Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.663
- Поени од реакции
- 5.348
Токму така. Јуве го започна првенството со 4-1-2-1-2 (дијамант) формација и имаше успех. Мело беше класичен деструктивец, а Тиаго и Каморанези помагаа во креативноста на средината.A за Чиро, стварно незнам кој му е филмот, 100 формации смени, па први 5 кола имаа скор 4 1 0, и тоа тој нерешен го имаа на гости против незгодната Џенова каде изиграа топ меч, претходно и Рома и Лацио паднаа на гостински терен, незнам што го тераше тој стартен систем да го менува кога имаа и резултати и игра.
Буфон
Григера--Канаваро--Киелини--Гросо
Мело
Каморанези----Тиаго
Диего
Амаури--Јакинта
Григера--Канаваро--Киелини--Гросо
Мело
Каморанези----Тиаго
Диего
Амаури--Јакинта
Потоа против Лацио се повреди Диего, и на наредниот натпревар Чиро ја стави 4-3-1-2 формацијата. Па потоа следуваше 4-2-3-1 која формација исто така донесе добри резултати (Аталанта, Сампдорија). Но по 2 нерешени, Чиро реши да ја врати 4-3-1-2 формацијата, и по поразите од Баерн, Катанија, Бари итн. Чиро почна да ја игра 4-4-1-1 формацијата (последниот натпревар против Парма), кој донесе победа (по главна заслуга на брилијантниот настап во одбраната на Киелини), но играта не беше ништо подобра од претходните натпревари.
Чиро е директен виновник за слабата игра и на Мело (ова го укажаа и Дунга, Прандели, Корвињо итн) што го игра на неприродна позиција, бидејќи Мело е класичен деструктивец, а во 4-3-1-2 имаше задача да биде организатор на средината, а како што изјави и самиот Мело дека Чиро му дава задачи кои никогаш не ги правел. Со самото тоа, Диего наместо неговото движење да биде околу шеснаесетникот, Диего мора да се враќа до центарот за да земе топка.