Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

  • Креатор на темата Креатор на темата smart ass
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш гершна премиса, имено јас сум атеист, но јас не викам дека не постои господ, јас викам дека не верувам дека постои господ, што само по себе не значи дека викам дека и не постои.
Можеби малку несоодветно ама да ти ја доловам ситуацијата, играат интер и милан, и ти викаш дека веруваш дека милан ќе тепа со 6-0, јас викам јас не верувам дека милан ќе тепа 6/0 со интер, ама нит ти нит јас не знаеме дали милан воопшто и ќе тепа, бидејќи натпреварот е за една недела.

Добро ако и кај атеистите нивното е прашање на вера тука е веќе друго
Јас мислев дека кај Верниците е прашање на вера а додека кај атеистите е децидно тврдење дека Бог не постои.
 
Е да..
Едно е да имаш одговори, друго е да имаш Точни, издржани и докажани одговори :)

За разлика од атеистите, кои имаат само да ни понудат прашања, на коуи самите не можат да одговорат, христијаните пак, имаат одговори кои и те како држат вода.

Доказите се точни, издржани, докажани, проверени, исцрпни, јасни, но СЕПАК, постојат букови глави кои никад, ама никад нема да го прифатат постоењето на Творец. Едноставно не сакаат да прифатат дека не се шерифите во овој универзум, дека кога еден ден ќе цркнат и ќе се соочат со Суд ќе одговараат за своите постапки и од мнив ќе се бара одговорноста за нивните дела. Ама нека им биде...:helou:
 
Доказите се точни, издржани, докажани, проверени, исцрпни, јасни, но СЕПАК, постојат букови глави кои никад, ама никад нема да го прифатат постоењето на Творец
Кои се издржаните докази дека постои Творец, дека е Творец со одредена природа, дека е Творец со тројна природа поточно, дека е христијански Творец. Каде се тие толку точни докази.
 
Па дај опули се околку себе. Гарант ќе видиш многу докази за тоа...

Креативноста на Бог може да се согледа во природата, во комплексноста на законите што владеат околку нас, во анатомијата на човековото тело (и човекот е тројство), во Библијата, во атомите (пази, создадени се од протони, неутрони и електрони-јен, два и три) во вселената, во животот што се создава во матката на една жена...

Ништо од овие нешта не може да настане амо по себе или да е слепа случајност. Мора да си огромен ВЕРНИК за да поверуваш во случајности, грешки и проста самоорганизирачка материја.
 
Природата не е совршена ниту убава(за кого како) а најмалку прилагодена за нас и потчинета.

Библијата не е никаков фактор.

Се можеме да разложиме како ни одговара и во најголем број ќе испаднат милијарди комбинации. Таа поврзаност постои само во главата на верниците.
(except in the case of hydrogen-1, which is the only stable nuclide with no neutron)
Пази ова сега го дознав. Значи може да се работи и за свето двојство :pos:

Ти што велиш дека не е возможно е твое сопствено мислење. Плус многу од работите што ти се тебе "невозможни и несфатливи" се веќе објаснети. Се разбира за некои работи нема сеуште одговор.
 
Браво. Често бегаше од часовите по биологија а?

Исклучокот го потврдува правилото.
Тој еден протон, има ТРИ кварка (еден доле и два горе). Е ај сега!

Мисли шо сакаш. Не можам у никој случај да те разубедам.
 
Не знам многу за протони неутрони и нивната Божествена тројна природа(ваљда некој друг ќе прокоментира) ама да зборувам за бегање од биологија со лик што вели дека диносаурусите и луѓето си живееле заедно пред помалку од 6 000 години...
 
Па дај опули се околку себе. Гарант ќе видиш многу докази за тоа...

Креативноста на Бог може да се согледа во природата, во комплексноста на законите што владеат околку нас, во анатомијата на човековото тело (и човекот е тројство), во Библијата, во атомите (пази, создадени се од протони, неутрони и електрони-јен, два и три) во вселената, во животот што се создава во матката на една жена...

Ништо од овие нешта не може да настане амо по себе или да е слепа случајност. Мора да си огромен ВЕРНИК за да поверуваш во случајности, грешки и проста самоорганизирачка материја.

а тие се составени од кваркови....ЕРРОР.
 
Јас вака викам. Тешко дека ќе има трансфер од едниот у другиот табор. На крајот на краиштата и на едните и на другите се ќе им се разјасни откако ќе умрат.
 
10. Which came first--the chicken or the egg?

Јас како современ верник ке одговорам на прашањево :)

Прво се создала кокошката по некој си пат на еволуција, па после научиле да се размножуваат со јајца. (петелски и кокошкини)
 
а тие се составени од кваркови....ЕРРОР.

Молам? Па од каде е полнежот на протоните и неутроните?

кварк up e + 2/3
кварк down e -1/3

Протонот има: +2/3(up) +2/3(up) -1/3(down)=+3/3=+1
Неутронот: -1/3 (down)-1/3(down)+2/3 (up)= 0

И кај е еророт тука?
 
Постојат многу поделби и класификации на честичките,
Но еророт ти е ова 1/3=0.33333333333333333 до бесконечност

Хинт подели еден со 3.

Молам? Па од каде е полнежот на протоните и неутроните?

Неутроните немаат полнеж.
 
А духот?
Што се случува кога човек ќе испушти душа?
Овие не се материјални категории.
Ако духот е енергија, согласно со првиот термодинамички закон не може да престане да постои.

А кој вели дека духот е енергија?

Јас вака викам. Тешко дека ќе има трансфер од едниот у другиот табор. На крајот на краиштата и на едните и на другите се ќе им се разјасни откако ќе умрат.

Во право си, ќе им се разјасни, ама за жал тие нема да знаат за тоа, така да па нема да им се разјасни...- а бе филозофија.:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom