Искушение

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Колку често се доведувате во вакви ситуации?Колку самите ние ги создаваме или тоа е дел од судбината?Паѓате лесно на искушенија или херојски се борите против нив?Зошто овие духови се толку силни и не не остават да живееме едноставен живот?На крај краева и ние сме духови некому,како да се отргнат од нас?
Ако сакам - се доведувам во вакви ситуации, ако не сакам - успешно успевам. Тоа најчесто е така. Ретко ми се случило без намера да налетам на искушение или како што кажа, да ми се преплети судбината во плановите:)
А како со нив? Зависи какви се, колкави се, каде сум јас и каде се тие. Ако ме спопаднат додека сум зафатена со некој кој не заслужува да му приредам циркус, многу лесно и херојски знам да ги совладам. Ако сум зафатена со некој кој одоколу ме моли да подлегнам на било кое искушение, тоа и ќе го направам. Имам сили да реагирам како што треба во даден момент.

Интересна тема.Ме интересира само едно!Дали девојка која е во врска или пак е мажена, го сака својот маж или дечко, би одбила шанса која би и се укажала со маж токму таков за како што сонувала цел живот(некој глумец, пеач, симпатија од вашиот град и т. н.), а во исто време шансите да ве разбери и дознае вашиот партнер или било кој друг се 0% или едноставно нема ни најмал ризик.Истото прашање важи и за машките.Поголемо искушение здравје!Што мислите???

Ако го сакам? Без размислување ДА. Би го одбила секој лик кој ми е помалку вреден (а во случајов секој би бил таков), без оглед што нема шанси да се разбере ништо. Имам гадна совест која ме загрижува повеќе од обелоденетата вистина.:toe:
 
"Ceux qui contrôlent leur désir, c'est que leur désir est assez faible pour être contrôlé" W. Blake
Ја контролираат својата желба оние кај кои таа е доволно слаба за да биде контролирана. Слободен превод :)
Тоа имам да го кажам на темава
 
"Ceux qui contrôlent leur désir, c'est que leur désir est assez faible pour être contrôlé" W. Blake
Ја контролираат својата желба оние кај кои таа е доволно слаба за да биде контролирана. Слободен превод :)
Тоа имам да го кажам на темава

Можеби е така, но за мене на пример и најсилната желба е послаба од чувството наречено љубов. :toe:
 
не станува збор за желба,имено искушението е друго-и алкохоло,и дрогата се искушение...

Туку во љубовта и сексот искушението е присутно кај сите...но сепак зависи и од карактерот на партнерката/почитта...а и зависи и од општествено религиозните стеги...брак мора и може со една жена и ТОЛКУ:vozbud:

Јас имам принцип да издржувам искушенија ако сум се обврзал на верност-издржувам.....,ама зошто партнерката да неќе...нешто ново..:vozbud:

ако сака јас ќе и најдам женска бисексуалка и тмн:toe:
 
интересни согледувања меѓутоа општо е познато дека понекогаш човекот е појак и од карпа а понекогаш послаб и од јајце. Ситуацијата секогаш го носи своето па затоа пред да се прави било што најдобро е да се почне од онаа добро позната анализа што можеш да добиеш а што да изгубиш.

и да кажам за себе: искушението не го бараме само доаѓа меѓутоа ние сме тие кои потоа му придаваме значење и го третираме... така да како што рече некој погоре различно би реагирал во различна ситуација не неверство NO WAY!
 
Карактерот и јачината на љубовта се неменливи величини?Траат вечно или примаат варијации?:)Со останатото се согласувам.
Муабетот не ми е дали ќе изневериме,туку како ќе живееме со борбата во себе да не подлегнеме на секојдневни предизвици и искушенија?Дали е подобро да си признаеме на себе си и светот дека едноставно не сме кодирани да бидеме перфектни во однос на љубовта и со тоа да ги намалиме очекувањата од нас?

Не потпаѓаме на искушенија намерно или затоа што ние сакаме, едноставно доаѓа момент и се случува. А бидејќи и карактерот и љубовта со тек на време, попримаат поинакви облици, многу лесно може да се најдеме во искушение. Дефинитивно кога сме во врска, искушението е поголемо, поопасно и попривлечно. И не мора да не го сакаш партнерот или да не штима нешто, за да потклекнеш. Напротив, може се да е толку убаво и стабилно во врската, што дури почнува да те нервира и да ти здосадува, зашто нема никакви перипетии. И во тие периоди доволно е само мал поттик од некаде и ете го искушението. Ама тоа па не значи дека намерно го бараме, едноставно доаѓа момент и се случува. Тоа што сме во врска не значи дека сме во карантин и демек нема шанси друг/а да се појави, да го погледнам, да поразговарам... Коага најмалку се надеваш, може да те тресне по глава. Ама што тогаш?
Ништо...се преиспитуваш, пресметуваш, одлучуваш...ќе подлегнеш или не. Се бориш со себе и сваќаш дека што и да одлучиш, секако губиш. Ако подлегнеш, ќе те изеде совеста. Ако не, ќе се прашуваш зошто не подлегна, кога можеби партнерот, во иста таква ситуација би попуштил. И пак ќе бидеш во постојана борба и ќе си признаеш дека мора да живееш со тоа, и да бидеш на штрек нон стоп.
И на крајот испаѓа ко онаa: "Ризик голем, јака воља и мила душа... и да погинеш, колку можеш ќе се спасиш". :toe:
 
Колку често се доведувате во вакви ситуации?Колку самите ние ги создаваме или тоа е дел од судбината?Паѓате лесно на искушенија или херојски се борите против нив?Зошто овие духови се толку силни и не не остават да живееме едноставен живот?На крај краева и ние сме духови некому,како да се отргнат од нас?

Цело време сум во искушение, од благо до блуд. Генерално успешно успевам да го канализирам и да го пренасочам во водите на фантазијата. Она што не му успева да го елиминирам во прва рунда го решавам со стимулација на reward центарот во мозокот, односно за секое искушение над кое сум извојувала победа, си давам награда од друг тип (пр: за откажување од блуд награда благо, за откажување од благо - кондури и сл). Засега добро ми оди :)
 
Уф, колку убав збор е temptation...
Кај мене многу повеќе доминира збор „создавање“. Ме тера напред и сите состојби врзани со било какво искушение ми ги става со ticket интересно и толку!
Втората фаза во животов, откако ќе ги поминеш искушенијата почнуваш да тежнееш кон нешто што ќе остави трага.
Релацијата е: искушение-осознавање-создавање.
 
Искушението не го бараме само доаѓа

Дали навистина е така?
Ние стоиме на страна,а они сами ни доаѓаат,ситуациите се редат,ние како кукли гледаме и трепкаме со очите:))
Или самите го бараме на било каков начин?(говор на тело,размена на информации,појавување на место за кои претходно знаеме што би се случило...)
Убаво ви е или не кога сте во искушение?(искрено само:))

п.с.цитатот не е насочен кон авторот.
 
Никогаш не сум го гледал искушението на начин претставен во темава.
Секогаш сум ги гледал жените како некоја инфериорна сорта, како некои кои служат за ебење и добро поминување и од време на време откога добро ќе ги обучам и муабетење.
Жените со кои сум бил во животот сум ги одбирал бидејќи ми одговарале какви што се и какви ќе ги адаптирам дополнително за целосно да ме задоволат. Се разбира треба да имаат капацитет за одговарање на предизвиците, не можеш од глина саглам дом да изградиш.
Искушение од некоја девојка која не сум ја легнал не можам да имам, бидејќи нема нешто којзнае колку различно од оние со кои сум бил.
Пичките им се слични, различно им се на некои подискривени, ама во принцип слотот е тој, телото им е тоа, некогаш подебело, некогаш постегнато, паметот од друга страна е со различни и прилично значајни отстапувања, така да девојката треба да се гледа од една страна како супституција на дркањето кога ти се ебе и добар пријател ако има доволно акал па да те разбира во останатото време додека не ја дупиш.
Глеј погоди си некоја која ќе може со памет барем за основни работи да ти парира и на коњ си.
Од толку глупи жени да најдеш убава и паметна.. треба да си се восхитуваш на себе си.
 
Искушенијата се вид на тест на издржливост и цврстина на карактер од една страна и до некаде и тест за издржливост на љубовта и почитта во една врска. Сметам дека секоја врска е подложна на искушенија, но ако таа е доволно цврста и доколку навистина има љубов и почит, нема да има потпаѓање на ниедно искушение, напротив сите тие искушенија колку и да се тешки и да изгледаат неодоливо ќе бидат надминати и нема да се потклекне.
Да бидам најискрена, не сум била до сега во искушение, затоа што премногу сум се губела во врските, 100 посто сум се посветувала, па не сум приметувала или не сум била доведена до степен да имам искушение пред мене, па да му ја мислам дали да оддолеам или не, без разлика на тоа за какво искушение станува збор.
 
Дали навистина е така?

Убаво ви е или не кога сте во искушение?(искрено само:))

п.с.цитатот не е насочен кон авторот.

Citatot e nasocen kon avtorkata!

Vo iskusenie sum! Non stop, leandra, me frlas vo iskusenie, postojano.

Sega na strana, iskusenieto e nacin za dozivuvanje na polnotija na ziveenjetop.
 
Зошто се вели Господе не воведувај ме во искушение, за да не се покажам каков сум и дека сум слаб, религиозните би рекле огревовен, но ако имаме слободна волја зошто би се плашеле да бидеме воведени во искушение ако на истото можеме да му одолееме?Затоа монасите кои се скриле од светот се чесни исто како што и убиец не убива кога е во затвор!
 
Човекот е себично суштество и честопати се доведува до ситуација на искушенија.Тие не демнат насекаде,не доведуваат до ситуација да посакаме се,надвор од нашиот разум и принципи.
Таму зад аголот секогаш има нова поинтересна личност,имаш се,а сепак правиш чекор да се уништиш.Луѓе зрачат со сексуална енергија и те доведуваат до лудило и желба да ги допреш.Тие секојдневно се појавуваат,иако несакаш да ги приметиш,како духови кои само ти можеш да ги видиш.Матни мисли ти го попречуваат здравиот разум,девојката на другарот изгледа секој ден подобро.Водиш љубов а се фаќаш во мислите со личноста која вчера помина покрај тебе.Се мириса на искушение,згодни тела,движења во ритамот на музиката,насмевка преку рамо,допир на дланките.Ех кога се тоа би можел да си го припуштиш,без да изгубиш луѓе кои се со тебе и очекуваат верност до гроба.Кога би можеле да делиме,светот би бил совршен,но ние сме себични и се сакаме само за себе.
Честопати се молиме да ги снема духовите,немирити и желбата за нешто ново,недопрено,полно со свежина.Се молиме тие усни да не ги допреме повторно,се колнеме во светост,во верност,а сепак лежиме до личност која не е нашиот партнер.Но и тоа не е доволно и самите се доведуваме до ситуација на раскрсница.Ни нашиот партнер не е поштеден од искушенија,тие се насекаде околу нас,не влечат во бездна,солзи и разделби.
Колку често се доведувате во вакви ситуации?Колку самите ние ги создаваме или тоа е дел од судбината?Паѓате лесно на искушенија или херојски се борите против нив?Зошто овие духови се толку силни и не не остават да живееме едноставен живот?На крај краева и ние сме духови некому,како да се отргнат од нас?
На ова тема ми текна кога го видов новиот шеф-Is so cute:nesvest:
Си реков-ова е моето искушение:pos2:
Шала на страна-херојски се борам:jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom