Глигоров не го сакаше оружјето на ЈНА

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во текстот на Нова Македонија каде се зборува за обвинението кое го покрена Хрватска против бившиот генерал во ЈНА, меѓу другото се отвори нова контроверзија за Глигоров, особено по припишувањето на заслугите дека тој ја спасил Македонија од војна, но изгледа 19 години подоцна дознаваме дека не ни имало “потреба“ да спасува било што туку одел против нашите интереси и директно влијаел за ослабнување на македонскиот воен капацитет:

За Ружиновски постојат доста контроверзии поврзани со настаните непосредно пред прогласувањето на независноста на 8 септември 1991 година. Високи функционери од владата на Никола Кљусев го обвинувале него дека планирал да ги апси. Генералот во тој период сметал дека Македонија треба малку да почека со прогласувањето независност, за да се создадат подобри услови за тоа, за што напишал и текст во тогашна „Нова Македонија“.

- Јас останав во ГШ на ЈНА по барање на Глигоров, бидејќи на него му требаше човек таму за комуникација со Аџиќ. Јас сум тој што го убедуваше Аџиќ да се сретне со Глигоров, по што дојде и до познатиот договор Глигоров - Аџиќ за повлекување на ЈНА од Македонија. На ЈНА не и требаше оружјето што беше во Македонија, бидејќи веќе имаше доволно. Од друга страна, пренесувањето на тоа оружје на друга локација подразбираше изградба на нови капацитети за да се смести.

Аџиќ му го понуди на Глигоров оружјето на ЈНА што беше на македонска територија, но Глигоров рече дека не сака македонска војска.

Оружјето од Македонија беше пренесено во Србија и во најголема мера уништено - се сеќава Ружиновски.

По овој договор, ЈНА од Македонија однесе опрема од неколку милијарди долари, односно 350 борбени возила (тенкови, оклопни транспортери и борбени возила на пешадијата), 400 артилериски орудија (топови и хаубици), 35 борбени и школски авиони, пет хеликоптери, 410 различни противавионски орудија, 284 ракетни системи за противвоздушна опрема и 1.692 ракети. Понатаму ги демонтира радарите од Битола, Фурка кај Валандово и Голак кај Делчево, однесе 109.000 парчиња различно пешадиско оружје (пушки, пушкомитралези, митралези, пиштоли, разни фрлачи, минофрлачи и друго), три моторни патролни чамци, 160 инженериски машини (ровокопачи, дозери и сл.), 637 минополагачи и миноистражувачи, 113.000 кг експлозив, околу 450.000 различни противпешадиски мини, 4.200 средства за врски (радиоуреди, телефонски централи, возила за врски и друго), 223.000 средства за АБХО (заштитни маски, дозиметри, прибори за деконтаминација), 160.000 парчиња интендантски средства (пералници, шатори, одела, прибори за јадење), 1.800 различни неборбени возила, 1.424 патнички, интендантски и други моторни возила, 310.000 парчиња конзервиран оброк, резервите на нафтени деривати, прехранбени артикли, лекови, муниција, експлозивни и други убиствени средства и дел од добитокот од фармите во Петровец и Криволак.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12129101254&id=9&prilog=0&setIzdanie=21860
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Само што ја прочитав веста во „Нова Македонија“. Интересно.
Би било убаво истите овие новинари да отидат и до Киро Глигоров сега , па да го запрашаат екс ни претседателот од партијата на „спасителите“ , што мислел со зборовите „не сакам Македонска армија“ и зошто било „решението“ за одбивање на толкава количина бесплатно оружје ?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не знаел за бизнисот со старо железо и колку можи да се профитира ако се погоре наброено завршеше за старо железо. Иако намената му беше далеку покорисна.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Реков веќе еднаш и сеуште стојам зад тоа дека тоа што се пушти толкаво вооружување да замине е катастрофална грешка. Колосална. Врв на дебилност,сервилност и кукавичлук. Нема никакво оправдание, па не знам во име на мирот или останати безвезални формулации.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Ова ми изгледа како Американско масло, т.е. Киро сигурно бил на страната на Америка - дали бил принуден или "одбрал" да биде така....
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Што и да е причината , македонската јавност треба да знае. Не чини да криеш работи од споствениот народ. Секако доколку се смета Македонец, г-динот Киро Глигоров !? А вистината секогаш излегува на виделина, на еден или друг начин!
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Ова ми изгледа како Американско масло, т.е. Киро сигурно бил на страната на Америка - дали бил принуден или "одбрал" да биде така....
Америка тешко дека го помагала Милошевиќ на овој начин давајќи му оружје.

Оваква одлука, баш напротив, не е во интерес на Америка.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Но затоа има первезна логика.......гледано од тогашен аспект.

Имено тогаш беше падот на Вуковар, во Хрватска се исцртаа некои нови граници, само што почнуваше војната во Босна...

...доле....овде кај нас..македонска војска немаше, единствени беа редовните и мобилизираните резервни единици на МВР....имаше и некое конспиративно раздвижување помеѓу несрпскиот офицерски кадар во јна на наша територија....
...врхушката седеше на две столици, им одговараше секое решение со кое и понатаму би останале на власт,
најверојатно направија погрешна пресметка, мислеа дека ако ја преќутно (за јавно не смееја ни да помислат) подржат тогаш сеуште ЈНА дека таа ќе успее да ја сочува каква таква смалена југославија.....

...но се заебаа....:toe:


.. и не отиде се надвор........остана и овде доста......само на некој повеќе му одговараше да шири пропаганда дека сме голи и боси...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Америка тешко дека го помагала милошевиќ на овој начин давајќи му оружје.Оваква одлука баш напротив не е во интерес на Америка.
Голем дел од оружјето било уништено, а Македонецот со оружје во погрешни раце.....не му оди во прилог на никого.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Но затоа има первезна логика.......гледано од тогашен аспект.

Имено тогаш беше падот на Вуковар, во Хрватска се исцртаа некои нови граници, само што почнуваше војната во Босна...

...доле....овде кај нас..македонска војска немаше, единствени беа редовните и мобилизираните резервни единици на МВР....имаше и некое конспиративно раздвижување помеѓу несрпскиот офицерски кадар во јна на наша територија....
...врхушката седеше на две столици, им одговараше секое решение со кое и понатаму би останале на власт,
најверојатно направија погрешна пресметка, мислеа дека ако ја преќутно (за јавно не смееја ни да помислат) подржат тогаш сеуште ЈНА дека таа ќе успее да ја сочува каква таква смалена југославија.....

...но се заебаа....:toe:
Тука да има логика,ама ако земеш во предвид дека Србија беше заглавена веќе во 2 војни тешко дека ке можеа да преземат нешто ако ние пружевме отпор.Да не ме сфатиш погрешно јас и ден денес сум на мнение дека место да се искасапиме како стока попаметно ке беше да си продолжиме во некоја конфедерација и денес Атина,како и тогаш кога Армија(да со голема буква) како ЈНА и дишеше под нос,ке си седеше мадро и ќе се циганчеа и лигавеа секојпат кога ке видат динари.Со други зборови сите републики ке беа далеку од каде што се денес.


.. и не отиде се надвор........остана и овде доста......само на некој повеќе му одговараше да шири пропаганда дека сме голи и боси...
Само делумно едвај ќе се согласам.Точно остана нешто од ТО ама ни од далеку она што треба а кога и ќе се спореди она што излезе уф....Јас се сеќавам дека во тоа време граница се чуваше со една рамка муниција по војник,а батаљоните беа со по една кампањола која место утринско војската ја буткаше да запали.

Голем дел од оружјето било уништено, а Македонецот со оружје во погрешни раце.....не му оди во прилог на никого.
Аха уништено мало морген....
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Напокон вистината.

Па се исмеваа на идејата за македонска војска, валута итн...
Нели пратија генерации регрути, за кого, за Милошевич ?
Тие служеа исклучиво на него, во замена за вечно владеење во Македонија.
Веруваа во сонот на Милошевич.
Денеска веруваат во сонот на Грција.

Тие не сакаа ништо македонско.
Тие не сакаа прво да ја слушнат македонската химна.
Денеска се тие државотворни.

Деформација на вистината, носи деформација на опшеството и еве каде сме, што сме сееле тоа жнееме.

За сопственото име преговараме.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Србија увек била уз Македонија, истиот став бил и спрема Црна Гора и Српска Босна. Православац на Православац никад не удара и не смее да удара :smir:




( бугари не ги рачунаме )
 
S

smart ass

Гостин
Имајќи предвид дека Југославија се граничеше со НАТО членка...Гејлада-македонија беше многу важна,и исто така меѓу ракетните системи беше повлечен и СА3(оној кој го кутна стелтот)...

Нејсе....НИЕ СМЕ ВИНОВНИ...многумина викаат лелее србите ќе почнеле да пукаат врз нас за оружјето....ма тоа нема логика бее..јок,они си имаа доволно,а и беа во војна...

Штета ја оставија нашата држава зависна од донации...ај германците(БТР-хермелинот) турците и САД потпомогнаа...денес сме таман...ама...

ФАТАЛНА ГРЕШКА Е...па луѓе граѓаните на тогашна СРмакедонија ПЛАЌАЛЕ за тоа оружје-значи припаѓа на МКД...ама ај...лигушка работа...ЈНА..можеше да се повлече со возови,автобуси...не се да соберат..
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Србија увек била уз Македонија, истиот став бил и спрема Црна Гора и Српска Босна. Православац на Православац никад не удара и не смее да удара :smir:




( бугари не ги рачунаме )
Не смее да удира ама да брца нож во грб смее нели? :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom