Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Доаѓаат и зборат за комплекси...:uvo:

Во Bookmark им е фан клуб Јуве, прва работа од сабајле - проверка да не рекол некој нешто лошо за Интер.
Па затоа брат остај ги и не им објаснувај шо се комплекси,може некогаш сами ќе дознаат.:wink:
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Не знам шо се замарате толку со интерашиве, очигледно постот од 25 години лошо влијаел на психата :baeh:

Мислам дека на овој состав на играчи шо го имаме највеќе одговара 4-2-3-1 ама муабетов е правен милион пати така да :toe:

Околу натпреваров со Ливорно: Кога веќе Зак решил да игра 3-4-3(или 5-3-2 бидејќи крилата се всушност повеќе со дефанзивни задачи т.е. задачи на бекови) мислам дека со играчите што ни се на располагање најдобро би изгледало вака нешто

Buffon
Cannavaro Legrotaglie Chielini
Caceres Melo Candreva De Ceglie
Diego
Del Piero Giovinco

Ни Гросо ни де Чеље не можам да ги гледам по левата страна ама кога би бирал од две зла помалото, мислам дека де Чеље подобро ќе се снајде. Гросо е во очајна форма. левата страна ни е дефинитивно најслаба и мислам дека повеќето примени голови се по акции од таа страна.

Иако слабо стоиме со напаѓачиве, Амаури би го седнал на клупа едно 4-5 натпревари за да му текне за кој клуб игра и која е неговата работа на теренот. Плус тоа на Диего повеќе би му одговарале брзи напаѓачи кои ќе можат брзо да вкрстуваат страни и да примат топка во трк. Амаури освен што ги спушта топките со гради го немам видено да направи некој фудбалски потег.
Можеби седењето на клупа ќе донесе добар релузлат, видете го Нани игра како препороден .

П.С. Ми се чини или Италијанциве на СП 2006 играа со ваква формација??
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68

Del Piero Giovinco​

Не, Италија играше 4-4-2 и 4-3-2-1
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Лука Тони изјави дека не е правилно Амаури да игра на СП за Италија. Со оглед на последните перформанси прикажани на Тони во Италијанската репрезентација, а и според формата на Амаури оваа сезона ниту Тони ниту Амаури не заслужуваат повик од Италијанската Репрезентација.

Младинскиот тим на Јуве го победи со 4-0 тимот на Виченца на Вијареџио Купот. Играчот кој пристигна зимскиов преоден рок, Фишналер, Имобиле и на двапати Белкастро беа стрелци на головите за Јувентус. Ова е втора победа на Примавера тимот на Јувентус оваа година на Вијареџио Купот, првата ја остварија против Легија Варшава. Екипата на Јуве минатата сезона ја освои Титулата во овој Куп, а за најдобар играч (и стрелец) беше прогласен Ајуб Дауд. Овој Куп е познат по тоа што токму на овој Куп беше откриен големиот талент на Алесандро Дел Пиеро. линк
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Тони подобро да се погрижи да биди спремен за во репрезентација...ако се плаши од овој Амаури...
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Не знам во каква форма е Тони ама ако се плаши за своето место од Амаури, кој не е во форма ни за младинскиот тим на Јуве, тогаш сигурно и Тони е во криза. Мислам, јас да бев во комбинација ќе му земев место на Амаури. Човекот не може да игра полошо.
 
Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Тони подобро да се погрижи да биди спремен за во репрезентација...ако се плаши од овој Амаури...
Штом се плаши од Амаури во оваа форма,тогаш да не навлегувам во празните приказни за минати слави.Во репрезентација играат подобрите од најдобрите.Ниту Амаури,ниту Тони моментално не се достојни да го носат дресот на италијанската репрезентација ...

Не знам во каква форма е Тони ама ако се плаши за своето место од Амаури, кој не е во форма ни за младинскиот тим на Јуве, тогаш сигурно и Тони е во криза. Мислам, јас да бев во комбинација ќе му земев место на Амаури. Човекот не може да игра полошо.
Има играчи што покажуваат една игра во националниот,а сосема друга во тимот во кој настапуваат.Се сеќавам на Анри и неговите блескави игри во Арсенал,но се сеќавам и на многу слаби игри во репрезентативниот дрес.Според мене,ако Амаури биде повикан од Липи,ќе блесне на светското првенство.Но тоа се само мои мислења и претпоставки ...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
кај да е ќе му тргни на Амаури :drk:
Џ. Роси желен да се врати и да заигра во татковината...во игра е и Јувентус,прашање е колку овој играч би можел да го подигне нивото на игра на екипата...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Не знам во каква форма е Тони ама ако се плаши за своето место од Амаури, кој не е во форма ни за младинскиот тим на Јуве, тогаш сигурно и Тони е во криза. Мислам, јас да бев во комбинација ќе му земев место на Амаури. Човекот не може да игра полошо.
Тони изигра малку натпревари за Баерн од почетокот на сезоната. На стартот од Јануарскиот трансфер рок премина во Рома, и прикажа добри игри, и има постигнато 2 гола. Но на последните натпревари на Италијанската репрезентација (кога играше Тони), Тони беше слаб и токму поради слабите игри го изгуби Репрезентативниот статус (иако важи за еден од најомилените играчи на Марчело Липи). Липи изјави дека 70% е составен тимот кој ќе отпатува во Јужна Африка. Буфон, Киелини, Канаваро, Легро, Каморанези, и Јакинта се сигурни патници на СП, а најверојатно ќе бидат и Кандрева и Маркизио.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
интересно е дека сите “ѕвезди“ кои ги грееја клупите ширум европа се многу лесно отстапени или продадени...тука сигурно има некоја неофицијална директива од ФИФА и УЕФА до клубовите
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Тони изигра малку натпревари за Баерн од почетокот на сезоната. На стартот од Јануарскиот трансфер рок премина во Рома, и прикажа добри игри, и има постигнато 2 гола. Но на последните натпревари на Италијанската репрезентација (кога играше Тони), Тони беше слаб и токму поради слабите игри го изгуби Репрезентативниот статус (иако важи за еден од најомилените играчи на Марчело Липи). Липи изјави дека 70% е составен тимот кој ќе отпатува во Јужна Африка. Буфон, Киелини, Канаваро, Легро, Каморанези, и Јакинта се сигурни патници на СП, а најверојатно ќе бидат и Кандрева и Маркизио.
Значи тука некаде се со нашиов Амаури. Ако е така, ни на него не му се пишува добро во репрезентацијата.

Инаку, што е ова со потенцијалниве 8 играчи во репрезентацијата? Ова колку што е добро, толку е и лошо. Ако Италија постигне успех, ќе бидеме величени и ќе стигаат пофалби од сите страни. Ама што правиме ако Италија разочара, а костурот на репрезентацијата бил составен од играчи на Јувентус? Мислам дека Липи си игра со оган со оглед на формата на нашите играчи.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Италија ова првенство подобро да го гледа од малите екрани...бледа сенка на шампионите,дааалеку е светлосни години од шампионскиот тим пред 3-4 години
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Сепак мислам дека греши Липи што ги форсира нашите сепак не се во топ форма барем за сега а пола состав е Јувентус.Да се падне Бразил исто ко да игра против Јуве наместо италија.Затоа да комбинира играчи.Пацини,Пирло,Џилардињо,Де роси и др
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Значи тука некаде се со нашиов Амаури. Ако е така, ни на него не му се пишува добро во репрезентацијата.

Инаку, што е ова со потенцијалниве 8 играчи во репрезентацијата? Ова колку што е добро, толку е и лошо. Ако Италија постигне успех, ќе бидеме величени и ќе стигаат пофалби од сите страни. Ама што правиме ако Италија разочара, а костурот на репрезентацијата бил составен од играчи на Јувентус? Мислам дека Липи си игра со оган со оглед на формата на нашите играчи.
Па со оглед на формата и на Тони и на Амаури во последниве месеци ниту еден од двајцата не заслужува да игра за Репрезентацијата. Засега сигурни во нападот на Италија се Јакинта и Џилардињо.

А за големиот број Репрезентативци на Италија во редовите на Јувентус, во случај на неуспех на Репрезентацијата, Јуве нема да биде ништо крив, туку Липи. Липи денеска изјави дека ќе му биде чест да ја предводи Репрезентацијата на Италија и на СП во Бразил во 2014 година, така да се надевам дека Липи ќе даде се од себе да има успешно СП во Јужна Африка. Липи беше критикуван поради изоставањето на Антонио Касано во Репрезентацијата, но по последните случувања и расправијата на Касано со Дел Нери, Италијанската јавност престана да врши притисок врз Липи за Касано, а Липи испадна дека сепак бил во право кога изјави дека тимот му е поважен од поединците. Се шпекулираше дека Липи имал мала расправија со Претседателот на ФИГЦ, Абете токму поради тоа што Липи се меша во Јувентус, но и двајцата го негираа тоа.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
абе гледам Липи да не доаѓа на тренинг на јуве од што толку се меша он ни цветаат резултатите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom