Груевски: Нема напредок во преговорите за името

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
:smir:Груевски:smir:: Нема напредок во преговорите за името

27.11.2009 - 18:11 |

Нема напредок во решавањето на разликите меѓу Скопје и Атина околу употребата на уставното име на Република Македонија, потврди македонскиот премиер Никола Груевски по вечерашната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во местото Пили, на грчкиот дел од Преспа, оценувајќи дека сепак разговорите биле корисни, јави известувачот на МИА.

- Ваквите контакти се добри и полезни, иако не секогаш носат резултати. Овој нов имплус што го имаме сега е добар. Само со дијалог можеме подобро да се разбереме. Го поздравувам овој нов бран што го имаме од неодамна со владата од Грција. Се надевам дека така и ќе продолжи, да разговараме и да се среќаваме и на тој начин подобро и ќе се разбереме, изјави Груевски.

Папандреу на средбата ги изнел истите позиции што ги презентирал грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на последната средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, а кои од македонска страна беа оценети како максималистички.

- Во однос на позицијата во врска со нашето уставно име морам да кажам дека практично денеска ми беше соопштено оти грчката страна останува на позициите кои ги презентираше нивниот преговарач во Њујорк, како поврзано со името, така и со идентитетот, и во тој поглед не можам да кажам дека имаме некаков прогрес, рече Груевски.

Двајцата премиери се согласиле дека и покрај ваквите нивни директни средби, преговорите за името продолжуваат под покровителство на ОН.
Груевски апелирал Атина добро да размисли за чекорите што ќе ги преземе во декември на Самитот на ЕУ на кој треба да се одлучува за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи според него, со блокади и уцени проблемот нема да се реши, туку дополнително ќе се влошат односите меѓу двете земји.

- Побарав од Папандреу уште еднаш да размислат за она што треба да се случува во декември т.е. за неставање блокада за добивање датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Укажав дека искуствата од минатото, особено од Букурешт, кажуваат дека тоа не е начинот да се принуди некој да направи нешто. Напротив, букурешкото искуство и блокадата што беше ставена тогаш дополнително ги влоши односите, дополнително не одалечи и како што гледате во оваа 1,5 година имавме подалечени позиции отколку што имавме во Букурешт. Доколку некој смета дека со блокада, веднаш, уште наредниот месец ќе го реши проблемот, тоа се покажа како неточно и ја влошува атмосферата, а се надевам дека и Грција тоа не го сака. Затоа, апеларив уште еднаш да се размили пред да се преземе чекор кој што ќе има негативни далекусежни реперкусии во односите меѓу двете држави. Не е европски пример некој некого да блокира, да притиска и да уценува, изјави Груевски.

Покрај преговорите во Њујорк, тој очекува да продоат и директните билатерални контакти и дијалог.
- Отсуството на средби во минатото не влијаеше многу добро на односите. Но, тоа отсуство не беше по наше барање. Мислам дека што почесто се среќаваме ќе биде подобро и така се поголеми шансите да се дојде до решение. Разговорите треба да ги продолжиме и да најдеме решение. Тоа е наш државен интерес. Со блоокади и уцени не се постигнува прогрес. Тоа се постигнува со разговор, дијалог и со разбирање на потешкотиите на едната страна и со вбризгување на позитивна енергија, а не со негативни изјави, закани и уцени, рече макеоднскиот премиер Никола Груевски по тет-а-тет средбата со шефот на грчката Влада.
Јоргос Папандреу, пак, во изјава за грчките известувачи од средбата, изразил надеж дека е можно решение за името во наредните неколку месеци или една година. Прашање кое трае 18 години не може да се реши за неколку дена, рекол грчкиот премиер.

Папандреу го оценил како позитивен ангажманот на меѓународната заедница во решавањето на спорот за името, посочувајќи оти процесот за затворање на прашањето продолжува под покровителство на ОН.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gruevski-nema-napredok-vo-pregovorite-za-imeto
 
Б

Бат Елохим

Гостин
А некој очекуваше да се реши нешто??? И што е тоа нешто што можеше да се реши?

Мислам...слушам вести и не ми се верува...два месеци не пукнаа веќе со Грција дали ќе ни ставела вето или не... Па уште радосни бре, ќе се сретнеле Груевски и колега му.

И што ми е мило што ги избркале новинарите наши ко џукели... Мислеа некој на нив чест ќе им прави??? Демек, ајде еве ние сме европски новинари, сакаме решение!! Море мрш таму џукели белосветски.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
А некој очекуваше да се реши нешто??? И што е тоа нешто што можеше да се реши?
Мислам...слушам вести и не ми се верува...два месеци не пукнаа веќе со Грција дали ќе ни ставела вето или не... Па уште радосни бре, ќе се сретнеле Груевски и колега му.

И што ми е мило што ги избркале новинарите наши ко џукели... Мислеа некој на нив чест ќе им прави??? Демек, ајде еве ние сме европски новинари, сакаме решение!! Море мрш таму џукели белосветски.
Очекувале малодушниците - кои нормален можеше да очекува НЕШТО ДА СЕ РЕШИ - освен НИВ?:nesum:
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
А некој очекуваше да се реши нешто??? И што е тоа нешто што мможеше да се реши?
Мислам.. слушам вести и не ми се верува.. два месеци не пукнаа веќе со Грција дали ќе ни ставела вето или не... Па уште радосни бре, ќе се сретнеле Груевски и колега му.

И што ми е мило што ги избркале новинарите наши ко џукели... Мислеа некој на нив чест ќе им прави??? Демек, ајде еве ние сме европски новинари, сакаме решение!! Море мрш таму џукели белосветски..
Ги избркале нашите новинари?

Не ми се верува...кај е сега Роберт Поповски? Геро кај е? Сашо Ордановски? А1? Ѓунер? Да протестираат против недемократското фашистичко однесување на грчките власти кои ја замолчуваат слободата на говорот. Каде се сега да пишуваат писма, да плачат и се жалат за ваквото тоталитарно однесување пред Европските и светските институции.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ги избркале нашите новинари?

Не ми се верува...кај е сега Роберт Поповски? Геро кај е? Сашо Ордановски? А1? Ѓунер? Да протестираат против недемократското фашистичко однесување на грчките власти кои ја замолчуваат слободата на говорот. Каде се сега да пишуваат писма, да плачат и се жалат за ваквото тоталитарно однесување пред Европските и светските институции.
не ги избркале де. Скромно само кажаа дека не им дозволиле да ја снимаат изјавата на Папандреу. Така било модерно. А бе европски .....
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Поооо давање поклони Грчиштава. Глеам прееска на снимките па цвеќиња, па вино, па нешо овошје и благо,а тоа момичињата облечени во апла македонски носии. А и Папандреу како му ја стегна раката на Премиерот наш, си викаш ко браќа да се. Опасни се ПАСОК, барем 10 пати поопасни од Куроманлиса.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
не ги избркале де. Скромно само кажаа дека не им дозволиле да ја снимаат изјавата на Папандреу. Така било модерно. А бе европски .....
Бетер...им забраниле изјава да снимат. Ама сега ги нема глас да пуштат, против ваквото ,,европско,, галантно однесување на грците. Кај се да се бунат за слободата на говорот, за слободата секоја информација да биде пренесена? Против нивните ментори нема бунење?

А можеби и ја снимиле изјавата, но поради цвртсиот став на Папандреу, за ерга омнес и фашистичките нацистички барање да се самоукине Македонскиот народ, намерно не ја пуштаат, затоа што после нема да можат да го напаѓаат Груевски кога ваму имаат еден крут, злосторнички став, неколку пати повторен.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Поооо давање поклони Грчиштава.Глеам прееска на снимките па цвеќиња,па вино,па нешо овошје и благо,а тоа момичињата облечени во апла македонски носии.А и Папандреу како му ја стегна раката на Премиерот наш,си викаш ко браќа да се.Опасни се ПАСОК,барем 10 пати поопасни од Куроманлиса.
navistina-makedonska nosija - pa i makedonci se tamu site- ne treba da ne chudi toa-
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Нормално во Македонија...Беломорска.:toe:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Па нема тука ништо чудно. Додека сме во преговори никогаш нема да има напредок, односно напредок ќе има ако успеат да не убедат да си го смениме името. Треба веднаш да се прекинат тие преговори и да им се каже на гејците FUCK OFF.:eek:jea:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom