Ве читам предходниве страни и ок секој има свое мислење ама незнам што гледате поразличен Јувентус од овој сега, се некој недокажани, надежни играчи кои неможат со сигурност да одат на било кое натпреварување и да освојат титула.Споредете само тимовите со кои би играле:Интер, Барса, Челзи.Појаки клупи имаат од нашиот прв состав и не се прави екипа само со еден тим, мора да имаме барем 2 постави јаkи инаку ништо пак.
Гледав синоќа Милан-Јувентус 2001 сезона и тимот стварно ѕверови тркачи пред се и знаат што со топката.Составот е овај иако мислам дека трпел некоја измена заради повреди:
-----------------буфон------------------
--турам---монтеро--јулијано---песото----
замброта--такинарди-давидс--недвед----
--------дел пиеро----трезеге-----------
Е сега на овај тим одземете им на сите по 9 години и ќе сватите зошто биле јаки, неможе веќе Дел Пиеро, Трезеге и Буфон да бараме како што беа.Како Турам и Монтеро уште долго нема да најдеме замена освен Киелини засега немаме играчи од таков калибар.Песото, Јулијано беа и онака резерви но работливи играчи а Замброта, Такинарди и Давидс немам зборови тркачи пред се и разбивачи но и добро додаваа топки.А за Недвед немам зборови.Значи пак ќе речам сигурно не бил овај натпревар со прв состав недостига некој ама сепак се величина во споредба со ова денес и да не заборавам на клупа беше Липи тогаш.
Сега да напишам за денешниот Јуве, мислам дека мора да се земат звучни имиња:Торес, Џо Кол, Артета, Диего Капел, Хесус Навас, Хамшик, Р. Паласио, Дренте, Ван Дер Варт, Афелај и Акинфеев.Барем нешто налик на овие немора да се премногу млади но мора искусни играчи.
За Џовинко мое мислење е дека премногу промашува пред гол и заради неговата конституција не добива доволно доверба иако може да биде како Волкот но немаме тренер кој би имал таква визија.Дел Пиеро, Јакинта , Каморанези, Кандрева да се ротираат не би рекол резерви, Диего , Сисоко, Маркизио, Киелини да бидат костур на тимот.
А Касерес, Гросо,Зебина, Де Чеље,Канаваро, Поулсен, Манингер (ако останат за резерва).
Во Аут:Буфон за добра пара и земање на Акинфеев, Зденката, Легро, Мело, Брацо, Амаури, Трезеге(бидејќи сака да си оди инаку не би го дал).
И на крај за тренер: Липи ако се кандиса, Капело на прво место а Бенитез и Прандели рулет би биле.
P.S.Околу Ракитич, Красич се сложувам а и Курањи не е лош.
Forza Juve.