Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Друже, мислиш дека само Ферара е крив? :) Не може он играчите сега да ги научи како да играат фудбал, да шутираат топка и слични такви работи, тоа се учи на 7-8 години :smir:
Па нели читаш дека не го обвинувам само Ферара туку и управата.А и кој спомна дека Ферара треба да ги учи играчите да шутираат топка.:smir:Треба целосна смена како во тренерскиот состав така и управата.Треба да дојде нова управа која ќе внесе нова атмосфера целосно во клубот бидејќи и на организационен план е без компас,владее анархија,тие двајцата треба да си заминат.Играчите треба да си останат,плус уште на некои младицни да им се даде шансата.Треба некој кој што ќе ја врати самодовербата во играчите,ќе им го крене моралот,моментално тие се во психолошки транс.Некој кој што ќе внесе нова филозофија во играта и нема да ја испушти контролата врз играчите.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Sky јавува дека челнициве се мислеле дали да продолжат со "проектот*" и да ангажираат тренер кој ќе работи до лето (Трапатони, Ѕоф, Виали) или да одат со друго долгорочно решение - Хидинк или Бенитез.

*иначе "проектот" гласи дека после светското се враќа Липи.

:tv:​
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Аман бе !! Што навивачи сте??
Време било да го трампаме Буфон , лејјјјјјјјјјјј. Најдобриот голман да го трампам за играч, зошто? бидејки тој бил по млад. А башка и Буфон има подобро искуство и е најдобар во светот, и брани за ЈУВЕНТУС!!! Рибери што е? ах брее...

Со договори и пари ке си тераме играчи не со трампи, од страна сте многу смешни ке ви/ни се смејат ако зборуваме вака.

Инаку Бенитез си е Бенитез, ако дојди пресреќен ке бидам, башка можи да се кажи дека повеќе ќе помогне од Гус во ваква ситуација, барем мое мислење.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ако забележа Буфон е бесен и ПОСАКАЛ да го напушти клубот,јас не би сакал да се повтори случајот Пандев или Ледесма !!! на клубот допрва му се тешките моменти-на лето очекувам ГОЛЕМА реконструкција и конечно излегување од оваа КАША ! имаме доста стари играчи,не можат да го издржат темпото и повредите а имаме и заситени од клубот и лигата воопшто,значи нема да биди лесно но мило ми е што луѓе како Бетега се враќаат во клубот така да има некаква надеж...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

1. Буфон - не би го трампал за никој (ниту за цела Барса на пример) бидејќи ми е омилениот играч во Јуве. Ама како шо гледам од сите вести испаѓа дека него му дошло преку глава. Буквално го разбирам чоекот. Лани викаше по управата да има засилвања. Еве ги и шо прајме ? ништо. Нема шо да се коментира натаму, во право е.

2. Гуската vs. Бенитез. Не ми се верва дека ќе го бранам Гуската.
Бенитез по мое мислење е тренер кој знај да постави тактика и да се надмудрува со противникот. Нешто шо го прај компетентен за Италија. Арно ама она шо му недостига наЈуве во моментов не е игра во цврсти мечој туку константност. Бенитез е one match ман. Влегва го тепа противникот и толку :D. Па да не бидам нескромен ама еве веќе трета сезона имаме можи преку 70% успех во ваквите мечој. Проблемот на Бенитез и на Јуве во моментов е константност. Незнајш од кој ќе изгубиш дали од Сиена или Хул сити. Гуската од друга страна во секој меч влегва и вади 3 поени. Жалам за љубителите на Рафа ама ептен мислам дека тој не ни треба.

Гледајте го видеото со Трап шо го цитирав пред некој пост. Ептен ни треба некој онаков шо ќе ги строи играчите.

Никако реконструкција. Со години наназад менваме многу играчи во тимот и потребно е да напрајме стабилен тим па макар и да играме со Григера и Молинаро. Ни треба УИГРАНОСТ а не рандом состави
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Момци треба време, не може никој преку ноќ да не извади од кризава и од ситуацијата.
Првата сезона кога се вративме од Б играа од инат и од желба да се докажат, втората за ЛШ - прва сезона им беше после неколку години, еве ја третава сезона ја почнаа под притисок кој сами си го наметнаа дека ќе бидат шампиони, па гледате што се случува. Почнаа да ги губат шансите за Скудетото и моралот им падна на нула. Повредите не сакам да ги коментирам, тие куртоните што работат како тренери или медицински стаф мора да добијат шут под итно.
Смената на Ферара е една од реформите, треба уште многу работи да се сменат почнувајќи од тренингот, режим на исхрана и сл.

-Не очекувајте чуда одма со новиот тренер. До некаде жал ми е за Ферара што не успеа да изигра добра сезона, огромен фактор за тоа е што нема можност да сврзе 2-3 утакмици со истиот состав, цело време некој се повредува.

40 и кусур повреди до полусезона...:zid:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
1. Буфон - не би го трампал за никој (ниту за цела Барса на пример) бидејќи ми е омилениот играч во Јуве. Ама како шо гледам од сите вести испаѓа дека него му дошло преку глава. Буквално го разбирам чоекот. Лани викаше по управата да има засилвања. Еве ги и шо прајме ? ништо. Нема шо да се коментира натаму, во право е.

2. Гуската vs. Бенитез. Не ми се верва дека ќе го бранам Гуската.
Бенитез по мое мислење е тренер кој знај да постави тактика и да се надмудрува со противникот. Нешто шо го прај компетентен за Италија. Арно ама она шо му недостига наЈуве во моментов не е игра во цврсти мечој туку константност. Бенитез е one match ман. Влегва го тепа противникот и толку :D. Па да не бидам нескромен ама еве веќе трета сезона имаме можи преку 70% успех во ваквите мечој. Проблемот на Бенитез и на Јуве во моментов е константност. Незнајш од кој ќе изгубиш дали од Сиена или Хул сити. Гуската од друга страна во секој меч влегва и вади 3 поени. Жалам за љубителите на Рафа ама ептен мислам дека тој не ни треба.

Гледајте го видеото со Трап шо го цитирав пред некој пост. Ептен ни треба некој онаков шо ќе ги строи играчите.

Никако реконструкција. Со години наназад менваме многу играчи во тимот и потребно е да напрајме стабилен тим па макар и да играме со Григера и Молинаро. Ни треба УИГРАНОСТ а не рандом состави
Бенитез-никако !
Дел Пиеро,Каморанези,Мело,Гросо,Канаваро,Амаури,Легро кажи кој задоволи годинава или БИ задоволил допрва ?! Алекс си го сработи фудбалскиот век,Каморанези исто така,другите-немам коментар,едноставно НЕПОТРЕБНИ ! за да ги пополниш сиве места треба добро да се одврзи ќесето-мислам !
во врска со “строење“-поминаа тие времиња :) да постоиш милионерчиња малце потешко денес...треба да се донесат фудбалери желни за овој дрес што би сакале да се докажат допрва(Џио,Кандрева и сл)
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
На последните 9 натпревари 7 порази и 2 победи .. тоа за еден клуб како Јуве е жално ... Ферара требаше да лета многу одамна ама изгледа многу му веруваат и тимот се повеќе тоне ..
 
Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Бенитез јас многу не го сакам и ценам како тренер,сега има освоено куп на УЕФА и Лига на шампиони ипак има постигнато успех не му го оспорувам тоа.Според мене не е константен тренер, на секоја утакмица само пишува во тоа тефтерчето,тој во својата глава си има некои концепти за играта ротации и експериментира со играчи и така што досега не му донесе ниту една титула во Премиер лигата.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.687
Поени од реакции
3.645
Италијанските медиуми велат дека Чиро Ферара ке биде отпуштен во Четврток навечер, веднаш после натпреварот со Интер без разлика на резултатот од тој меч. Тројца тренери се во фокусот на управата, односно Марчело Липи, Гус Хидинк и Рафа Бенитез.

Во истиов овој медиум се наведува дека Рафа ако ја прифати понудата на Јуве би можел да седне на клупата веке во петок и да го води утринскиот тренинг.

Искрено, не верувам на ова затоа што пред неколку саати неговиот агент изјави дека Рафа ке го остане во Ливерпул до крајот на сезоната, а на лето ке може да разговара за промена на клубот.
Како и да е, чекавме толку време - ке почекаме уште некој ден до смената на Ферара. За новиот тренер сеуште ништо не се знае.
 
Член од
1 април 2009
Мислења
660
Поени од реакции
571
Управата реши да му ја покачи платата на Хидник за +1.5 милиони, т.е од 3.5 на 5 милиони. Па ќе видиме што ќе излезе од ова
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Италијанските медиуми велат дека Чиро Ферара ке биде отпуштен во Четврток навечер, веднаш после натпреварот со Интер без разлика на резултатот од тој меч. Тројца тренери се во фокусот на управата, односно Марчело Липи, Гус Хидинк и Рафа Бенитез.
Липи неколку пати изјави дека Селекторската позиција во Италијанската репрезентација му е последна работа како тренер/селектор, но сепак сеуште постојат шанси да се премисли.

Според медиумите, сумата од 3.5 милиони евра како плата на Хидинк не била единствената причина поради тоа што Хидинк ја одбил првата понуда од Јувентус. Се наведува дека голема улога вршел и фактот што сеуште е големо влијанието на Марчело Липи во тимот, а тренер од калибарот на Хидинк не дозволува друг да му се меша во неговата работа. Ако дојде еден од двајцата посочени тренери (Хидинк или Бенитез) во тој случај веќе дефинитивно нема никакви шанси Липи да се врати во Јувентус како тренер.

А доколку се ангажира привремен тренер (Ѕоф, Вијали итн), во тој случај повеќе од сигурно е дека после СП во Јуве се враќа Марчело Липи на тренерското столче.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Ако не дојде тренер со реноме (Бенитез , Хидинк) сега кога сеуште има шанси да се дојде до феноменалното 4то место , вгодина повторно ќе го гледаме Јувентус во лига европа од септември ...

Исто така голема благодарност до Липи и овците кои ги стрижи во управата на Јувентус за тоа што од великан успеаа да направат просечен клуб ... секако на Липи тоа му оди прилог , ама другиве некако со прстот в уста останаа ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom