Каков Jazz слушате?
*Анкетата поддржува повеќе од 1 избор!
Не сум сигурен колкав интерес ќе побуди темава, со оглед на тоа дека нема голема (никаква) заинтересираност за овој музички правец на форумов. Ќе се обидам да поставам некој компромисен критериум за да опфатам што е можно поголем опсег од овој стил преку неговите подвидови, а на вас оставам да се изјасните за вашиот став и вкус.
Dixieland/Swing Jazz – Dixieland се смета за првиот стил на џез музика, се појавил на почетокот од ХХ-от век. Музиката што ја слушате во цртаниот филм Том и Џери е најблиску до објаснувањето за овој стил. Swing ерата следува како еволуција на овој правец со појавата на биг-бендовите, што значи дека овој правец е оркестарски. Тука би ги споменал Benny Goodman, Glenn Miller, Count Basie, Duke Ellington и нивните оркестри.
Benny Goodman – A string full of pearls
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/14%20A%20String%20of%20Pearls.mp3[/media]
BeBop/HardBop Jazz – За разлика од свингот, овој правец претставил поинаква структура на самата композиција, карактеризирана со брзо темпо и сложени хармонии. Бендовите се во редуциран состав, најчеста инструментална комбинација е: саксофон, труба, пијано, бас и тапани. Меѓу другите, попознати претставници се Thelonious Monk, Dizzy Gillespie, Oscar Peterson, Charlie Parker, John Coltrane.
Oscar Peterson – Tin Tin Deo
[media]http://www.erasing.org/mp3/1-03_Tin_Tin_Deo.mp3[/media]
Post Bop/Fusion Jazz – револуција во средината на 60`-те години кога класичниот BeBop прими елементи од тогашната популарна музика, што резултираше со внесување на електрични инструменти кои дотогаш не биле употребувани во Be Bop-от – електричниот бас, органата, електричниот клавир. Како резултат на оваа фузија правецот добил и назив џез-рок. Многу често во својата основа ја поседува структурата на Funk-от. Како најбитни имиња би ги споменал Miles Davis, Herbie Hancock, Stanley Clarke, Chick Corea, Billy Cobham.
Billy Cobham – Moon Germs
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/04%20Moon%20Germs.mp3[/media]
Avant-garde/Free/Experimental Jazz – сублимира елементи на авангарден стил исполнет воглавно со импровизации комбинирани со мотиви на традиционален џез. Не преовладува константна структура, изобилува со комплексност. За мене позначајни музичари од оваа група се: Cecil Taylor, Bill Laswell, Sun Ra, John Zorn.
John Zorn – Krazy Kat
[media]http://www.fileden.com/files/2007/1/26/694797/JohnZornKrazyKat.mp3[/media]
Vocal Jazz – музика со инструментален пристап кон вокалот, ги опфаќа свинг, боп и пост-боп подстиловите, често комбинирани со soul. Препознатлив стил за: Louis Armstrong, Ella Fitzgerald, Nina Simone, Nat King Cole, Al Jarreau, Dinah Washington, Cassandra Wilson, Diana Krall.
Nina Simone – I Put a Spell on You
[media]http://www.marussia.ru/mp3/simonespell.mp3[/media]
Acid/ElectroJazz – правец кој ја комбинира електрониката и семплирањето со некој од гореспоменатите правци, многу честа е комбинацијата со House/Disco – музика најмногу застапена на оние Café del Mar компилации.
Saint Germain – What do you Think of…
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/09%20What%20You%20Think%20About.mp3[/media]
World/Ethno Jazz - комбинација на традиционална музика за одредено етно-географско подрачје и елементи на џез музика. Buena Vista Social Club, Aziza Mustafa Zadeh, Ravi Shankar.
Buena Vista Social Club – Dos Gardenias
[media]http://www.veter.net/MP3z/buenavistasocialclub-dosgardenias.mp3[/media]
Епа еве имате анкета, кажете го вашето мислење, ви ставив и по некој семпл за тие што не се многу упатени, одприлика да имате идеја за музиката, знам дека зборовите не можат баш да ја доловат.
.