Шенгенскиот ѕид е срушен - честито Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Европскиот шенгенски простор со петстотини милиони жители и територија од 4,3 милиони километри кавдратни од ноќеска на полноќ станува достапен за патување за македонските граѓани без визи.


Со одлуката што ја донесе Советот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ на крајот на ноември, граѓаните на Македонија се ослободуваат од вадење визи за краткорочен престој до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година.


Без визи ќе може да патуваат само лицата кои поседуваат биометриски патни исправи. За граѓаните со стари патни исправи ќе важат условите за олеснет визен режим односно ќе треба да приложат важечка шенген виза.


Визната либерализација на Македонците ќе им овозможи да патуваат во 25 земји-членки на ЕУ со исклучок на Велика Британија и Ирска, и во уште три европски земји Норвешка, Швајцарија и Исланд.
За влез во овие земји ќе се применува стандардната процедура за патници од трети земји при што граничниот службеник може да побара образложение за патувањето, местото на престојот и можноста да бидат покриени финансиските трошоци за патувањето. За оние лица кои не се во можност да го финансираат својот престој ќе биде побарано да приложат гарантно писмо од лицето кај кое ќе престојуваат.


Укинувањето на визите се однесува и на Грција каде за влез граѓаните ќе треба да приложат лист на кој ќе се ставаат влезно/излезните печати. Листовите ќе може да се подигнат во Канцеларијата за врски во Скопје и во Грчкиот конзулат во Битола, како и на граничните премини. Овие листови граѓаните ќе треба да ги чуваат во текот на престојот во Грција и во другите земји од шенген зоната, но и една година по последното патување во Грција. Покрај биометрискиот пасош и листот на кој ќе се ставаат печатите, на граничните премини на македонските државјани може да им побараат документи со кои ќе ја оправдаат целта на својата посета и условите под кои ќе патуваат во Грција. Задолжително за сите патници е здравственото осигурување, а тие ќе треба да имаат и документи со кои ќе докажат дека се вработени, студенти или пензионери, како и по 50 евра за секој планиран ден престој во Грција.


Визи нема да бидат потребни ниту за патување во Бугарија и Романија кои се уште не ги исполниле условите за влез во шенген-системот, но ги применуваат неговите правила. Македонските државјани од утре ќе можат без визи да влегуваат во Бугарија, но само ако поседуваат биометрски пасоши. Оние со стари патни исправи и натаму ќе мора да вадат визи. Државјаните на Македонија ќе можат да престојуваат во Бугарија најмногу до 90 дена во тек на шест месеци. За подолг престој е неопходна соодветна долгорочна виза.


Делегацијата на Европската комисија во Скопје пред стартот на безвизниот режим со цел за информирање на јавноста за условите на неговата примена подготви и дистрибуира лифлет со сите неопходни информации, кој е поставен и на нејзината веб-страница. Меѓу препораките на македонските граѓани им се сугерира да внимаваат при изборот на туристичката агенција со која ќе патуваат, да си обезбедат патничко и здравствено осигурување, а во случај на патување со сопствено возило да поседуваат меѓународна возачка дозвола и зелен картон за возилото. Од Мисијата потсетуваат дека сепак за подолг престој, студурање или работа во земјите од ЕУ ќе бидат потребни визи.
 
Е па ај нека ни е со среќа.:helou:Сега можеме на раат да шетаме.:salut:
Секако ако имаме пари
 
Честито. Еве гледам Канал 5 прееска славеа на граница, па пред тоа не едуцираа како тоа функционира светот, за да знаеме како да се однесуваме ако случајно се дрзнеме да отидеме, нели. Среќен е народов, се гледа. За жал уште не почнале да слават со автомати и противтенковски гранати, ама кај и да е... Ебати комплексите народни ебати (ова за Канал 5 едукацијата де, инаку целиов настан си е океј горе долу).
 
Ја стварно не сфаќам шо има толку радосно да можеш да ја напуштиш државава само ако имаш 70-100 евра у ќеш од ден, да ти треба гарантно писмо, причина и доказ зашто ја посетуваш државата.
Осигурување, да си пријавен или студент..
:nesvest:
Уште да почнат да ни бараат: „Вашата мајка мора да има Црна коса, со точно 15 бели влакна, а вие да носите доказ за тоа. Исто така, на граница може да ви побараат примерок од столица и урина заедно со извештај дали сте внесувале дрога последниве 30 години“
Претерано е, стварно.


Ама пошо глеам дека се радувате, Честитки до сите македонци.
 
за арно нека е за убаво нека е!
честито на сите!
 
Се е тоа твоја претпоставка,нема да дознаеш дали е така стварно,додека не отидеш,факт.

За Магде се однесуваше постот.
 
Се моли последниот човек што ќе ја напушти Македонија да изгаси светло :)
 
Ја стварно не сфаќам шо има толку радосно да можеш да ја напуштиш државава само ако имаш 70-100 евра у ќеш од ден, да ти треба гарантно писмо, причина и доказ зашто ја посетуваш државата.
Осигурување, да си пријавен или студент..
:nesvest:
Уште да почнат да ни бараат: „Вашата мајка мора да има Црна коса, со точно 15 бели влакна, а вие да носите доказ за тоа. Исто така, на граница може да ви побараат примерок од столица и урина заедно со извештај дали сте внесувале дрога последниве 30 години“
Претерано е, стварно.


Ама пошо глеам дека се радувате, Честитки до сите македонци.

Па за да патуваш и шеташ ти требаат пари. Нормално, ќе си носиш, во спротивно ќе бидеш на терет на странската држава, или ќе спиеш по паркови, или ќе работиш на црно, или ќе крадиш.
 
Ајде за арно за убаво нека е :)
честито Македонци:helou:
 
Честито Македончина. Само за убаво да е...
 
..Ај со среќа! За убаво нека ние па сегде да си шетаме:)) frEE:baeh::helou:
 
Нека ни е Честито!Голем ден е ова за Р.Македонија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom