Поскапуваат струјата и парното

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Цената на струјата и парното греење дефинитивно се зголемуваат. Регулаторите ги калкулираат процентите.

Оттаму за А1 велат оти очекуваат повисоки цени, но колку, ќе се знае откако ќе финишираат со пресметките.

Компаниите барањата за поскапување ги правдаат со зголемени трошоци и инвестиции, но регулаторите ќе оценат дали и колку се оправдани. Новата цена треба да биде утврдена до средината на месецов, а поскапувањето ќе важи од јануари.

Регулаторите денеска ги повикаа сите правни и физички лица да достават мислење за барањата на компаниите.

За повисока цена на струјата барање доставија сите три енергетски компании - ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО. Првиот човек на Државните електрани, Чингоски, неодамна оцени дека има можност цената на струјата за граѓаните да се зголеми до 15 проценти.

Поскапување се очекува и за парното греење. Цените ќе бидат различни во зависност дали граѓаните се приклучени на мрежата на топланите - Исток, Запад, Центар или Скопје Север.

Последното зголемување на цените на парното греење беше во август годинава, а на струјата лани за 13,5 проценти.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117012
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Samo kolenje , i kolenje i kolenje i kolenje .. WHEN WILL IT END !?!?!?

KRVOPIJCI !!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
шо е работава у пм ...
струјава и парново како да се тркаат кој повеќе ќе поскапи ..
да ти ебам и елем и мепсо и евн и парно и се да ти ебам ...
ненаситност мамето нивно ...
оној Чинговски па кога ќе го видам дебил ејј ..
пред да се раздели ЕВн како пиче некое беше тивок на ТВ кога објаснување како он знаел како требало да се работи, па граѓаните овака онака ... сега неможеш да му пријдеш од шо е напнат ...
рецесии немаштии ... они како им прдне ОП покачување ... :tapp::tapp:
ПС: да им ебам племето нивно
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе се тоа си е оправдано. Нека си поскапат струјата и парното, и телефоните, да дојдеме на рамништето од остатокот од светот.

Ама да читаме и теми од типот се подигна платата за вработените. И не само некој што е на висока функција да зема над 30.000 денари плата, нека биде минималната толку, па луѓето ќе можат како-така да живеат.

Вака како што сме моментално, сите цени на производите дојдоа на рамниште на европската унија, само платите останаа “транзициски“.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Абе се тоа си е оправдано. Нека си поскапат струјата и парното, и телефоните, да дојдеме на рамништето од остатокот од светот.

Вака како што сме моментално, сите цени на производите дојдоа на рамниште на европската унија, само платите останаа “транзициски“.
па тоа е проблемот ...

баш поради долниот болд не е оправдан горниот :toe:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
па тоа е проблемот ...

баш поради долниот болд не е оправдан горниот :toe:
Како сакаш гледај, Македонија плаќа најевтина струја во Европа. Јасно е дека цената мора да се покачи, инаку како ќе си ги повратат милионите што ги вложија Австриските ЕВН? Башка од тоа ќар има и владејачката гарнитура, нели РЕК Битола е главен снабдувач со струја на Македонија, и главен извор за пари за кампањите.

А ако се негира долниот болд... и се зголемат платите, горниот болд нема така многу да го сеќаваме.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Како сакаш гледај, Македонија плаќа најевтина струја во Европа. Јасно е дека цената мора да се покачи, инаку како ќе си ги повратат милионите што ги вложија Австриските ЕВН? Башка од тоа ќар има и владејачката гарнитура, нели РЕК Битола е главен снабдувач со струја на Македонија, и главен извор за пари за кампањите.

А ако се негира долниот болд... и се зголемат платите, горниот болд нема така многу да го сеќаваме.
се разбираме ...
само во моментов не е оправдано поскапување ...
најевтна на балканот струја Ок .. незнам но нека е така ...
ама предуслов за да покачуваат не треба да им биде изговор ние сме најефтини па мораме до ЕУ да стасаме со цени ... туку нека се зголеми стандард плати па нека качуваат ...

и шо ги ебам австријците и нивниот влог ... не направија ли анализа во каква земја со каква економија и стандард и со колку невработеност вложуваат ... :toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ами се крена стандардот 20000 просечна плата, пензиите три пати одат нагоре па сега истото со сметките ќе биде. Ај за парново можам да разберам имаат скопјани пари :icon_lol:, ама за струјава не можам да разберам не чини.
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Енергијата е најскапа работа денес тоа е факт, имам замерка само до регулторнава комисија кога треба да се поскапи оп секој вторник имаат состаноци, а кога ќе треба да поефтини се придржуваат до „правилникот„ еднаш месечно да заседава :nenene:
 
Член од
18 април 2008
Мислења
593
Поени од реакции
10
Ako saka da mi kaze nekoj dali PC trosi elektricna energija t.e dali premnogu trosi bidejki mi e oklucen po cel den a ovoj mesec dojde visoka smetka.... odnapred blagodaram
 
Член од
18 април 2008
Мислења
593
Поени од реакции
10
Ами се крена стандардот 20000 просечна плата, пензиите три пати одат нагоре па сега истото со сметките ќе биде. Ај за парново можам да разберам имаат скопјани пари :icon_lol:, ама за струјава не можам да разберам не чини.
Abe kakov standard ima lugje zemaat po 8 000 plata a rabotat sekoj den vo nedelata koj standard ili standardot se meri po parlamentarcite i ministerstvata ili administrativcite
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
се разбираме ...
само во моментов не е оправдано поскапување ...
најевтна на балканот струја Ок .. незнам но нека е така ...
ама предуслов за да покачуваат не треба да им биде изговор ние сме најефтини па мораме до ЕУ да стасаме со цени ... туку нека се зголеми стандард плати па нека качуваат ...

и шо ги ебам австријците и нивниот влог ... не направија ли анализа во каква земја со каква економија и стандард и со колку невработеност вложуваат ... :toe:
Која најефтина струја бе,или мислиш на онаа што му ја продаваат на EVN по денар,а EVN нам ни ја продава по 4-8 денари?Или не си слушнал за ангажирана моќност,за ДДВ,за камати,за улично осветление,за одржување,за осигурување?
Е па во Европа најскапата струја до крајниот потрошувач ја има Финска и изнесува 7 денари од киловат,заедно со сите овие давачки кој ги спомнав погоре,и со стандард 10 пати поголем одколку во Македонија.
Каде рече дека струјата е најефтина во Европа?Сигурно не си мислел на Македонија,каде и досега беше најскапа во Европа,а сега ќе биде најскапа и во светот?
 
ај види погоре кој рече и шо рекол .. па реплицирај ми Ок ... бе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom