Исмејување на туѓите недостатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Тема:Hi5 реметени фаци

Член:Smexy_Bit Мислења:247

OMFG People bring out the torches we gonna burn the heretic.
Прво,на никаков начин не можете да докажете дека лицата на сликите се ментално ретардирани освен ако не ги познавате или ако не сте вие самите.
Второ,исмевање и ремет е нешто што му се случило секому па не гледам куп трупови по улиците.
Трето,секој има перцепција и мислење за тоа што е убаво а што не,што е смешно а што не така да ако тебе или мене не ни изгледа некоја слика смешна можеби на некому му е и немаме ниту јас ниту ти право да му докажуваме спротивно.
Четврто,на темата нема сакати тогаш од каде јас ќе најдам сакати за ремет.
Петто,имаш право да реметиш колку што имам и јас,сакала нејкела твое си е а дали "жртвата" ќе се лути по зададениот ремет нејзино е.
Петто кома пет,моја груба претпоставка е дека нема ни 100 членови на кајгана кои биле постирани на темата Hi5 реметени фаци така да најверојатно е овој ремет никогаш да не стигне до "жртвите",а тоа што не го знаат нема да ги повреди.
Шесто,еве темата е затворена сега што правиме,светот стана подобро место за живеење и нема простор за укажување на нечии грешки.
Сигурно и производството на МајкаТерезаноли ќе се намали за 67%.
 
А всушност и не е до самото исмејување, туку до тоа кој исмејува. Некои можат да си го дозволат и тоа, само тоа не би било злонамерно исмејување, повеќе би било смеење но без намера да се понижи и повреди некој.
Некои луѓе имаат многу смешни недостатоци, - Борат.
 
Секој со своите способности:toe:

Физички се пресметувале во античко време,фрлале камења и урлале.
Да тогаш силата се мерела со мускули и навреда било да
го погледнеш криво племенскиот поглавица.
Сега,во ова општество повеќе значење му се придава на кажаното.

Од кај знаеш дека така било во античко време?

Ипак зборот мислам дека многу повеќе значи ако е кажан со таква цел,со цел за исмејување на некого!!Кога би бирал би одбрал...боље ќе се тепам и нека ме истепаат отколку да доживеам навреда,затоа што боли...познавам луѓе кои се жртви на секојдневни навреди кои не можат да ги пренасочат односно возвратат,тие луѓе денес одат со наведната глава....има ли полошо од тоа? Навредата од секогаш постоела и ќе постои!! Затоа што не живееме во утопија!
 
Бесконечните војни се доказ дека во антиката повеќе работеле мускулите на рацете и нозете отколку на усната.
Види,навреда боли повеќе од физичка болка,да...НО ако ти дозволиш да се случи тоа.
Ако не дозволиш навредата да те тангира тогаш нема ни да бидеш повреден.
А физичката повреда боли без твоја согласност.
Да навредата постоела од секогаш но имала различно значење.
А утопија е нешто што никогаш нема да го достигнеме,бидејки секој има своја замисла за своја утопија.
 
Тема:Hi5 реметени фаци

Член:Smexy_Bit Мислења:247

OMFG People bring out the torches we gonna burn the heretic.
Прво,на никаков начин не можете да докажете дека лицата на сликите се ментално ретардирани освен ако не ги познавате или ако не сте вие самите.
Второ,исмевање и ремет е нешто што му се случило секому па не гледам куп трупови по улиците.
Трето,секој има перцепција и мислење за тоа што е убаво а што не,што е смешно а што не така да ако тебе или мене не ни изгледа некоја слика смешна можеби на некому му е и немаме ниту јас ниту ти право да му докажуваме спротивно.

Прво-затоа со кои амбиции си даваш за право да реметиш човек што не го познаваш а уште помалце знаеш дали му фали нешто во животот и од која причина има такви слики?
Второ: да, на секој му се случило да исмева, хуморот е дел од секојдневието, ама повеќето израснуваат од тоа на 15-16-17 години.
Кога почнуваш да размислуваш и за туѓите чувства тогаш не лупаш ремет каш шо ќе стигнеш.
А искрено, веќе е многу глупо да речеш „Сите го прават тоа“, зашто сите прават многу работи кои не ги правиш ти.
Трето: почни да правиш разлика меќу хумор(мене нешо ми е смешно) и исмевање (леле колку е оној *вметни збор*а јас сум awesome!)
Koa ќе почнеш да ја правиш разликата, титни ми 2 пати.

И шо ви е на сите со Мајка Тереза бе?!
Ако некој се понаша добро одма е Мајка Тереза?
Знам дека сакате бед бојс и ноти грлс, ама на некој не му е у природа да ги повредува луѓето зашо така му дошло денес!
Пробајте ко за почеток да ги прифатите луѓето што имаат добри намери.
Сфашта.
100 пати прочитав Мајка Тереза...
Да ти е криво шо си фин ебате.
 
Право?
Не ми е потребна дозвола да речам нешто во врска со нешто.
Тие луѓе ги ставиле тие слики,земени се и постирани на форумов и секој треснува по некоја глупост во врска со нив.Реков,сигурно ни 10% од тие не се членови на форумов и веројатно тие муабети никогаш нема да стигнат до нив што не води до втората точка која е погрешно разбрана.

исмевање и ремет е нешто што му се случило секому па не гледам куп трупови по улиците.

Со ова сакам да кажам дека секој,добро скоро секој барем еднаш во животот бил исмеан(не постои совршен човек факт е)но не сите го ставаат тоа при срце,не се сите возбудуваат и не сите брзаат да вратат со физичка сила.
Ако физички се пресметувавме за секој навреда...ццц каде ли ќе стигневме.
Или ако сечевме вени за се што ќе слушнеме а не ни се допаѓа.
Верувам дека треба да почнеме да живееме со тоа како составен дел од животот.

Кон третото исмевањето не е хумор во никој случај но многумина го гледаат како смешна работа.Не се што не смее е хумор.

Постојат луѓе со добри намери ОК,тоа го прифативме.
Што правиме со другите 6,000,000,000?
 
Јас мислам дека сите тие што се против реметот имаат и они самите некој недостаток(физички)па затоа не дозволуваат ремет,исто како и нив самите да ги реметат.

За слепи,глуви,хендикипирани луѓе,не е убаво да се каже нешто смешно.Строго сум против тоа.Но,некои луѓе со самото свое однесување си заслужуваат ремет,и тоа воопшто не е страшно нити срамно.
 
Се согласувам целосно, стварно не е убаво ама ич, да се шегува со хендикепирани луѓе... За жал некои работи не можат да се предвидат.Па и тие не сакале такви да се родат...
А за останатите на кои Бог им дал, шо се вели мозок да мислат, а они не знаат да го користат ко шо треба, епа братче нема љутиш ако те реметат.:pipi:
 
Во темата Hi5 ликови кои заслужуваат ремет немаше физички пореметени а за психички не можете да докажете,освен,како што реков да сте тоа вие или некој ваш познаник.
А бидејки не се појави никој да протестира и да рече дај не е фер јас сум дегенерик постовите не беа за никој таков.
 
Како си толку сигурен дека немало физички/психички пореметени?

Детенцево се појави на јутјуб како пример за lip sync на лигавата Cuppy cake song, кога многумина прокоментираа : Леле, какво е, дебело, како ја движи устата.. лоллолол :пос: :пос:

..зарем знаеше дека всушност проблемот не е до неговата прекумерна тежина, туку има проблем.. болно е. Кој би рекол, а?

А бидејки не се појави никој да протестира и да рече дај не е фер јас сум дегенерик постовите не беа за никој таков.
Мислиш дека некој навистина ќе го напишеше тоа? :/:

Како и да е, забегавте од тема, насловот гласи : Исмејување на туѓите недостатоци as in луѓе со хендикеп. Точно е дека сите имаме барем по еден пост во Hi5 темата за ремет (r.i.p), но исто така факт е и дека лошиот фотошоп, џвакање живо месо или печење пиперки или фотка со магаре, коњ whatever не го трпат истиот ремет како луѓето со вистински недостатоци.
Барем од моја страна, како што кажав во мојот претходен пост.
 
Зошто тогаш постираат слики и видеа на болни лица? Согласно тоа, а предИ се, болни се оние кои тоа го постираат. Тие се организатори на тој потенцијален потсмев пошто не секаде пишува дека ментално или физички лицето е хендикепирано.

Друга работа е што оние кои без некој (видлив) недостаток, а сликите им се...страва:nesvest:, тие лица се самите виновни за потенцијален потсмев (девојчето со пешкирчето на пример) инаку би ги ставиле сликите (барем на фб) во приватни, само за нив.
Трето е она што не е јасно -за какви недостатоци се збори.
А четврто, форум, блог, било што...постојано се луѓето реметени, потсмевани...од политичари, пеачи, водители, античари, александроисти, спортисти...до обични луѓе кои не се јавни фаци.

Не дека нешто оправдувам, но не дека и не оправдувам потсмев, но не дека нешто оправдувам, но не дека и не оправдувам постојана критика на луѓето кои се потсмеваат. Скоро сите се потсмеваме више мање, некој затскриено, некој јавно, има претеризми, но како знаеме каде е границата на тој претеризам освен од сопствената вага. Ретки се оние кои не пишале ниеднаш со потсмев кон они горенабројани (јавни и помалку јавни фаци). А потсмев е потсмев, без разлика дали лицето кое на кое му се потсмеваме е јавна фаца или не.
 
Претпоставував вакво реплицирање.
Секако дека треба да им фали нешто на организаторите, ама ако веќе го поставиле не мора да значи дека 15.000.000 гледачи треба да мавнат ремет.
Секако дека ваквата појава како на детенцето не е нормална на прв поглед, затоа постои информирање, ама претпоставувам преовладува желбата кој попрв да се изнасмее и да пука сеир.
 
Претпоставував вакво реплицирање.
Ништо лично Стритденс :) ова го постирав повеќе генерално за осудата и одбраната за потсмевот пошто опфатив и други моменти-се потсмеваме секому, но од друга страна недостаток е премногу воопштено при што може да се разбере и недостаток на добар глас за пеење, недостаток на осет за економија, недостаток на било што. Најверојатно се мисли на физички недостатоци (во отсуство на конкретно, морам да претпоставувам), но која би била причината да се постираат ткви слики освен истите да се за јавност. А јавноста е таа, нејзината оценка е таа, нема реска граница на оценка што е точно недостаток (макар и физички). Некому ќе се смешни нечии уши, некому истите ќе се допаднат (доколку не е со физички хендикеп од типот немање дел од тело или друг сличен недостаток). Тој што постирал слика треба да е свесен дека со неа излага у јавност без можност да му ја видиме душата, умот, другите способности, животната снага. За таа слика тој човек одговара самиот. Од друга страна, оној кој се потсмева -исто не можеме да знаеме кој е во стварност тој човек, а за потсмевот исто одговара самиот.

Впрочем што да се коментира на слика каде самата мома се сликала со биг бубис или биг ес у гроплан, сигурно нема да коментирам цветче во нејзината коса :) доколку не сала коментари, сликите нема да ги постира по фб, профили и слично. Е сеа, последниве примери не се недостаток, напротив :)

Не постојат совршени луѓе, секому ќе се најде недостаток (посебно од слика или видео)...затоа јас не постирам ни слики ни видеа од мене и моите гласовни способности или "талентот" за играње:smir:
 
Мора некој да осеќа страшна лична инфериорност кога може да си дозволи исмевање на „недостаток или деформација“. Една од поболните деформации на комплетното општество е токму овој феномен.
Не е типично за посебно опшество или географска локација, едноставно го има секаде како што секаде е вткаено доброто и „не толку доброто“.
Јас верувам дека се работи за поистуветување со тоа што физичкиот малформалитет се надополнува со когнитивниот кај „исмејувачите“.
 
Огледало ефект, што си - тоа ќе гледаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom