- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.830
- Поени од реакции
- 8.858
Реков дека има врска сексуалната дискриминација и во погрешен правец отиде муабетот. Зборувам за дискриминацијата каде што е ок типот да имал секс со 15, ама типката ако не изиграва невиност, ќе биде МОРАЛНО осудувана. Зборувам за МОРАЛНИ правила и норми, оние ненапишаните, како што кажа Pearl - менталитетот. И тоа се менува.Каква е таа морална еднаквост? По чии мерила.
Како ќе осетиш дека е дојдено времето? И кој е прагот (сеа намалиле у некои европски земји на 12-13 години) за зборење за сексуалност и за кој дел пошто е тоа многу широк поим.
што ни фалело на нас порано што не ни збореле за секс као деца? Далеку помалку абортуси и деца од љубов. Та сега има стопути више абортуси и тука и во Холандија, Данска...каде што се според тебе напредните. Нема врска простотилак со незборење за секс. Низ весници ќе прочиташ дека у западна европа деца затруднеле на 12-14 години...ваљда од премногу информираност
А феминизмот со муабетот за секс па ептен нема врска едно со друго.
Да, дојдено е времето да се зборува за секс кога детето (и машко и женско) има 13-14 години. Не да се учи како да има секс, туку да знае што е тоа, зошто е, и ако веќе одлучи да го има како да се заштити. Ние не можеме да забраниме некому да има секс, ниту на сопственото дете, зошто не само што нема да не послуша, туку е можно и беља да направи.
Ви фалело тоа што - девојката останувала често бремена и се склучувале бракови кои голем број денес се распаднати. Ви се случувало на мажите реално да не сакаат да се оженат, но кога е веќе бремена ајде. Исто и со жените. Дете од љубов е дете кое го прават возрасни луѓе, стабилни луѓе, а не деца од 16 години. Тоа е грешка од неинформираност (неносење заштита).
Како и да е, друг ми беше муабетот. Кај нас постојат морални правила кои честопати важат обратно за мажите и жените, но не можам да ги обвинам толку мажите, колку во случајов жените - мажите се помалку се занимаваат со сексуалното искуство на девојката, ама жените, оние од околината, живеат за да го дознаат. Затоа реков, менување на менталитет.
И малку размислете и во Германија и во Данска, кој раѓа на 12=14 години. Од која социјална класа, од кое место.... никаде не важи истиот менталитет, кај нас се разликува од Скопје до Тетово (таму сеуште е синот наследник на домот), а не па во една голема Европска земја.
И кај нас денес се склучуваат бракови не по основ на љубов, туку по основ заборавив да го извадам на време.
--- надополнето ---
Токму тука се согласувам со тебе. Мажите на времето ја злоупотребија својата улога и направија свет во кој на нив им е се дозволено (па и да имаат секс со која сакаат и колку сакаат) но на жените им беше тоа изрично забрането. Затоа дојде до денешнава ситуација, никој не е задоволен. Мажите многу наназад години не го кријат својот ,,неморал,, - што јас лично не го сметам за неморал, а жените во 70тите започнаа со таа да ја наречам револуција, се до денес, каде што толку се искривија правилата - жените го прифатија машкиот ,,неморал,, - но сеуште глумат ,,морални,,. Мене тоа ме нервира, и посебно ме нервираат мажи кои веруваат во таа приказна. А инаку никако не кажувам дека треба да имаме правило според кое сега ајде сите масовно да имаме секс со кого ќе стигнеме (зборувам и за мажи и жени) но доколку некоја жена има исто партнери колку еден маж таа е осудувана и тоа е факт. Јас велам тоа да се смени. Мислам дека ме разбираш.Moralna ramnopravnost? Pa koj e moralen? Valda za nemoralna ramnopravnost se borat ...
--- надополнето ---
За крај не сексуалната дискриминација. И нејзиниот крај ќе дојде.Борба, за трици.
Имат машини за перење, сушење, сечење леб...не знаат да напраат пита, не знаат да сплетат џемпер ни да ги навезат коњите, седат на комфљутер, дремат пред лисјата и волците...Полека станаа као мажите, само што не знаат да сменат гума или свеќица, да отпушат канализација, да нацепат дрва. За што се борат кој ѓаол ќе го знае.