За решвање на проблемот и не тапкање во место треба да се согледа проблемот од повеќе аспекти и треба да се разбере дека некои стратегии се подолготрајни и бараат трпение и истрајност, а не нетрпеливост, и преку глава ми е веќе, бидејќи на тој што му е преку глава во игра на тактизирања тоа е тој што изгубил, дали ти сакаш да бидеш губитник? Мора да разбереш дека овој проблем неможе да се реши само со чисто учество на Македонија и Грција, бидејќи моментално начинот на културно постоење на едните односно на другите е взаемногу исклучлив. Така да тактиката на едните односно на другите е иницирање на одредени внатрешни поместувања во едната односно на другата страна за да може да се коегзистира, тоа значи или ќе се сузбие национал/романтизмот во грција дека се што во антиката било облежано како дел од хелениситичката култура не и припаѓа ексклузивно нејзе, или кај нас ќе сузбие самоспшознавањето како Македонци, очигледно грчката тактика кај тебе успева и си еден од тие кои се добиена битка за грција.
Инаку за овие промени каок што кажав не е само помешу двете држави, бидејќи едната ја црпи својата сила од друга структура, треба ние истовремено тактички да иницираме промени во таа друга структура за да неможе грција да црпи толку сила, со други зборови треба на некој начин да допринесеме за реформите во ЕУ со што ќе се изгуби консензусот како ултуимативен принцип. Подетално нејќам да одам, сега на писмено бидејќи овие работи веќе неколкупати сум ги разглавбал на форумов.
Разбери дека сме во војна и неможе да има реми, или едните или другите ќе попуштат, ти си еден од тие што попуштаат или како што ги викаат во во конвенционална војна, дезертери.