Меланхолија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.250
Не се убива некој само поради тагата, зашто тагата е таа што го смирува организмот, што ја намалува хиперактвноста и сл.
Тажните луѓе повеќе спијат, мируваат, не сакаат да прават многу активности итн.
Има многу други фактори што придонесуваат за самоубиство.
Tвојата книга vs. мое животно искуство.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Аха, сеа пробувате да дефинирате лична, повторувам лична, перцепција, сензации и ефекти на одредена емоција.
Nice. Good luck with that.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Може Меги сака да каже дека меланхолијата е добра бидејќи сепак има чувства тука, солзи, тага, но океј е, значи сепак живи сме. Но депресијата е нешто страшно, јас може ги измешав тие две, таа е потиснатост на емоциите, и што би рекле во една песна - плач без суза тешко боли. Ама и тоа ко да е искуство.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
. Луѓето се согласиле на одреден јазик, за полесна комуникација, а терминот “лошо расположение“ го означиле како нешто кое во глава ни отсликува солзи и смрштена фаца. Тоа се вика лошо расположение и постои.
V- Читај
Не ја третирам како лошо расположение.
Ја обожавам.
Поентата е дека ако сакаш, може да направиш среќата да ти биде нешто лошо.
„Јас не заслужувам да сум среќна, Лошите луѓе се среќни„ итн.
И со ваков став, ќе ти биде лошо зашо си среќен.

И те сфаќам јас што сакаш да кажеш, ама тагата не е лоша туку е непријатна, непосакувана и сл.

Tвојата книга vs. мое животно искуство.
Не прај генерализација врз база на еден субјект.
Тагата е добра за телото ва најголем број на случаеви.
Може некој да се самоубие за време на хиперактивна среќа, ама не генерализраме.
Сепак, секоја емоција секој ја дивува индивидуално.

Може Меги сака да каже дека меланхолијата е добра бидејќи сепак има чувства тука, солзи, тага, но океј е, значи сепак живи сме.
Маги сака да каже дека ако не е тагата кога сме во голем шок-може да умреме.
Срцето ти лупа 500 на саат, со тагата се се смирува.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.250
Не прај генерализација врз база на еден субјект.
Тагата е добра за телото ва најголем број на случаеви.
Tи генерализираше. Како делувало врз секој тагата.
Е сега е добра за телово во најголем број на случаеви е друго и сосема различно изразено.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Инспиративно расположение океј?
А тоа е секако добро. Моја перцепција, моја дефиниција, добра или лоша ама баш сеедно.
Јас сакам меланхолични моменти и денови. Нит сум лута на светот, нит сум збунета, нит некој ме нервира. Пасивна сум, да. Ама физички. Но затоа тогаш креативноста и инспирацијата ми работат многу поинтензивно.
Супер состојба ми е.
Тело пасивно, ум хиперактивен.
Јас спокојна.
Производот од интензивираната креативност, швркнат.
Сакам да сум сама со себе во меланхолични денови. Доза кофеин и никотин. Листови хартија, пенкала, четки, бои, слики, колажи, вуница, списанија, ножички и лепак.
Толку.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не ја третирам како лошо расположение.
Ја обожавам.
Зошто? Зошто ме одмара од Себеси.
Креирам, пишувам, работам концентрирано само во оваа состојба. Не е тоа страшно, потребно е дури, за мене.
Е сега, јас зборувам за креативни процеси со неа.
Инаку, да, онаа страшна меланхолија, што те утепува, смалува, не те пушта да излезеш надвор, сум ја почувствувала само кога сум била болна, разочарана од нешто.

Така да си имам две верзии.:helou:
V- Читај

Поентата е дека ако сакаш, може да направиш среќата да ти биде нешто лошо.
„Јас не заслужувам да сум среќна, Лошите луѓе се среќни„ итн.
И со ваков став, ќе ти биде лошо зашо си среќен.

И те сфаќам јас што сакаш да кажеш, ама тагата не е лоша туку е непријатна, непосакувана и сл.
Мег, читаш болдираното?

И ти викам, трипаш чоече. :) секое лошо е и непријатно, секое непријатно е и лошо. Ако ти удрам шипка у глава тоа за тебе е лошо бидејќи те боли ама ти е и непријатно. А ако сакаш пак на хинду да се вратиме, тогаш не постои ништо лошо на светот, бидејќи откако ќе заздравиш, телото ќе ти биде ојачано, психички ќе бидеш посилна и среќа неизбежно ќе тропне на твојот праг. Ама у моментот те боли глаата и тоа е ебано лошо, не е секси добро, ебано лошо и анално непријатно е.

И каква ви е та распавија со wot, ја стварно не знам какви срања ве учат по факултетиве, ама очигледно не ве доучуваат. Можеби од медицински аспект, она што ние го опишуваме како тага е склоп на некои хормонски реакции кои не му дозволуваат на срцето да експлодира. Ама да кажеш дека тагата е добра... :nenene: Ко шо рече вот, од тага се умира, па ти види колку е добра. Плус ја знам бајаги примери кај шо од тага луѓе умреле или биле пред смрт, а види чудо ниеден шо рокнал пошто не се намрштил коа видел како некого го гази кола. :toe: Две животни искуства против твојата книга... :nesum:
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Абе ние со Виќи не се мирисаме тука, ама мора да речам дека се шо вели е вистина.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
И каква ви е та распавија со wot, ја стварно не знам какви срања ве учат по факултетиве, ама очигледно не ве доучуваат. Можеби од медицински аспект, она што ние го опишуваме како тага е склоп на некои хормонски реакции кои не му дозволуваат на срцето да експлодира. Ама да кажеш дека тагата е добра... :nenene: Ко шо рече вот, од тага се умира, па ти види колку е добра. Плус ја знам бајаги примери кај шо од тага луѓе умреле или биле пред смрт, а види чудо ниеден шо рокнал пошто не се намрштил коа видел како некого го гази кола. :toe: Две животни искуства против твојата книга... :nesum:
Не ми е јасно зашо се праиш дека не сфаќаш, ама ај.
Нема лошо и добро, има пријатни и непријатни.
Тоа е хедонистичкиот тон на емоциите.

Ај определи какво е чудењто или изненадувањето?
Не е добро, не е лошо.
Хедонистички не е определено.

Не велам дека тагата поради губење на некој е добра во смисла-еј супер шо некој умре, туку во смисла- го ублажува шокот и делува добро за нашиот организам. *по не знам кој пат*

Уствари... Шо ве тркалам.
Требаше откако го прочитав „Не знам шо срања ве учат по факултетиве..“ да не реплицирам, ама ај.
 
T

theTinule

Гостин
Сите ја гледате негативната страна на меланхолијата.
Меланхолиците освен што се депресивни, тажни, имаат лошо расположение, сакаат да бидат сами, тие мора да признаеме се неверојатни креативци. Луѓе перфекционисти во поглед на своите дела и работа. Се затвораат во себе и размислуваат за најразлични работи. Затоа и се големи реалисти. Депресијата е поттикната од тоа кај повеќето меланхолици, но мораме да признаеме дека имаат право, на некој начин. Тоа што го чувствуваат е реално, нешто од тоа. Поттикнати од таа депресија, ствараат неверојатни уметнички дела.
Јас како музичар можам да го посочам Сергеј Рахманинов, неверојатен композитор. Сите, буквално, сите негови дела се мрачни. Несомнено е дека тој бил меланхолик. Типичен меланхолик. Ако некој сака може да акне еден search на youtube.com за (еве најпознато дело) musical moment. Ја замислувам депресијата додека слушам.
Без меланхолиците, светов немаше да биде толку богат и убав како што е. Потребни се и таквите. Меланхолијата е и убава особина. Не е само лошо расположение, туку и поттик на креативност.
По нормала, воопшто не сум меланхолична, но како и сите други, сум имала и такви периоди на желба за самотија и креативност. Тоа е нормално.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Мег, читаш болдираното?

И ти викам, трипаш чоече. :) секое лошо е и непријатно, секое непријатно е и лошо. Ако ти удрам шипка у глава тоа за тебе е лошо бидејќи те боли ама ти е и непријатно. А ако сакаш пак на хинду да се вратиме, тогаш не постои ништо лошо на светот, бидејќи откако ќе заздравиш, телото ќе ти биде ојачано, психички ќе бидеш посилна и среќа неизбежно ќе тропне на твојот праг. Ама у моментот те боли глаата и тоа е ебано лошо, не е секси добро, ебано лошо и анално непријатно е.

И каква ви е та распавија со wot, ја стварно не знам какви срања ве учат по факултетиве, ама очигледно не ве доучуваат. Можеби од медицински аспект, она што ние го опишуваме како тага е склоп на некои хормонски реакции кои не му дозволуваат на срцето да експлодира. Ама да кажеш дека тагата е добра... :nenene: Ко шо рече вот, од тага се умира, па ти види колку е добра. Плус ја знам бајаги примери кај шо од тага луѓе умреле или биле пред смрт, а види чудо ниеден шо рокнал пошто не се намрштил коа видел како некого го гази кола. :toe: Две животни искуства против твојата книга... :nesum:
Онака, чисто од мерак ти го пастирам текстов од главната страна на Кајгана и ти викам едно големо
I told you so! ѓѓ:

Депресијата сигурно не е пријатна, но американските научници тврдат дека е корисна и еволутивно оправдана.



Според еволутивниот психијатар Енди Томпсон (од Универзитетот Вириџинија) и Пол Ендрус (од Универзитетот Комонвелт во Вирџинија), депресијата е поврзана со “фиксирање на своите мани и проблеми, со што се зголемува негативното расположение“, односно со руминација (преџвакување) на истите негативни мисли и впечатоци. Руминацијата ги намалува умствените способности и ја слабее меморијата, па затоа научниците претходно сметале дека депресијата ги ограничува умствените капацитети.

Но, од друга страна, руминацијата има позитивна страна, а основните симптоми на депресијата како што е неспособноста да се доживее задоволство, губитокот на интерес за храна, секс и комуникација може да бидат и конструктивни, тврдат Томпсон и Ендрус во обемното образложување на својата теорија објавено во списанието Psychological Review.

Својата теорија ја базираат на фактот дека размислувањето за едно исто го активира делот од мозокот одговорен за интензивна концентрација што е директно пропорционално со депресијата, односно колку е депресијата посилна, толку е тој дел од мозокот поактивен.

Ова пак резултира со развој на аналитичкото размислување кое му помага на човекот полесно да го преживее животниот удар како што е смртта на блиска личност или отпуштањето од работа, со тоа што проблемот го “дели“ на мали делчиња за кои постапно наоѓа решение.

Оттаму, спротивно на Дарвиновите убедувања, депресијата е корисна и во однос на човековата еволуција затоа што не' учи како да се справуваме со животните потешкотии и да реагираме на нивните “репризи“ што не би било случај без когнитивната руминација.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ууу! Напред Кајгана! Афторитет во психологијата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom