Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
од гоал.ком

Guus Hiddink Spotted In Italy, Speculation Grows Around Juventus Move

имаше и на тутоспорт нели некој подоле постираше?

ајде ајде не се губи надеж
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Во 4-3-1-2 формацијата, онаа што ја употребува Чиро, Мело и Сисоко имаат изиграно само 2-3 натпревари заедно на терен. Сисоко долго време отсуствуваше поради повреди, а Мело играше во средината и имаше поофанзивни задачи од класичен ДМФ. Во 4-4-2(diamond) формацијата, идеален за деструктивец е Мело, и токму во таа формација мислам дека ќе биде најкорисен заедно со 4-2-3-1. Против Сампдорија, Јуве играше 4-2-3-1 формација, и Сисоко и Мело изиграа маестрално, исто како и на натпреварот против Аталанта, и на тој натпревар Фелипе Мело играше подефанзивно, и евидентна е разликата. Diamond формација Јуве играше и против Рома, и на тој натпревар Мело беше еден од најдобрите на теренот, што е доволен показател дека слабите игри на Мело последните натпревари е резултат само на погрешната позиција и погрешните задачи што ги добива од Чиро Ферара.

Со оглед на тоа што Сисоко е на Африканскиот Куп,најдобрата формација на средниот ред на Јуве мислам дека најдобра би била во ваков состав:

Мело
Каморанези----Маркизио
Диего​

Каде Мело ќе игра како класичен деструктивец, а Маркизио и Каморанези ќе бидат задолжени да ја организираат средината и да доставуваат употребливи топки до Диего и нападот на Јуве.
Моја грешка, во името на Момо мислев друг ДМФ, Поулсен на пример.

Кога играле заедно Поулсен и Мело во 4-3-1-2 формација, Мело се губеше. И во таа и во 4-1-2-1-2 формација не може да играат двајца ДМФ. Против Сампдорија игравме со 4-2-3-1 формација, е во таква поставеност на играчите Мело и Сисоко/Поулсен/Маркисио можат и те како да успеат. Во дајмонд или 3-1-2 тешко е да се усогласат двајца дефанзивно настроени средишњаци како Мело, Момо и Поулсен. Затоа најдобро би било да се земе играч од калибарот на Ледесма или Дагостино, кој заедно со Мело и Маркисио (во одсуство на Момо и Камо) ќе направи добар баланс на средината.

Друга работа, не го кривам јас Мело за неговото лошо играње во формацијава, лошо ме разбираш. :) Чиро е виновникот што не знае рационално да ги искористи квалитетите на Мело. Да дојде Гус, друга ќе е песната, ќе ги голтаат зборовите медиумите...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Врти сучи Момо и Мело скоро и да не можат да играат во ист тим. И двајцата имаат проблеми со подавање исклучиво само 4231 формација им одговара во која од друга страна отпаѓа маркизио и еден куп напаѓачи (со оглед во каква форма играат и не е некоја трагедија дека би имале само еден напаѓач, поголема трагедија е шо нема замена за камора во таа формација - јаго ако го вратиме можеби - ама ај седнете го Алекс да ве видам - плус диего практикува двајца брзи напаѓачи пред него).

Од друга страна зборавме за Диего како десно крило. Има играно мислам во Вердер на таа позиција и беше топ ама сепак то би било само во екстремни ситуации сепак е АМЦ.

Мислам Кико го спомна Камора за во дијамантот - Мислам дека е повреден на подолго време.

Тиаго/Поулсен/Маркизио би биле добра опција за 4312 во таа тројката со еден балл винер на средина. Се ок ама Тиаго е како пијан на 70посто од мечојте Поулсен повеќе оди накај бол винер(арен е за резерва на момо и мело ако играме со 4231) единствено Маркизио можи да дели топки од нив.

И уште една идеја . Ја имав напишано пред некое време кога ја гледав Барса. Пазете формацијата шо ја извадија

-------
HENRY
INIESTA-----------MESI
KEITA ---- XAVI
BUSKE/TURE
ODBRANA SO 4ca
GK

ОВа во јуве би било
TREZEGUET
GIOVINCO----------DIEGO
MARKISIO----KAMORA
MELO/MOMO

Мал проблем тука е Диего бидејќи не е негова позиција. Ама сепак назад имаме луѓе за добивање на топки и за дистрибуција. Како сакате вртете ни треба средина со 5мина ако сакаме доминација на средина и проток на топки.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
А шо ако ги смениш Диего и Каморанези, Диего МЦ, и нормално со по офанзивни задачи и (или) playmaker, а Каморанези да си десно крило, ко шо си до дал господ?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
А шо ако ги смениш Диего и Каморанези, Диего МЦ, и нормално со по офанзивни задачи и (или) playmaker, а Каморанези да си десно крило, ко шо си до дал господ?
Можи и така дури и подобро би било. Битно е дека имаме четворица кои знаат да работат со топката на средина и еден зад нив да ги поправа.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
Ама сепак требит и клоци да мавниме на многу играчи....вишок се тиаго, пулсен, зебина, молинаро, а ако ме прашаш само мене би ги шутнал и григера и гросо па и јакинта и амаури....
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Агентов на Хидинк пак демантира контакт со Јуве.

Ова станува шпанска серија веќе, досадно е...

Molinaro веќе се договорил со Атлетико и претседателот на Атлетико изјавува дека ќе биде официјално утре или задутре, нека го потпишат за стално па ќе им дадеме и попуст за Тиаго. :)
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
нека го потпишат за стално па ќе им дадеме и попуст за Тиаго. :)[/quote]
Хахахаха, така е, а иначе мислам дека е само шпекулација ова со Хидинк, се ми се матит дека на лето Липи ќе се вратит.... дај боже.
 
С

сашенко

Гостин
Агентов на Хидинк пак демантира контакт со Јуве.

Ова станува шпанска серија веќе, досадно е...

Исто вака беше и со Рафиња на крајот на летниот трансфер период ако се сеќавате.Тогаш ја прејдоа границата гоал.ком мислам дека пишуваше за неколку часа и официјален ке биде трансферот и пак ништо не испадна работа.Сега можеме да очекуваме на интернет слики од хидник во италија(монтажи) и уште што не ама сепак тешко оваа работа да се реализира.Се изна4итав деноиве и се радував многу ама сепак тешко работава.Исто така и со Рафиња имаше и од tutosport i do tuttojuve се сеќавам и пак ништо не се реализираше од тоа.Сепак само на една страна можам да и верувам кога станува збор за новости околку Јувентус а тоа е www.juventus.com
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.331
Поени од реакции
6.012
Кога играле заедно Поулсен и Мело во 4-3-1-2 формација, Мело се губеше. И во таа и во 4-1-2-1-2 формација не може да играат двајца ДМФ. Против Сампдорија игравме со 4-2-3-1 формација, е во таква поставеност на играчите Мело и Сисоко/Поулсен/Маркисио можат и те како да успеат. Во дајмонд или 3-1-2 тешко е да се усогласат двајца дефанзивно настроени средишњаци како Мело, Момо и Поулсен.
Во diamond се сложувам дека двајца деструктивци не би можеле да се снајдат. Но, кога можеа Емерсон и Виеира да играат во еден тим, тогаш мислам дека нема да има никаков проблем и Мело и Сисоко да играат истовремено.

А за 3-1-2 мислам дека оваа формација би донела добро организирана средина.

Мело--Маркизио--Сисоко

Диего

Мело и Сисоко во ваков случај би имале задача да ги спречуваат нападите на противниците и да помагаат на одбраната, да сечат топки и одма да го проигруваат Маркизио кој би ја презел улогата на организатор на средината, функција која во моментов Чиро му ја дава на Мело.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
Абе другари, со вакви бекови од типот на григера,зебина,гросо и молинаро, мислам дека е огромен ризик да се играт формација со 3-ца на средина односно без крила....то беше најголемиот неуспех досега, барем спрема мене
 
За нова година на Чиро требаше да му пратиме марам4е да си ги забрише нао4арите малку и да прогледа коне4но.Со оваа средина се согласувам целосно..а тоа што 4иро не успеа да го свати ова целово ова време додека управата му даваше шанси зборува за тоа колку само не го бува за тренер.

Абе другари, со вакви бекови од типот на григера,зебина,гросо и молинаро, мислам дека е огромен ризик да се играт формација со 3-ца на средина односно без крила....то беше најголемиот неуспех досега, барем спрема мене

Да ама мислам дека зимава зимаме дефанзивец и ако е паметен 4иро или еве да ре4еме да дојде хидник само со едно засилување во одбраната може да се сменат доста работите.Келини е звер , касерес се прилагодува и остануваат само канаваро и гросо а мислам дека моментално е по потребно да се замени канаваро зашто гросо знае да одигра добро и ке се крпиме некако по десната страна ама за централен дефанзивец мислам декка вреди да се потроши буџетов зимава.А бидејки Молинаро еве заминува шансите за купување игра4 во јануари и те како се големи.Каков старт на новата година-без молинаро...одли4на шанса за по4еток на нова упешна година

И да не ја исклу4име можноста да позајмиме некого што би било супер, одли4но ке ни дојде...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Види види Вијали почнал писател да се прај
http://www.amazon.com/Italian-Job-Journey-Footballing-Cultures/dp/0553817876

Книгава треба да е некаква си споредба на италијанскиот и англискиот фудбал.
Прочитав дека има високи оцени па јас ќе си ја клам во ТуДу. Ако некој го заинтересира и ја прочита бујрум нека напиши некоја критика ;)
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Во diamond се сложувам дека двајца деструктивци не би можеле да се снајдат. Но, кога можеа Емерсон и Виеира да играат во еден тим, тогаш мислам дека нема да има никаков проблем и Мело и Сисоко да играат истовремено.

А за 3-1-2 мислам дека оваа формација би донела добро организирана средина.

Мело--Маркизио--Сисоко

Диего

Мело и Сисоко во ваков случај би имале задача да ги спречуваат нападите на противниците и да помагаат на одбраната, да сечат топки и одма да го проигруваат Маркизио кој би ја презел улогата на организатор на средината, функција која во моментов Чиро му ја дава на Мело.
Eмерсон и Виера играа во формација 4-4-2, класична. Ни 4-3-1-2 ни 4-1-2-1-2. Тогаш ситуацијата беше поинкава, имавме две проверени крила (Павел и Камо). Плус тоа, јас не викам дека Момо и Мело не можат да играат во еден состав, велам само дека треба правилно да се постават на теренот. Во даемонд нема шанси да успеат овие двајца заедно, а оваа што ти ја пиша, би било добро да се види уште следното коло.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Eмерсон и Виера играа во формација 4-4-2, класична. Ни 4-3-1-2 ни 4-1-2-1-2. Тогаш ситуацијата беше поинкава, имавме две проверени крила (Павел и Камо). Плус тоа, јас не викам дека Момо и Мело не можат да играат во еден состав, велам само дека треба правилно да се постават на теренот. Во даемонд нема шанси да успеат овие двајца заедно, а оваа што ти ја пиша, би било добро да се види уште следното коло.
Следното па и едно 2-3 кола нема да може да видиме следното коло пошто Сисоко е во Мали, ќе треба да почекаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom