"Rat Bendova" на OBN

  • Креатор на темата Креатор на темата GoddessOfRock
  • Време на започнување Време на започнување
G

GoddessOfRock

Гостин
’’РАт бендова’’ е Забавна емисија во која што е натпреваруваат рок/метал бендови, секоја недела во 20 часот. Жирито се состои од :Давор Гобац, Зеле Липовача, Винко Штефанац и Сејо Сексон. Водители во бекстејџот се ненормалните Дарио и Фадил, а домаќини се Феџа и Адријана. Бендовите кое се натпреваруваа се: Atlantida , Excused 4 life , Alan Ford , Sabbatka , Paranoica , Adrenalin , Nasty Michelle , Black Tatto , Jamas , Homeless Housewives , SIN , Proces , Santos Brothers , Last location , Scripta , Venus . Од кои сега се натпреваруваат само: Santos Brothers , Last location , Scripta , Sabbatka , Venus , Nasty Michelle .

Инаку мене фаворити ми се Santos brothers. :PP1:
 
Неколку пати го имам гледано и можам само да го пофалам, сепак доаѓа како еден голем мотив и можност бендовите кои вежбаат по гаражите да излезат анонимноста, или пак да се посрамотат, а нас да не изнасмеат. :)
Немам фаворите оти не го следам редовно. :kesa:
 
Их,конечно.
После кратки консултации со Џема на мсн,да се отвори тема за емисијава..еве ја и темата.
Рат Бендова е емисија каде што се натпреваруваат рок-метал бендови од Србија,Босна..
Една од појаките ствари што стварно вредат да се гледаат на телевизииве..
3 часовно рокање,со најдобрите рок песни испеани од најпознатите групи и пејачи..
Значи ова стварно мора да се погледне.

Мене лично фаворити ми се Nasty Michelle..па еве нешто од нив..





Иначе исто светла точка во емисијава се и групата од Србија..
Составена од тројца браќа..12,14 и 16 години..
Најмлаиот е бубњар,средниот басист,најголемиот вокал и гитарист..
Еве нешто и од нив..







Заебите Велики Брат,Фарма и Сарвајвар..
Ова е правата ствар..:tv:

Недела во 20 часот,пред телевизор и уживајте..
 
Их,конечно.
После кратки консултации со Џема на мсн,да се отвори тема за емисијава..еве ја и темата.
Рат Бендова е емисија каде што се натпреваруваат рок-метал бендови од Србија,Босна..
Една од појаките ствари што стварно вредат да се гледаат на телевизииве..
3 часовно рокање,со најдобрите рок песни испеани од најпознатите групи и пејачи..
Значи ова стварно мора да се погледне.

Мене лично фаворити ми се Nasty Michelle..па еве нешто од нив..
Заебите Велики Брат,Фарма и Сарвајвар..
Ова е правата ствар..:tv:

Недела во 20 часот,пред телевизор и уживајте..

Целосно те подржувам само ја сум за Santos brothers.:smir:
 
Штета OBN ја немам на кабловска одамна ја исклучија
 
Што мислите кој ке испадне во недела?
Јас мислам дека ке испадне Венус, зошто цело време се влечат поради тоа што се женски, а квалитетите им се за никаде да се рече!
 
Кај и да е ке дојде и ова во Македонија.

Сака некој кладба? :) :kesa:
 
Што мислите кој ке испадне во недела?
Јас мислам дека ке испадне Венус, зошто цело време се влечат поради тоа што се женски, а квалитетите им се за никаде да се рече!

И ја сакам да испаднат Венус.
Не дека цурите се нешто лошо...Просечни се во тоа што го работат, интересна појава поради исклучително женски состав на бендот, поради исклучително акустичниот звук, ама ја тупат со некои глупави песни веќе 3 недели по ред, не знаат да воспостават контакт со публиката и да ја живнат со нешто ново и поразлично...Споредено со останатите што учествуваат, немаат никакви шанси.

Santos Brothes од самиот почеток ми се фаворити.Неможев да поверувам дека постои тричлено совршенство.Стефан е еден од подобрите гитаристи на Балканот, со посебна боја и тон на гитара, посебен стил, посебна појава.Интересно ми е како импровизира на различни песни, како додава дел од себе и ја држи истата емоции во текот на целата песна.Бубњарот е страва за негови 12 години, шие тапанари со долгогодишно искуство зад нив....Басистот е симпатичен, свири со харизма, секогаш енергија до врв, се на се многу добро го одработува својот дел.
Како целина, најмногу ми се допаѓа снаодливоста.Незнам ни јас колку пати имаа технички проблеми, со микрофон, со дисторзии, со гитарата, посебно и кога им се турна пола женска публика на сцена и им се моткаше под нозе, зад, пред, им падна микрофон and we still haven't heard a critique.

Sabbatka и Nasty Mishel им конкурираат дефинитивно.Вокалот на Nasty ми е многу лигав за мој вкус, не дека е лош и незнае да пее.
А Sabbatka никогаш не ме разочарале во изборот на песни.:pipi:
 
Се сложувам со Џема по не знам кој пат..
Да даде Господ вакво шоу да има,па да се појават групиве од земјава.
 
Santos Brothers- Значи уште еднаш докажаа дека се најдобри. Имаа екстра настап и со двете песни, онаа авторската баш во нивни стил ми беше.
Last location- Имаа лош избор на песни и затоа ги номинираа. Песните не беа она што го бара ова шоу! Авторската песна им беше многу подобро од другите па затоа и не испаднаа!
Scripta- како настап не беа ништо посебно па си мислев дека ке ги номинират нив, но не ги номинираа. Сметам дека можат они подобро
Sabbatka- Типично за нив, супер настап!
Venus- КОНЕЧНО испаднаа иако овој им беше најдобриот настап во Рат Бендова, посебно песната со Немања(пејачот од Атлантида). Третата песна т.е авторската им беше НИКАКВА, мизерија а пејачката лошо пееше( болна била).
Nasty Michelle- Имаа прекрасен настап. Ентер Сендмен од Металика беше за нијанса подобра од Донт Крај ама и двете беа екстра изведени.
 
Нести Мишел беа одлични..
Остануваат да бидат мои фаворити..Перо вокалот е фантазија.
 
Оваа недела не испадна никој..
Номинирани беа Сабатка и Скрипта но никој не излезе..
Мислам дека Скрипта се фанки-панк бенд,и не одговараат во концепцијата на ова рок-метал шоу..
Добри се,но не за тука.
 
Оваа недела не испадна никој..
Номинирани беа Сабатка и Скрипта но никој не излезе..
Мислам дека Скрипта се фанки-панк бенд,и не одговараат во концепцијата на ова рок-метал шоу..
Добри се,но не за тука.
Ама се јаки шоумени. Инаку убаво од страната на жирито што се одлучиле да не испадне никој. Инатересна беше фузијата помеѓу Скрипта и Сабатка::D:. Инаку убав аватар, ептен добар вокал е!:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom