slobbo
LoneRyder
- Член од
- 16 ноември 2008
- Мислења
- 1.686
- Поени од реакции
- 583
Во последно време се повеќе и повеќе се актуелизира оваа тема, секој ден слушаме дека треба ние како енергетски зависна земја да обрнеме внимание на подобрување на енергетската ефикасност, разумно да ја користиме електричната енергија, при што би ја намалиле потрошувачката на енергија и трошоците за истата, да инвестираме во нови извори на обновлива енергија (ветерници, хидро централи, соларни келии и слично) итн итн
Што всушност преставува подобрувањата во енергетската ефикасност?
Подобрувањата во енергетската ефикасност се однесуваат на редукција на енергијата употребена за одредени сервиси (затоплување, осветлување, производство итн.) Редукцијата на потрошувачката на електрична енергија е најчесто поврзана со технолошките промени, но исто така може да биде и резултат на подобреното управување со енергетските ресурси (нетехнички фактори).
Целта на оваа тема ми е што мислите за енергетската ефикасност, ваши искуства, дали би инвестирале во подобруваљето на енергетската ефикасност во вашите домови, дали доколку би граделе ниско енергетски или традиционални градби и слично.