Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Од Бенитез озбилен тренер - од магаре ватерполо. Прандели или Гасперини.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ако веќе се бара озбилен тренер од помлада генерација , Лоран Блан или Бенитез ... тука нема утка ...
Дури сега те сфаќам зошто ти е напишано тоа Luciano Moggi Fan :)
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не знам како се опаметиле и потпишале 6 месечен договор со Зак...требаше да го почастат со 4-5 годишен договор:pos2: вистинска тајна е иднината на овој тим,вистина не знам кој сериозен стручњак би се нафатил со средувањето на оваа “багра“,додека за вистински засилувања треба прилично многу пари,како никогаш досега и воља на талентирани играчи да се обврзат да играат во лига чиј квалитет рапидно паѓа последниве години....навистина тешка ситуација !
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Од Бенитез озбилен тренер - од магаре ватерполо. Прандели или Гасперини.
Да да , 2 титули во Шпанија , куп Уефа , ЛШ и уште едно финале во ЛШ... нема шанси да е озбилен тренер ...

Прандели се трпи некако , мада шо постигнал позначајно во својата кариера со своите 53 години? ... а за Гасперини само благо ќе се насмеам :tv:

Имавме веќе доволно Гаспериновци на клупата , меѓу кои еден го имаме и во моментов ...
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Да да , 2 титули во Шпанија , куп Уефа , ЛШ и уште едно финале во ЛШ... нема шанси да е озбилен тренер ...

Прандели се трпи некако , мада шо постигнал позначајно во својата кариера со своите 53 години? ... а за Гасперини само благо ќе се насмеам :tv:

Имавме веќе доволно Гаспериновци на клупата , меѓу кои еден го имаме и во моментов ...

А зошто со Ливерпул никаде го нема во Премиер Лигата?
А за Гасперини и Прандели што е толку смешно за нивната кариера ако немат ништо освеоно.Не водат врвни екипи за да се борат за титула во првенството.Добро си ја вршат работата, а ако немаат трофеи тогаш имаат одлични резултати со екипите коишто ги водат,практикуваат и поофанзивен фудбал.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.240
Гасперини тера 3-4-3 формација, не памтам кога последен пат тим со таков формат освоил некоја титула.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
I'm back...
Брат, да изгубиш 1-0 и да те заебе судијата со непостоечки пенал или со исклучување во ред е да има љутење, пцуење по судијата... ама да изгубиш 4-1 и да го обвинуваш судијата наместо играчите ти е голема грешка... :toe:

Ќе ти дадам еден пример... Манчестер Јунајтед цела сезона игра со повредени играчи, посебно во одбраната... неколку натпревари играа Керик, Флечер и Гибсон како централни стопери па пак се борат на два фронта, а еден веќе освоија... така да не е за оправдување тоа што Канаваро бил единствениот стопер во Јувентус и што бил исклучен :toe:

ЈБГ ви отиде оваа сезона и што побрзо треба да заборавите на неа... со среќа во наредната :helou:
Во ред е тоа, не викам дека Јувентус не заслужи да загуби од Фулам со оглед на составот со кој истрча. Таква им била среќата да имаат за лекари инвалиди кои не се способни ни себе да се лечат а не пак некој друг. Повреди имаше мал милион и тоа е тоа. Значи, Јуве заслужи да загуби ама тврдам дека не заслужи да испадне. Конечниот резултат е пренапумпан од судијата. Прво, ни го исклучува Канаваро неоправдано(во првиот момент мислев дека е правилна одлуката и го пцуев Канаваро ама повторената снимка ми го покажа спротивното) и ни ја ебе цела концепција во одбраната (до крајот играме со десни бекови на местото на стопери), потоа при резултат 2-1 им дава пенал на Англичаните и тоа таков пенал сум видел дека се суди само против Јувентус а против било која друга екипа се окарактеризира како ненамерна игра со рака(не алудирам на ништо, туку само колку да појаснам ќе ти ја спомнам играта со рака на фудбалерот на Манчестер со Милан кога Роналдињо му ја здрви топката во рака на мечот на Сан Сиро) и на крај му дава уште еден црвен на Зебина со што ја утепува и последната надеж на Јуве дека можат да дојдат до тој втор погодок.

Мислам дека се ова е премногу па дури и Јуве да имаше посилен состав не сум убеден дека ќе продолжеше понатаму со вакво судење. Едноставно судијата ги доведе Фулам до резултатот кој им беше потребен за да го елиминираат Јувентус, со други зборови им ги нареди коцките. Можеби заслужија победа од 2-1 заради упорноста која ја демонстрираа ама овие 4-1 се судиско масло.

Искрено, повеќе ми е криво за дебаклот кој е незаслужен, отколку за испаѓањето од купов кој е наменет токму за такви екипи каква што е Фулам. Она што ме боли е високиот пораз кој според мене е незаслужен и вештачки.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Гасперини едноставно нема капацитет да води шампионски тим,Прандели би го водел одлично клубот во домашната лига,европа е мистерија за него,додека ама баш ич не ми се допаѓа работата на Бенитез во Ливерпул,имаше доста пари за трошење а тој успеа да го доведи само Торес,сите други засилувања му се големи промашувања освен Кајт донекаде...секако тука е и неговиот долгогодишен договор со Ливерпул од кој се сомневам дека така лесно би се одкажал,како и привлечноста на италијанското првенство за овој стручњак
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Гасперини тера 3-4-3 формација, не памтам кога последен пат тим со таков формат освоил некоја титула.

Ако имаш добри играчи кои што одлично би се приспособиле во таа формација не гледам зашто не би освоиле титула.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
А зошто со Ливерпул никаде го нема во Премиер Лигата?
А за Гасперини и Прандели што е толку смешно за нивната кариера ако немат ништо освеоно.Не водат врвни екипи за да се борат за титула во првенството.Добро си ја вршат работата, а ако немаат трофеи тогаш имаат одлични резултати со екипите коишто ги водат,практикуваат и поофанзивен фудбал.
Па Ливерпул е далеку од екипа која може да конкурира во премиер лига ... доволен ти е податокот дека Бенитез има 2 титули во примера во конкуренција на Реал и Барса , значи РЕАЛ И БАРСА ... и титула во куп уефа со Валенсија и плус титула во ЛШ со Ливерпул ... и да речиш дека Бенитез е лош тренер или да го ставаш во ист кош со Прандели или Гасперини е ПРЕСМЕШНО ...

Што се однесува до другите двајца , викаш вршат одлична работа во своите клубови... која е таа одлична работа? Фиорентина реално е екипа 4-5 по квалитет во Италија и никогаш не отскокнала од тоа , освен сезонава кога на моменти беше близу и до зоната на испаѓање... Истото е и со Џенова ... значи вршење на одлична работа е пласман кој е далеку над реалниот домет на клубот , што ни Фиорентина ни Џенова досега не го постигнале , а Прандели и Гасперини се веќе неколку години таму ...

е да и да напоменам дека Бенитез според многумина е најдобриот тактичар на светот , човек створен за Серија а ... ;)
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
I'm back...

Во ред е тоа, не викам дека Јувентус не заслужи да загуби од Фулам со оглед на составот со кој истрча. Таква им била среќата да имаат за лекари инвалиди кои не се способни ни себе да се лечат а не пак некој друг. Повреди имаше мал милион и тоа е тоа. Значи, Јуве заслужи да загуби ама тврдам дека не заслужи да испадне. Конечниот резултат е пренапумпан од судијата. Прво, ни го исклучува Канаваро неоправдано(во првиот момент мислев дека е правилна одлуката и го пцуев Канаваро ама повторената снимка ми го покажа спротивното) и ни ја ебе цела концепција во одбраната (до крајот играме со десни бекови на местото на стопери), потоа при резултат 2-1 им дава пенал на Англичаните и тоа таков пенал сум видел дека се суди само против Јувентус а против било која друга екипа се окарактеризира како ненамерна игра со рака(не алудирам на ништо, туку само колку да појаснам ќе ти ја спомнам играта со рака на фудбалерот на Манчестер со Милан кога Роналдињо му ја здрви топката во рака на мечот на Сан Сиро) и на крај му дава уште еден црвен на Зебина со што ја утепува и последната надеж на Јуве дека можат да дојдат до тој втор погодок.

Мислам дека се ова е премногу па дури и Јуве да имаше посилен состав не сум убеден дека ќе продолжеше понатаму со вакво судење. Едноставно судијата ги доведе Фулам до резултатот кој им беше потребен за да го елиминираат Јувентус, со други зборови им ги нареди коцките. Можеби заслужија победа од 2-1 заради упорноста која ја демонстрираа ама овие 4-1 се судиско масло.

Искрено, повеќе ми е криво за дебаклот кој е незаслужен, отколку за испаѓањето од купов кој е наменет токму за такви екипи каква што е Фулам. Она што ме боли е високиот пораз кој според мене е незаслужен и вештачки.
се согласувам дека е целосно неправедно да бидеш елиминиран на таков начин,кога бевме елиминирани од баерн бевме тотално надиграни,како од играчки така и од тактички план...но каква сатисфакција ќе пружи освојувањето на ЛЕ?!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.240
Ако имаш добри играчи кои што одлично би се приспособиле во таа формација не гледам зашто не би освоиле титула.
Поентата ми беше дека не е случајност што години и години уназад таа формација e скоро и '' мртва '', 3-4-3, 3-4-1-2 на Зак и остали со тројца стопери во одбрана е '' умрена '' формација, ја тераат екипи ко Џенова, Наполи во моментов, Ливорно и ред други помали екипи, во Англија на пример ниедна екипа не ја користи, исто и во Шпанија ...

Што значи ризик ке е доколку седне некој кој тера таков систем, е сеа во Јувентус можда ке промени тактика незнам, ама пак, не верувам дека управата повторно ке ризикува за тренерската позиција.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
е да и да напоменам дека Бенитез според многумина е најдобриот тактичар на светот , човек створен за Серија а ... ;)
Toкму така. Рафа е човек со јасни визии и многу добро знае што сака да постигне со својот тим. После потпишувањето на Хидинк за Турската Репрезентација, единствени кадарни за влето да седнат на клупата на Јувентус се Бенитез, Капело, Липи па и Прандели мислам дека ако има подобар состав на располагање би бил далеку поуспешен. Гасперини не е тип на тренер за во Јувентус, исто како и Алегри (барем не засега за Алегри, кој многумина од Италијанската фудбалска јавност сметаат дека Алегри ќе прерасне во врвен тренер, но во моментов тој не му е потребен на Јувентус). На Јуве му е потребен тренер што знае да воведи челична дисциплина, тренер со Шампионски менталитет, какви што се Капело и Бенитез.
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Па Ливерпул е далеку од екипа која може да конкурира во премиер лига ... доволен ти е податокот дека Бенитез има 2 титули во примера во конкуренција на Реал и Барса , значи РЕАЛ И БАРСА ... и титула во куп уефа со Валенсија и плус титула во ЛШ со Ливерпул ... и да речиш дека Бенитез е лош тренер или да го ставаш во ист кош со Прандели или Гасперини е ПРЕСМЕШНО ...

Што се однесува до другите двајца , викаш вршат одлична работа во своите клубови... која е таа одлична работа? Фиорентина реално е екипа 4-5 по квалитет во Италија и никогаш не отскокнала од тоа , освен сезонава кога на моменти беше близу и до зоната на испаѓање... Истото е и со Џенова ... значи вршење на одлична работа е пласман кој е далеку над реалниот домет на клубот , што ни Фиорентина ни Џенова досега не го постигнале , а Прандели и Гасперини се веќе неколку години таму ...

е да и да напоменам дека Бенитез според многумина е најдобриот тактичар на светот , човек створен за Серија а ... ;)
Бенитез има две титули во Примера ама Валенсија беше многу посилна тогаш од Реал,а додека кај Барса тек тогаш почнаа постепено да се случуваат промени и беше слаба.Бенитез наследи солиден тим од Хектор Купер,костурот на тимот беше оформен само се додаваа некои засилувања кои се неопходни.
За Прандели и Гасперини како сакаш да се борат за титула кога не водат некои високо буџетни клубови,тие едноставо го вадат максимумот што го имаат нивните клубови и повеќе од тоа да сакат неможат тоа е.

Бенитез си има некоја своја филозофија, си прави некои ротации на утакмиците како него му одговара не рачунајќи дали тоа за тимот добро би се покажало или не,туку само да ја задоволи својата филозофија.Едноставно мене лично не ми е по кејф,ти имаш друго размислување.Може ќе се случи да дојде тој во Јуве се си е можно,па тогаш дај боже да ме демантира и би ми било драго за тоа дека сум бил грешка цело време.Али моментално не сум загреан за него.

Бај д веј да се вратиме на Јувентус,моменталната и сурова реалност што ни се случува.Доста со луѓето кои сега за сега не ги засега Јувентус.
 
при пристигнувањето на бенитез во ливерпул му беа дадени одврзани раце што сака да прави само да ја врати титулата од премиер лигата во ливерпул-не успеа во тоа...сепак го “замачка“ тој неуспех(првата цел) со освојувањето на ЛШ и играњето на уште едно финале потоа...мислам дека не би бил добар избор,но сепак летово ќе немаме многу избор летово за поставување на некој елитен стручњак на клупата,моментално најважната одлука
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom