Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Исфрустриран? 70 годишен човек нема од што да е исфрустриран ... може само мирно да си ја чека смртта и да ужива во своите успеси ...
Ако го смета за успех тим како Јувентус да го смести во Сериа Б, и да ужива во успесите зад решетки,тогаш Моџи нема простор за фрустрација.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Липи ако не се лажам сигерираше и Раниери да биде поставен на чело на Јуве по отказот за Дешамп кој според мене е прва грешка на оваа управа, со францизинот на чело ке беа далеку поконкурентни, од една страна покажа за што е способен со Монако кога играа феноменален фудбал и стигнаа до финалето на ЛШ елиминирајќи го претходно Реал Мадрид, а од друга французин е, ке врбуваше француски играчи во Јуве а знаеме истите како поминувале таму. :toe:
Дешамп сам си замина , му беше даден избор да биде марионета како Раниери и Ферара или да си замине... совесен човек знаеш што одбира

Ако го смета за успех тим како Јувентус да го смести во Сериа Б, и да ужива во успесите зад решетки,тогаш Моџи нема простор за фрустрација.
Па најуспешен човек во историјата на Јувентус е (мислам во историјата на раководни луѓе)..

Иначе не го гледам зад решетки баш е слободен човекот. Ако случајно го видиш ти известиме , ќе го пуштиме Скофилд да го извади ... :wink:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Па најуспешен човек во историјата на Јувентус е (мислам во историјата на раководни луѓе)..

Иначе не го гледам зад решетки баш е слободен човекот. Ако случајно го видиш ти известиме , ќе го пуштиме Скофилд да го извади ... :wink:
Најуспешен човек во Историјата на Јуве е Џањи Ањели. Моџи можеби ќе беше втор или трет, ако не го стореше она што го стори.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Најуспешен човек во Историјата на Јуве е Џањи Ањели. Моџи можеби ќе беше втор или трет, ако не го стореше она што го стори.
грешка си ...

Блан е прв , Секо втор , Ањели е тек седми , а Моџи 11ти ...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
Доста беше карање.
Закопајте ги завојуваните секири и палете луле на мирот, а јас одам да пијам кафе и да учам за испит:smir:.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Леле ве читам и незнам да плачам или да се смеам до душа не знам ни од шо да почнам да коментирам се нешто ќе пропуштам.

1. Бетега. ЈАсно е дека бизнисмениве шо го водат клубот малку слабо им оди со фудбалот па им треба некој фудбалер со малку памет да ги просветли да знат кај терат.
2. Моџи и неговите дрвца од трансфери -
- Легро - овај беше некакво си чудо на млади години пример ко Барзаљи пред некоја година или како Раночиа. Е сега шо е за право уште е добар само шо го фаќа блекаут на моменти
- Молинаро - ко ќе видиш некое дете на улица шо трчкара како усаин болт нема да го земиш за крило. е сега колку ќе го изделкаш да порасни во шампион зависи од многу фактори
- Григера - типов е златен играч за резерва. Одговара за вртење во формации плус за без пари за мерак
- Многу деца имаат поминато низ јуве кои биле голема надеж ама еве си вадат плата сега по рома по лацио по џенова кој како успеал.Јуве вложва кога ќе види надежна свежа крв барем така беше порано па 1 од 10 ќе блесни. Чиста статистика.
- Е сега во црни деној мораме да се потпираме на играчите шо ги набројав како првотимци.

3. Предлогот на Липи за да го земиме Раниери - ова беше генијално- сериозен сум. Дешамп замина и сега кој би успеал да крени клуб од никаква ситуација и ќе напрај здрава основа? Раниери успеа да напрај чуда со Челзи и со Валенсија дури и типот знаеше како да постави здрава формација и да игра тешки мечој. Ок во моменти на лудост му недостигаше малку среќа да стигни до крај.
Според мене Раниери беше најдоброто решение во тој момент за таа состојба.

4. Одлуката да останат Моли, Тиаго, Поулсен - едно е дека никој нејќеше да си одат. Друго е дека Тиаго и Поулсен покажаја ептен добар напредок во летото а Моли лани беше надежен + си игравме со нови формации и требаше да имаме различни играчи за да запалат во нив. Тиаго си потврди оти е глуп, Поулсен испадна дека е просечен па дури и ептен здрава резерва. Сега не можиме да имаме топ играч за резерва сега кога уште бараме прв тим шо се вика зборот ама да имаме ваква резерва според мене е супер.

Ситуацијата не е сјајна ама има некои работи кои побрзо треба да се земат во предвид пред да плукаме. Зато постои период на адаптирање. СЕга проблемот е шо имаме и грешки во овај период и од брзоплетост заебваме работа.

Едно време Каморанези кажа - на Јуве ќе му требаат 6-7 години за да биди компетитивен - за жал, изгледа беше во право.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Чиро Имобиле, можно е да замине на позајмица во Емполи. линк
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Џон Елкан треба што побргу да си ги прибере двете пријателчиња во ФИАТ и таму да им дава да експериментираат со бизнисот во кои сигурно ќе бидат поуспешни одошто сега и да назначи некои фудбалски познавачи кои заедно со Бетега ќе го водат клубот.
 

aLbanesoo

Juventus le migliori
Член од
4 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
1
Mora Hidink da go zememe, se gledA deka ne odi so Ciro F. ne znam zasto tolku mnogu odolgovlekuvaat ovie od Juventus FORZA BIANCONERO
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.578
Уште едно име (покрај Хидинк и Ѕоф) се поврзува со тренерската клупа на Јувентус. Марко Ван Бастен. линк

Ла Републик, го поврзува името на Флавио Бриаторе со Јувентус. линк
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Исто и на Скај има емисија Calciomercato, и таму спомнаа за можноста да дојде Ван Бастен
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Се поверојатно е дека место Ферара ќе дојде некој од сличен калибар со наводно поголемо искуство , како на пример Ван Бастен ...

Хидинк наводно бара околу 8 милиони годишно , сума шо никогаш нема да му се даде , така да преостанува да се донесе тренер кој ќе прифати плата од милион , два максимум
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
Кориере Дело Спорт пишува дека вчера Гус Хидинк имал ручек во ресторан во Торино, кој бил често посетуван од фудбалерите на Јувентус. Се споменува и дека најверојатно имал состанок со водечките луге на Јувентус и дека договорот е многу блиску.

Се споменува и дека Јуве ке го донесе Ибраими Афелај, но најверојатно тоа би било на лето. Трансферот би бил направен по барање на Хидинк.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Абе Хидинк беше во Торино уште пред 2 недели , али на крај испадна дека Кенија бил :)

а за договорот дај боже да е блиску , мада скептик сум бидејќи Хидинк нема да прифати плата помала од 6-7 милиони ... а само за напомена дека во Јувентус најплатен играч е Буфон со 5 милиони годишно. Во времето кога Јувентус цветаше финансиски и ги имаше најскапите спонзорски договори на светот максимална плата беше 6 милиони (Дел Пјеро , Буфон , Виера).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom