Така да уште еден ГОЛЕМ кикс од "управата". Млад играч кој може да си отиде за мала сума,а во Јуве може да прерасне во еден многу добар дефанзивец и предводник на одбраната со Киелини.
Но "управата" не и е прв пат да го направи тоа,многу млади играчи испуштивме така.
Воопшто не е кикс од Управата. Ариаудо сеуште е млад и неискусен да добие минутажа што му е моментално потребна за да стекне искуство и да се наметне за првотимскиот статус.Ако останеше до крајот на сезоната, Ариаудо како и првата полусезона ќе преседеше на клупа што не е добро за неговиот потенцијал. Скоро секој договор за позајмица се потпишува со одредена сума за која клубот во кој што е позајмен да може да го откупи договорот, или во ко-сопствеништво. Ариаудо во Каљари ќе ја добие потребната минутажа за да стекне искуство, и ако го искористи неговиот очигледен потенцијал, сигурно ќе се врати во Јуве (бидејќи најверојатно повеќе ќе сака да игра во Јуве отколку во Каљари).
A Tuttosport во денешниот број веќе ги објави желбите на Гус Хидинк: Дренте, Иванович и Афелај.
А според Шпанскиот весник АС, се најавува дека после успешните преговори меѓу Јуве и Атлетико за Молинаро, во наредните неколку часа ќе почнат преговорите меѓу Јуве и Атлетико Мадрид за Тиаго, и исто така се најавува дека големи се шансите Тиаго да се пресели во Атлетико Мадрид.
линк