Но, мое мислење е дека не треба цела вина да се префрли само на Фелипе Мело, ниту на кој било играч поединечно. Мислам дека и навивачите претераа што го исвиркуваа толку силно, зошто факт е дека не беше само тој што играше слабо на терен, така да не треба само тој да биде исвиркан. Прво требаше да го исвиркаат Тиаго поради неговиот непотребен пенал и слабата игра, треба да го исвиркаат Амаури кој во 4 натпревари има само еден шут на голот, треба да го исвиркаат Легротаље кој прави безброј грешки во текот на еден натпревар, треба да го исвиркаат Каморанези кој воопшто не покажува никаква желба за надигрување, а најмногу треба да го исвиркаат Ферара, кој е најголемиот виновник поради слабата игра на Јувентус, затоа што го чува Џовинко на клупа, за погрешниот распоред на играчи на теренот, за тотално непромислените замени на терен итн.