На Мис на светот ја испративме ланската мисица

  • Креатор на темата Креатор на темата DIJAMANTE
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Во сабота - МИС НА СВЕТОТ 2009 - на Сител во 20.20
Скандал со македонската мисица, сме ја испратиле ланската
24632.gif

Без никакво известување до јавноста, Сузана уште пред еден месец отпатувала во Јужна Африка на подготовки на најпрестижниот избор на убавина
E7407480A56937498869BABADF0E3B4E.jpg
Ланската мис на Македонија Сузана Ал Салкини тајно е пратена на изборот за Мис на светот, и ќе се бори за најпрестижната светска титула за убавина на 12-ти декември во Јоханесбург, Јужна Африка. Лидија Велковска од агенцијата "Мис М", сопственичка на домашната лиценца за Мис на светот, без никакво известување до јавноста, тајно ја испрати познатата манекнка во Јужна Африка уште пред еден месец.
Додека балканските и светските интернет портали објавуваат детали за Мис на светот, домашната јавност не е упатена која е најубавата Македонка за 2009 година.
На официјалниот сајт на Мис на светот, под името Македонија ФИРО е претставена нашата кандидатка со изменет имиџ на русокоса. Сузана лани, интерно од Лидија Велковска беше избрана за Мис на Македонија, но поради немање финансии, не отпатува на светскиот избор. Оваа година, Велковска сакала да и ја исполни ланската желба, па и надоместува со тоа што ја испратила во Јужна Африка. Како што дознавме, авионскиот билет за Јоханесбург го платил бизнисмен од Австралија. И оваа година, како и претходните осум наназад, Велковска не успејала да обезбеди повеќе спонзори.
Дознаваме дека Велковска и Салкини целата работа ја држеле во тајност поради текстовите кои лани ги објави "Вест", и се исплашиле од нов медиумски скандал. Минатата година, Велковска ни раскажа дека Мис на Македонија е државно прашање, и побара финансиска помош од Владата. Ексвицепремиерот Ивица Боцевски лани за "Вест" изјави дека Велковска од Владата побарала спонзорство од за организирање на Мис, но тој ја упатил во Агенцијата за млади и спорт, и ја советувал да се обрати во приватниот сектор. Откако не доби пари од Владата, Велковска не ја прати Ал Салкини на светскиот избор за Мис.
Сузана Ал Салкини (25) е една од најангажираните наши манекенки, популарна поради своите природни облини. Според потеклото на татко и е Арапка, студира туризам, а на официјалната страница на Мис на светот вели дека сонува да отвори свој спа центар. Според прогнозите на светските обложувалници, од 112 девојки, Сузана е на 52-рото место со шанси за победа. Од поранешна Југославија, највисоко котира Мис на Хрватска, студентката по економија Ивана Васиљ. Русокосата Хрватка минатата недела беше меѓу првите пет, а сега е на 15-тото место.
Сузана Ал Салкини не одговараше на нашите телфонски повици и смс пораки во кои ја прашавме како си поминува во Јоханесбург и каков пласман очекува.
 
Ако не чкрипи нешто кај нас, кај кого? - :tv:
 
Ах таа Лидија Велковска од коа и ја дадоа таа лиценца хаос праи секад
 
Оваа година, Велковска сакала да и ја исполни ланската желба,
А да ми исполни мене некоја желба :)
Сака да организира МИС на Македонија а нема пари, што МИС ќе биде тоа кога не може ни гардероба да си купи а камолипа да оди на на МИС на светот?:uvo:
 
Само во Македонијава го има ова,скандали во речиси секоја област.Незнам како го дозволиле ова.Баш да видам кое место ке заврши.
 
Во сабота - МИС НА СВЕТОТ 2009 - на Сител во 20.20
Скандал со македонската мисица, сме ја испратиле ланската
24632.gif

Без никакво известување до јавноста, Сузана уште пред еден месец отпатувала во Јужна Африка на подготовки на најпрестижниот избор на убавина
E7407480A56937498869BABADF0E3B4E.jpg
Ланската мис на Македонија Сузана Ал Салкини тајно е пратена на изборот за Мис на светот, и ќе се бори за најпрестижната светска титула за убавина на 12-ти декември во Јоханесбург, Јужна Африка. Лидија Велковска од агенцијата "Мис М", сопственичка на домашната лиценца за Мис на светот, без никакво известување до јавноста, тајно ја испрати познатата манекнка во Јужна Африка уште пред еден месец.
Додека балканските и светските интернет портали објавуваат детали за Мис на светот, домашната јавност не е упатена која е најубавата Македонка за 2009 година.
На официјалниот сајт на Мис на светот, под името Македонија ФИРО е претставена нашата кандидатка со изменет имиџ на русокоса. Сузана лани, интерно од Лидија Велковска беше избрана за Мис на Македонија, но поради немање финансии, не отпатува на светскиот избор. Оваа година, Велковска сакала да и ја исполни ланската желба, па и надоместува со тоа што ја испратила во Јужна Африка. Како што дознавме, авионскиот билет за Јоханесбург го платил бизнисмен од Австралија. И оваа година, како и претходните осум наназад, Велковска не успејала да обезбеди повеќе спонзори.
Дознаваме дека Велковска и Салкини целата работа ја држеле во тајност поради текстовите кои лани ги објави "Вест", и се исплашиле од нов медиумски скандал. Минатата година, Велковска ни раскажа дека Мис на Македонија е државно прашање, и побара финансиска помош од Владата. Ексвицепремиерот Ивица Боцевски лани за "Вест" изјави дека Велковска од Владата побарала спонзорство од за организирање на Мис, но тој ја упатил во Агенцијата за млади и спорт, и ја советувал да се обрати во приватниот сектор. Откако не доби пари од Владата, Велковска не ја прати Ал Салкини на светскиот избор за Мис.
Сузана Ал Салкини (25) е една од најангажираните наши манекенки, популарна поради своите природни облини. Според потеклото на татко и е Арапка, студира туризам, а на официјалната страница на Мис на светот вели дека сонува да отвори свој спа центар. Според прогнозите на светските обложувалници, од 112 девојки, Сузана е на 52-рото место со шанси за победа. Од поранешна Југославија, највисоко котира Мис на Хрватска, студентката по економија Ивана Васиљ. Русокосата Хрватка минатата недела беше меѓу првите пет, а сега е на 15-тото место.
Сузана Ал Салкини не одговараше на нашите телфонски повици и смс пораки во кои ја прашавме како си поминува во Јоханесбург и каков пласман очекува.

daj link da vidam, kaj so gi ima misicite :)
 
Срамота. Срамота! Како смееле да си дозволат да пуштат излижана роба...ова...стара роба! Па на таа рокот и поминал. Ланска убавица ееееј! Се срамиме таму пред цел свет, како да сме ставиле вчерашен леб на излог. Срамота, Македонијо! Место да најдат ново убаво девојче, овие некоја старудија испратиле. Невидено.
 
за убава убава е
ама 2 пати истата да ја глеа светот? шом еднаш нишо не напраила што сеа?
се надеваме на погрди противкандидатки???
 
Мислиш ја запамтиле? :smee::smee:
 
Е ова само на нас може да ни се случи!:pos2:
 
Ви текнува она лани нешто фрки правеше со Грците, дали они ја закачаа или она ги закачаше...Сеа оди на втора рунда.
 
Извинете за оф топиков викеднов имало избор за мис свет?? :pos2::pos2::pos2:
А ако може некое видео од девојкава :vozbud: или други слики искрено немам поим која е воопшто не следам балкански работи :smir:

за да не испадне да навивам за друга девојка или бетер да не ја познаам нашата ахахаха
 
навистина мннооооогу битна работа е ова еејјјјјј .....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom