Да имавме крила добри (а не Касерес и Де Чељи кои се во основа дефанзивци),мислам дека би имале далеку поефикасен напад (да речеме Каморанези/Џио и Хамшик). Но што е,тука е.Можеби Касерес и Де Чељи ќе се снајдат на тие позиции,иако лично преферирам Џио лево крило и Касерес десно ...
Џио лево крило малку потешко можи како лев крилен напаѓач а инаку никако.
_______________________
УФФФФ ПАК СТЕ ПОЧНАЛЕ СО ФАРСОПОЛИ
факт е дека Јувентус кога беше исфрлен во Сериа Б го имаше еден од најјаките ростери во светот...зошто баш тогаш би местел,нема логика
1. Колку шо знам доказите беа крајно нејасни муабети фатени од телеком италија. Муабети кои можат да се протолкуваат во било каков контекст. И баш имав читано извештаи на таа тема.
Накратко ова е муабетот. „.. . да да, значи треба Бугати, не не Масерати, ок нема проблем. ... “. Ова според мене се чаршиски муабети кои како шо кажав можи во кој сакате контекст да ги толкувате.
2. Заклучокот беше дека целта на ваквите разговори не беше да му се попушта на Јуве туку да се наместат фиксни резултати и да се пуштаат мечови на слаби екипи. За да можи да се прат пари преку кладилници. Значи на тој состав не му требаше попуштање. Не вадете од баби жаби.
3. (оффтопик) - Какви се законите за приватност во Италија? Како смееле воопшто да прислушкуваат. - Не велам дека ова оправдува доколку има докази но сепак ме заинтересира. Во УСА на пример колку шо знам ти треба здрава причина за да добие полицијата налог да прислушкува.
4. Берлускони (некој го спомна дека бил премиер) - мала напомена во тој момент премиер беше Романо Проди кој подоцна си поднесе оставка ако добро памтам. бтв Берлускони веќе некое време има кренато раце од вложвање во Милан.
5. Телеком Италија - мислам дека е во ептен тесна врска со Шинтер. Ова отвора можности за снифање.
6. Џираудо мислам дека беше осуден за неправилности во трансфери. Мала напомена за активности од сличен тип беа казнети и Чичко Гној (Галијани) и Голум (Морати) и цели редици луѓе покрај нив со „ситни“ казни под 100.000Е.
7. Ако некој мисли дека Шинтер бил невин се лажи. Бујрум на википедија со години стои дека за време на истрагата е забележано дека некој судија бил вмешан во местенки на страната на Шинтер но во случајов се работело за поситен :pusk:прекршок.
... тралала тралала ... имаме овде да раскажваме уште колку сакате натаму.
Морати е чист исто колку Моџи. Само во случајов испаѓа помоќен што значи дека појќе мати вода тој.
Мал додаток - Денес читав статија демек Финалето во ЛШ од лани (Барса-Манчестер) било попопуларно од СуперБовл во УСА(За оние кои незнаат најјакиот спортски настан во сад и ги шие сите други настани). Накратко Овие два клуба имаат најголема маса на навивачи таму. Ај погодете шо се случва кога АИГ ќе замеша прсти и ќе сака гооолеми профити од неговата спонзоруша?
Деца фудбалот е бизнис а овие шо ги наредивме се бизнисмени. Отсекогаш се фиксале резултати ама во последно време па ептен.
Гледајте си го мечот и не си ја чукајте многу глата.
Кој носи најголем профит и кој плаќа најдебело тој победва. Во моментов очигледно Шинтер.