Милојко
Идем Куме Кући
- Член од
- 17 ноември 2008
- Мислења
- 3.072
- Поени од реакции
- 554
САД конечно одлучија, лидерот на СПС и министерот на полиција Ивица Дачиќ да го симнат од црната листа и да му издадат виза за вегување во нивната земја. Според весникот "Прес", тој и официјално е повикан да кон крјаот на јануари идната година да го посети Вашингтон, каде треба да разговара тамошните официјални лица задолжени за национална безбедност. Сепак, една од најважните теми ќе биде најавеното отворање на руска хуманитарна база на југот на Србија, кажал за весникот добро информиран дипломатски извор, кој додал дека не е случајно што Дачиќ е повикан да ги посети Соединетите Американски Држави. "Американците јасно и гласно од министерот Ивица Дачиќ ќе ги бараат сите детали од договорот со рускиот министер Сергеј Шојгу за изградба на база за вонредни ситуации на југот на Србија, кој е потпишан за време на посетата на рускиот претседател Медведев на Србија. Американските официјални лица веќе бараа објаснување, дали таа база со руски авиони и пилоти, ќе има само хуманитарен карактер, изразувајќи притоа сомневање во "добрата намера" на руските и српските власти. Овие прашања, досега на Дачиќ му ги поставиле и некои други западни дипломати, но се чини дека министерот на полицијата на најтешките прашање ќе мора да одговара пред американските колеги. Тие не веруваат дека рускиот авиони ќе носат само вода за гаснење пожари во регионот"-навел соговорникот на весникот.
Русија Србија не треба нам Европска Унија

Русија Србија не треба нам Европска Унија