар е со глава, за у 16 ке биде смрт за голманите... ама како што забележав 90 % од головите му ги местат т.е крилата доста работат за него, значи ке треба да се доведат 2 квалитетни крила ( красиќ - идеално ) и типов има да прави партали.... плус еден бек и штопер да купиме, и Буфон да остане.....
ма каков Шинтер има се да газиме, само Диего да може некако да се вклопи и ке бидеме тим за респект.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom