Старо е ова што го постирам, но сепак прочитајте го, и обврнете внимание на болдираниот текст кој е изјава на сопственикот на легендарната ТВ Морис и продуцентот на Надица и Драганчо - Јован Трпески.
ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ОД УРЕДНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ РАДИЈА И ТЕЛЕВИЗИИ НА ПИСМОТО НА ПАНЏАК
Среда, 11 Февруари 2009 13:10
Сопствениците и уредниците на локалните телевизии и радија жестоко реагираат на писмото испратено од страна на шефот на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид Г-дин Спасе Панџак во кое тој
ја критикува работата на музичките уредници кои според него пуштале кич и турбо фолк музика наместо да пуштаат македонска музика.
- Г-дин Панџак треба да направи преглед и да исклучи некој медиуми од неговите идеи. Има многу кич и македонската е запоставена но, во секој случај повеќе треба државата да поведи сметка за негување на македонската култура и музика. Дека има кич тоа е точно но , тоа не се донесува на нашиот медиум и тој работеше кај нас едно време и сигурно знае како работи Лав Радио бидејќи и Спасе Панџак е наш кадар - вели Иван Пашоски од Лав Радио Охрид и додава дека ова не било првпат со Спасе Панџак да се најдат на различни страни во размислувањата.
- На прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ кога се промовираа новите портпароли Панџак со неубави зборови се обрати кон мене велејќи дека ние сме биле радио ориентирано кон Љубе Бошкоски и сме имале нешто против ВМРО ДПМНЕ. Тој се побуна против радио мостот кој го имаме со македонското радио од Мелбурн, а чија емисија ние ја пренесуваме во живо во Македонија. Но, во емисијата ништо не кажаа против некого туку слушатели од Мелбурн се јавуваа и по телефон и во 90% позитивно ја коментираа кандидатурата на Бошкоски, а ако му беше криво ене знам зошто изреагира така кон нас како медиум, ние сме независни и не ги штитиме ни ВМРО ни СДСМ и никоја партија .
- ТВ Морис во етерот се наметна како негувател и продолжувач на македонската традиција и фолклор единствено преку музиката во сопствена продукција и не се препознаваме во зборовите од јавното писмо на Спасе Панџак. Јавност си е јавност и таа е најголем сведок и филтер на програмите од локалните медиуми и само таа ќе може да го потврди тоа и да ги казни оние кои бегаат од народот македонски, од комитите и македонската традиција – вели Јован Трпески од ТВ Морис.
- Прво Спасе Панџак да се пронајди во новото време, ако не научил како треба да направи и да се престори во ова време и да му се кажи треба дека веќе расни една генерација со која дури и експерти и научници не можат да се справат, а тој се враќа во времето на Бела Маре, а ако е таму вратен таму и да си остане. Затоа што основна работа во животот е да научиш дека ако сакаш да слушаш радио и ТВ постојат две кочина на кој се менуваат фрекфенции со кои слушателите треба да застанат и да уживаат во тоа што им годи. Ако мисли со овие флоскули е голем Македонец кој покажува лојалност кон Македонија згрешил затоа што државата која е апликант за во НАТО у ЕУ треба да научи и чинителот од општеството, Спасе Панџак дека треба да се трансформира во својот ментален склоп и да ги промени ваквите погледи за да добиеме преодна оценка. Сега расни генерација ХОМОСАПИЕНС така да прво нека малу прочешла што значи хомосапиенс многу работи ќе му се јасни – вели Зоран Здравковиќ од МХ Радио.
- Радио Охрид над 5 децении е бастион на се што е квалитетно во музиката. Шундот ниту го имало ниту ќе го има на нашите радио бранови. Тоа добро го знаат сите наши слушатели. Радио Охрид всушност е препознатливо по музиката што ја емитува и премисата ,, За сите генерации добри вибрации,, - вели Милчо Јованоски директор на Радио Охрид.