Енергетска ефикасност

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би инвестирале во подобрување на енергетската ефикасност во вашите домови ?

  • Да

    Гласови: 9 81,8%
  • Не

    Гласови: 2 18,2%

  • Вкупно гласачи
    11

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Во последно време се повеќе и повеќе се актуелизира оваа тема, секој ден слушаме дека треба ние како енергетски зависна земја да обрнеме внимание на подобрување на енергетската ефикасност, разумно да ја користиме електричната енергија, при што би ја намалиле потрошувачката на енергија и трошоците за истата, да инвестираме во нови извори на обновлива енергија (ветерници, хидро централи, соларни келии и слично) итн итн

Што всушност преставува подобрувањата во енергетската ефикасност?
Подобрувањата во енергетската ефикасност се однесуваат на редукција на енергијата употребена за одредени сервиси (затоплување, осветлување, производство итн.) Редукцијата на потрошувачката на електрична енергија е најчесто поврзана со технолошките промени, но исто така може да биде и резултат на подобреното управување со енергетските ресурси (нетехнички фактори).

Целта на оваа тема ми е што мислите за енергетската ефикасност, ваши искуства, дали би инвестирале во подобруваљето на енергетската ефикасност во вашите домови, дали доколку би граделе ниско енергетски или традиционални градби и слично.
 
Види,многупати кај нас се “меша“ енергетската ефикасност со производството на енергија од лесно обновливи извори,и мислам дека тука е проблемот.
Инвестирањето во енергетската ефикасност,треба да биде проследено од самата држава,преку разни бенифиции и сесрдна помош,со што би се стекнале пристапни услови за сите граѓани кој сега и под вакви услови не се свесни колку енергетската неефикасност го оптоварува нивниот буџет,а со тоа и државниот буџет на долги релации.
Еден од примерите кој би ги зел за “репер“ е тој што властите на оваа земја не ги намалија или укинаа давачките,за изолациони материјали и средства за нивно вградување во објектите.Но тоа не може ни да се помисли во држава каде владата се обидува да протне еден Закон за Градба од 1947-ма,кога никој не размислувал за енергетска ефикасност или за некакво друго осовременување на пристапот за градба.Сега никој нема да помислува да ја направи куќата за живеење по светски стандарди за енегетска ефикасност,кога на врат му висат чудни обврски,и му се заканува експропријација или национализација на личната сопственост,со Милевиот нов Закон за Градба.Или мислиш дека некој ќе сака да направи термоизолациона скапа фасада на објектот кој треба да си го сруши доколку не сака да му биде конфискуван од државата?Верувај дека таков будала нема,или барем не би требало да има во оваа земја на контрадикторности.:toe:
 
ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ е многу битна работа за земји како Македонија, кои се на праг на недостиг на енергија, но од друга страна таа скратува можности за заработка на провизии за увоз на енергија , посебно електрична..:)
Државата треба ВЕДНАШ ( ВЕДНАГА???, ако полесно разбираат ) да симне скоро на нула било какви даноци , за производство, монтажа и купување на материјали и опрема кои ја подигаат енергетската ефикасност....реално е можна заштеда од 20 и кусур % што е еквивалент на една ГООЛЕМА термоцентрала која работи без никакви загадувања на околината...:)
 
"Заокружив" не пошто тоа е доста голема инвестиција во веќе изградена куќа, а во моментов нема шанси за такво нешто. Доколку државата помогне (не како за наводната, нереализирана замена на салонитките на покривите од бараките него сериозна помош) тоа е друга работа. Или доколку качат плати на едно 700-1000 евра, може. Знам дека со тоа ќе заштедам и јас и држава и извори ама...со вакви примања и постојани удари со разни давачки и поскапувања, услови, камати... тешко.
 
Како инженер од поле сродно на ова би можел да кажам дека, енергетската ефиксност може да се прилагоди единствено според финансиската моќ на човекот.
Глупостите за глобално затоплување и исчезнување на нафтата и јагленот како извор на енергија се пласирани во јавноста со друга цел и намена - стварање на глобална светска влада.
Дури и доколку овие ресурси се потрошат, зборувам за јаглен, нафта... тогаш моќниците во светот се спремни во најбрз можен рок да го префрлат светот на "еколошки" енергии, но се е зарафи профит и пари, да се црпат ресурсите се додека ги има... А и да исчезнат, не се од пресудна важност за опстанокот на светотм како на пример воздухот и водата.
 
Tочно,ама сеуште се најважната споредна енергетска работа на светот,кој веќе од утре е спремен да премине на атомска енергија доколку сака.:toe:
 
За влез во ЕУ мислам дека сме обврзани да донесеме закони за енергетска ефикасност, како и класификација на објектите врз основа на енергетска ефикасност.

И енергетската ефикасност не се однесува само на новите градби. Државната МЕПСО и Топлификација требаше пред неколку години да формираат компанија што ќе работи на проекти за болници, училиштата и државни институции, како да ги намалат трошоците за енергија. Но изгледа дека пропадна оваа идеја(или намерно е минирана).

За подобрување на енергетската ефикасност освен изолациони материјали може многу да се постигне и со измени во инсталациите за ладење и греење (кај хотелите особено), замена на прозори кои што не дихтуваат, замена на светилки.... Ваквите инвестиции на полето на енергетска ефикасност се враќаат за неколку години.
 
ne bi rekol deka e namerno "minirana", ednostavno vo MKD stil na vladeenje e samo DA KAZES , nikako i da rabotis za da go REALIZIRAS KAZANATO, normalno pri toa si gi trosis parite kako da e napraveno....!!:)
zatoa vo EU..verojatno, ke vleze samo so pasos i so karta za eden pravec u ruka :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom