Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мело е најмалку крив другите играчи немаат концепција кој се во составот моментов !неми е јасно како се друга екипа против ривали како Фиорентина и Интер ко други да играат на терен
види ги победите на Јуве во вториот дел од сезоната-нема баш голови од игра....факт е дека немаме игра,победите се повеќе случајни одколку заслужени
 
Абе ако не сака судија да одиш понатаму ни Господ не помага, а не некакво знаење.

Јебига, кажав што мислам за вечерашниов меч и тоа е тоа. Не може никој да ме разубеди дека не бевме осакатени. Кој сака нека кења, не ме интересира веќе. Идам у град на пиво да се опуштам малце и ич не ми чуе. Ми помина нервозата колку толку. Кога ќе дојдам, може ќе се препукувам, може не. Здравје...

Брат, да изгубиш 1-0 и да те заебе судијата со непостоечки пенал или со исклучување во ред е да има љутење, пцуење по судијата... ама да изгубиш 4-1 и да го обвинуваш судијата наместо играчите ти е голема грешка... :toe:

Ќе ти дадам еден пример... Манчестер Јунајтед цела сезона игра со повредени играчи, посебно во одбраната... неколку натпревари играа Керик, Флечер и Гибсон како централни стопери па пак се борат на два фронта, а еден веќе освоија... така да не е за оправдување тоа што Канаваро бил единствениот стопер во Јувентус и што бил исклучен :toe:

ЈБГ ви отиде оваа сезона и што побрзо треба да заборавите на неа... со среќа во наредната :helou:
 
Брат, да изгубиш 1-0 и да те заебе судијата со непостоечки пенал или со исклучување во ред е да има љутење, пцуење по судијата... ама да изгубиш 4-1 и да го обвинуваш судијата наместо играчите ти е голема грешка... :toe:

Ќе ти дадам еден пример... Манчестер Јунајтед цела сезона игра со повредени играчи, посебно во одбраната... неколку натпревари играа Керик, Флечер и Гибсон како централни стопери па пак се борат на два фронта, а еден веќе освоија... така да не е за оправдување тоа што Канаваро бил единствениот стопер во Јувентус и што бил исклучен :toe:

ЈБГ ви отиде оваа сезона и што побрзо треба да заборавите на неа... со среќа во наредната :helou:
токму така....и криви ни се играчите од одбраната кога немаме доволно силен среден ред кој ќе ја задржи топката во свои нозе и поголемиот дел од натпреварот би ја креирал играта и диктирал темпото:toe:
 
а и не ми е јасно оти го зема јувентус мело кога веќе ги има сисоко и пулсен
 
а и не ми е јасно оти го зема јувентус мело кога веќе ги има сисоко и пулсен
па Чиро играше систем 4-2-3-1,дефанзивни задни Сисоко и еФ.еМ. беа потребни и резерви за тие клучни позиции,само што овие двајца се скарале меѓу себе па не си ја додаваа топката правилно:pos:
 
па Чиро играше систем 4-2-3-1,дефанзивни задни Сисоко и еФ.еМ. беа потребни и резерви за тие клучни позиции,само што овие двајца се скарале меѓу себе па не си ја додаваа топката правилно:pos:
искрено ич не ме бендисуваше таа формација кога игравте со мело-сисоки -пулсен заедно сите во првиот :pos2:
 
Од тоа се плашев и тоа се случи не ме излажа интуицијата и на Кико му го реков тоа во еден пост:wink: али јбг.Кога можеше еден Јунајтед да изгуби 3-0 од Фулам имав страв дека и тоа нам ќе ни се случеше,и за жал се случи.Сега ни преостанува да се сконцентрираме максимално во Серија А и барем засега нема да имаме утакмици на секои три дена па нема играчите дополнително да имаат замор.На овој натпревар судијата имаше исто така голема улога,не во тоа што изгубиме туку што испаднавме од ЛЕ.Холанѓанец беше па може желба му било да ни врати што ги елиминиравме Ајакс,тој си знае.За тимот,си треба ремонт,продавање на некои од постоечките и ангажирање на нови квалитетни играчи,и секако доаѓање на ФУДБАЛСКИ ЛИЦА ВО УПРАВАТА (таков совет пред 2 дена му даде и Платини на Блан,бидејќи Платини знае оти Блан е фудбалски ограничен).

ЈУВЕНТУС НЕ Е САМО ФУДБАЛСКИ КЛУБ,ТУКУ НАЧИН НА РАЗБИРАЊЕ НА ЖИВОТОТ. (Итало Пјетра).
 
според репортажата на goal.com :
Juventus were then reduced to ten men in a game-changing decision. Cannavaro ajudged to be the last man as he brought down Gera, a decision that seemed harsh as there seemed to be little contact and Grosso was covering.
не го гледав натпреварот,можеби круцијалниот дел од мечот недоволно објаснет и овде...значи требаше директен црвен или не требаше?!
 
За оваа неуспешна сезона виновни се сите, од играчки кадар, Управата,Медицинскиот тим, итн.

1.Играчки кадар.Летниот трансфер рок, се купија Диего, Мело, Гросо, Канаваро, и Касерес. Сите го сместуваа Јувентус заедно со Интер како главен претендент за освојување на Скудетото. Диего беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, играше на високо ниво, а сметам дека воопшто не игра лошо во Јувентус,секогаш е од играчите кои најмногу трчаат и најмногу се трудат, а познато е дека Италијанската лига е поквалитетна од Германската, и потешко е да се снајди играч. Мело во Фиорентина покажуваше одлични игри, а беше брилијантен на Купот на Конфедерации. Управата на Јуве доживеа доста критики за ангажманот на Канаваро, па и за Гросо.

2. Управата (заедно со Липи). Пред почетокот на летниот трансфер рок, Блан на неколку пати беше виден во друштво на Марчело Липи. Марчело Липи беше иницијатор на враќањето на Канаваро во Јувентус, иницијатор на ангажирањето на Фабио Гросо, а не му успеа иницијативата за Џузепе Роси и Гаетано Д`Агостино, поради превисоките суми кои ги побараа Виљареал и Удинезе. Липи беше иницијатор на поставувањето на Чиро Ферара на клупата на Јувентус, и таа иницијатива му беше прифатена од Управата.Чиро на пријателските натпревари одлично го водеше тимот,и сите од Управата, а и навивачите беа убедени дека Чиро има капацитет да го води клубот. Но по катастрофалните натпревари и резултати, Чиро беше сменет од Закерони.Веќе се поизвесниот голем ремонт на Јувентус наредново лето треба да почне од Управата. Блан и Секо може да останат (Блан задолжен за финансиите, Секо може да се врати на позицијата на која што беше пред да стани Спортски Директор). Јуве треба да ангажира Спортски директор, еден од: Пјерпаоло Марино (поранешниот Спортски Директор на Наполи кој во моментов е без ангажман, Бепе Марота од Сампдорија, а се споменува и Франко Балдини (aсистентот на Фабио Капело во Англиската Репрезентација) кој би дошол ако Капело дојде во Јувентус. Бетега одлично си ја врши работата (успеа да се ослободи од Тиаго и Молинаро, а го ангажираше Кандрева кој досега се покажува како одличен потег). Потоа, за Претседател треба да биде назначен Андреа Ањели. Ако биде назначен Липи за Претседател, мислам дека наредната година Јуве нема да земи звучно име за тренерската позиција, бидејќи добро е познат Липи дека сака се да биде по негово, и ќе сака да има тренер на Јуве што ќе му биде послушен(токму тоа беше проектот со Чиро Ферара).

3.Медицинскиот тим (заедно со Управата) се горе-долу најголеми виновници за огромниот проблем што Јувентус го има сезонава со повредите, проблем кој многу влијае врз прикажаните резултати.За споредба, на полусезона Интер имаше 27, Милан 21, а Јувентус 55 повреди.На Управата дури пред една недела им текна дека климата и земјиштето на тренинг центарот во Виново не се многу погодни за тренинг, нешто што Капело го посочуваше уште во 2005 година, и на уште неколку пати на спортски емисии на Скај Спорт токму за тоа е дебатирано. На Управата на Јуве дури сега им текна да испратат стручни лица кои ќе ја испитаат цврстината на земјиштето на тренинг центарот, и веќе влето да го направат попогодно за тренинг со вградување на подземни цевки кои ќе ја омекнуваат земјата.Пример, Маркизио,Јакинта и Буфон (минатата сезона и Амаури и Трезеге) се правеа потполно иста операција на колената, што се премногу операции за да се верува дека се случајни, а 90% од вкупните повреди на Јувентус, се повреди на мускулатурата на играчите.
 
За тимот,си треба ремонт,продавање на некои од постоечките и ангажирање на нови квалитетни играчи...

Не ми е јасно само како од глуп тренер да стават поглуп... Најпрво Ферара кои можеби бил Легенда на клубот, ама треба да има мозок за да води ваков трофеен клуб, па потоа Зекерони, Каде Бе? :jaj:

Доведуваат играчи кои не заслужуваат да играат за Јувентус, на секој играч треба да му биде чест да игра за ваков Клуб со традиција, а не си играат курташаш и ги интересираат само парите, а ги боле ку*от за честа на клубот... Не иде тоа така!!!

Не ми е јасно само како во овој тим има место за Гросо, Салихамиџиќ, Маркисио, Зебина, Легротаље... На лето треба тотална реконструкција во тимот и да се трошат пари на играчи кој се достојни да го носат дресот на Јувентус, а пред се да се доведе квалитетен тренер од типот на Хидинк, Липи, Капело (зборам за оние што немаат обврски со клубови) :smir:
 
според репортажата на goal.com :
Juventus were then reduced to ten men in a game-changing decision. Cannavaro ajudged to be the last man as he brought down Gera, a decision that seemed harsh as there seemed to be little contact and Grosso was covering.
не го гледав натпреварот,можеби круцијалниот дел од мечот недоволно објаснет и овде...значи требаше директен црвен или не требаше?!

Тоа можда не беше ни фаул , а за црвен во никој случај не беше...

но ќе повторам , јадно и дебилно е причината за дебаклот да се бара кај судијата ...
 
Тоа можда не беше ни фаул , а за црвен во никој случај не беше...

но ќе повторам , јадно и дебилно е причината за дебаклот да се бара кај судијата ...
не ни се криви судиите за промашената сезона,меѓутоа секој неправедно доделен црвен картон е голема штета за кој било тим,посебно во раната фаза на натпреварот....и така средниот ред на Јуве не функционира па уште црвен за џабе,тоа е директна егзекуција...
 
На почетокот на натпреварот на трибините беше и Дон Фабио,дадоa кадар од него.Си реков камо среќа да го имавме на клупата.:jaj:
 
гледам доста навивачи бараат враќање на Липи и Капело на клупата на Јуве....никој од овие не може да го врати тимот во старото светло-нивното време помина тогаш,сега како пензионери можат да се занимаваат во репрезентациите и да посетуваат вакви натпревари со внучињата:pos2:
 
Ако веќе се бара озбилен тренер од помлада генерација , Лоран Блан или Бенитез ... тука нема утка ... ама никој не е будала да доаѓа во клуб каде што Секо и Блан ќе му диригираат ... после оваа сезона секој озбилен играч и тренер ќе го одбегнува Јувентус ...

Следен тренер јас типувам на Алегри :tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom