Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

  • Креатор на темата Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување Време на започнување
Абе точно дека е од "физичкиот" свет ама мене не ми беше тоа поентата.Поентата ми беше да кажам дека ако нешто не можеме да го почуствуваме не треба да значи дека не е од овој "свет".

Духот/душата е таа која чувствува, тоа е дел од нашето „јас„, „тоа„ не е нешто друго „од страна„ за да биде почувтсувано. Како би можела душата да се почувстува самата себе за да спознае дека постои? Разумот, како „орган„ од духот, ни ја дава нашата самосвест дека сме дводелни/троделни.
 
Душата не чуствува.Чуствува срцето.Срцето е орган а душата сме ние и ние не чуствуваме ние дури не знаеме(не сме свесни) дека постоиме.
 
Душата не чуствува.Чуствува срцето.Срцето е орган а душата сме ние и ние не чуствуваме ние дури не знаеме(не сме свесни) дека постоиме.

Според православната вера, душата човекова обитува во мозокот и во срцето, па не е чудно што срцето (кое е само орган од нашиот материјален дел) реагира кога душата доживува одреден настан на овој или оној начин (пријатен или непријатен...). Срцето соодветно реагира на начинот на кој душата го доживеала настанот.
 
Јас мислам дека неколку мислења погоре ти рече дека душата не реагира и за нејзе не постојат работите кои постојат за овој свет.

Според мене чуствата и мислите се спојуваат во едно и кога ќе се спојат настанува тоа што го викаме емоција.Таа емоција постои само во телесниот свет(го нарекувам така во недостаток на зборови) додека свеста која сме ние не чуствува и не мисли.
 
Абе точно дека е од "физичкиот" свет ама мене не ми беше тоа поентата.Поентата ми беше да кажам дека ако нешто не можеме да го почуствуваме не треба да значи дека не е од овој "свет".
Ја поставив едноставно прашање, ми се чини. Ни спомнав дека душата доаѓа од друг свет, ни спомнав аура. За аурата не би можела да зборам многу, колку мене што ми е познато тоа е енергетско поле. Но не гледам како е ова поврзано со тоа јас што го зборев.
 
Да но лошо го постави прашањето и јас само сакав да те корегирам и да видам дали знаеш што збориш.
 
Реков дека за духот/душата не важат законите од физичкиот Свет, а не дека духот/душата не реагираат на влијанијата од световните настани. За духот, на пр: не важи гравитацијата, .т.е. влијанието од гравитационата сила. За слободната волја (за избор) не важи слабата или јаката нуклеарна сила или електомагнетната сила и сл.

Човековото битие е уникатно по тоа што е спој меѓу духовната и телесната категорија: со телото, ние го восприемаме материјалниов Свет, со душата, го доживуваме Светов на одреден/емотивен начин, а духот тежнее кон Небесата, кон својот Творец. Ангелскиот Свет има само дух, нема тело, а останатите живи битија имаат тело и душа, но немаат дух. Затоа, другите битија не размислуваат за својот Творец и не се занимаваат со философирање. Како што на телото му треба материјална храна, така и душата бара да се „нахрани„ со одедена доза од емотивно восприемани настани, но само духот е „она„ кое сака да се нахрани со нематеријални категории. Пошто духот тежнее кон бесконечност (по Теофан Затворник), на духот ниедна материјална/ограничена категорија не му е доволна па затоа духот бара свој вид „храна„.
 
Да но лошо го постави прашањето и јас само сакав да те корегирам и да видам дали знаеш што збориш.
Што од ,,како може од нешто материјално ко ЦНС (централен нервен систем) да настане нешто нематеријално како душа? Ако може, кога, и каде првото преминува во второто?" Што од ова не е јасно?
 
Што од ,,како може од нешто материјално ко ЦНС (централен нервен систем) да настане нешто нематеријално како душа? Ако може, кога, и каде првото преминува во второто?" Што од ова не е јасно?
Нема врска јасно ми е све.
 
Што од ,,како може од нешто материјално ко ЦНС (централен нервен систем) да настане нешто нематеријално како душа? Ако може, кога, и каде првото преминува во второто?" Што од ова не е јасно?
Кој вели дека душата настанува од нервниот систем?
Кој вели дека постоењето на душата воопшто зависи од физичкото тело?
Имајќи го во предвид трансцеденталниот карактер на душата, прашањава ти се nonsense.
 
Ја слушаш, ја гледаш, има мирис, зафаќа простор, се менува?
Мислам дека е јасно дека душата/свеста/психата не е материјална.
Психата се менува.
Типични примери се после траума или после некое просветлување.

Добар заклучок.

Но, бидејќи материјата не може сама од себе да „произведе„ дух, тоа духот (душата/психата) не ќе е од овој, материјалнов Свет.

Дека духот/душата е засебен дел од човековото битие, може да помогне светоотечкото толкување/објаснување за Божјата природа: Светиите велат дека Бог, како дух, е прост, едноставен и неделив. Овие особини Божји, нека ни послужат за споредба па и духот/душата човекови, можеме да ги опишеме со слична терминологија. Духот, согласно верочуението, не е од овој ,материјалниот Свет па затоа не духот не влијаат законите од физичкиот Свет. Духот човеков, кој има потекло од духовниот/небесниот Свет, а даден од Духот Свет, има и свои особини. Тоа се разумот, чувствата (кои духот го врзуваат за душата, кога духот преожа во душа), слободната волја, фантазирањето, кои сами по себе, не се материјални и не подлежат на влијанијата од овој Свет.

Аурата ќе да е енергетска, оти може да се „фати„ на фотографија („киријанска фотографија„, или така некако...). Пошто аурата може да се фотографира, значи дека и таа сеуште е дел од физичкиот Свет, за разлика од духот/душата, кои не можат да бидат „фатени„ на фотка.

Духот/душата е таа која чувствува, тоа е дел од нашето „јас„, „тоа„ не е нешто друго „од страна„ за да биде почувтсувано. Како би можела душата да се почувстува самата себе за да спознае дека постои? Разумот, како „орган„ од духот, ни ја дава нашата самосвест дека сме дводелни/троделни.

Ај прво одлучи се дали е од страна или не е од страна.
Не знам дали ти се здосади да дебатираш па се мајтапиш, ама барем остани на еден став.
Како оа душата/психата не е од овој свет?
Кој ни ја дал?
Некој друг Бог? Богот на душите?
Колку што знам Бог не создал како троделни суштества од тело ум и душа.
Од кај сеа ова?
Реков дека за духот/душата не важат законите од физичкиот Свет, а не дека духот/душата не реагираат на влијанијата од световните настани. За духот, на пр: не важи гравитацијата, .т.е. влијанието од гравитационата сила. За слободната волја (за избор) не важи слабата или јаката нуклеарна сила или електомагнетната сила и сл.
И како тоа душата не е подложна на физичките закони?
Да не се одвојува душата од мене кога силата на гравитација ме треска на земја? Да не ми оди душата нагоре?

А и фантазијата и слободната воља, и сите мисли, емоции се тоа зависи од матерјалниот свет.
Да не е матерјалниот свет, нема да имаме претстава што е матерјално, нема да имаме на каква база да фантазирае итн.

Што се однесува до аурата и нејзиното фаќање на фотографии, може душата не сме ја фатиле на фотографија, ама научно е докажано дека секое тело после смртта ослабува за 26 до 29 грама, што се верува дека е токму душата.

Човековото битие е уникатно по тоа што е спој меѓу духовната и телесната категорија: со телото, ние го восприемаме материјалниов Свет, со душата, го доживуваме Светов на одреден/емотивен начин, а духот тежнее кон Небесата, кон својот Творец. Ангелскиот Свет има само дух, нема тело, а останатите живи битија имаат тело и душа,
Ако душата тежнее кој својот Творец, што бара во мене и во секој од нас?
Зашто едноставн не не напушти и не се соедини со она кон што тежнее?
Зар има тенденција да се измачува? Да не е мазохистички настроена?

Кој вели дека душата настанува од нервниот систем?
Кој вели дека постоењето на душата воопшто зависи од физичкото тело?
Имајќи го во предвид трансцеденталниот карактер на душата, прашањава ти се nonsense.

Тебе одговоров ти е nonsense.
Освен ако си видел негде душа да фунционира без тело.
Ако си ја видел, биди фин и поздрави ја од мене.
Душата и телото се зависни едно од друго, без душа телото е мртво, без телото душата е само енергија.
А зависи од нервниот систем зашто секој ЧУВСТВУВА нешто и има тенденција да рече дека „го боли душата„ „На душата му е убаво “ итн.
Ја знаеме локацијата на душата, сите покажуваат на исто место.
Никој до сега не ми кажал дека го боли душата а да се фати за нога/глава/дланка итн..
 
П
Што се однесува до аурата и нејзиното фаќање на фотографии, може душата не сме ја фатиле на фотографија, ама научно е докажано дека секое тело после смртта ослабува за 26 до 29 грама, што се верува дека е токму душата.

Би ме радувал некој линк до научна потврда на ова тврдење
 
Што се однесува до аурата и нејзиното фаќање на фотографии, може душата не сме ја фатиле на фотографија, ама научно е докажано дека секое тело после смртта ослабува за 26 до 29 грама, што се верува дека е токму душата.

Другпат да не гледаш „научно-докажани“ филмови со Шон Пен.

А човек после смртта знае да ослабе и многу повеќе од 20-30 грама, ама тоа бидејќи сфинктерот така фино си се опушта...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom