Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Грција и Европската Комисија го парафирале протоколот според кој македонските граѓани ќе патуваат без визи во јужниот сосед. Решението кое грчката дипломатија го договорила со претставници на одделот за правда и внатрешни работи при еврокомисијата во Брисел предвидува од 30 ноември Македонските граѓани во Грција да патуваат без визи издадени од конзулатите на Грција во Скопје и Битола. Визите остануваат во сила само за тие што имаат стари пасоши, тие кои што веќе поседуваат или допрва ќе извадат нови биометриски патни исправи во Грција ќе влегуваат по истиот принцип кој важеше на почетокот на деведесеттите пред грчкото ембарго за Македонија.
Предвидено е од декември македонските граѓани при влез во Грција да добијат лист хартија со основни податоци кој што ќе треба да го вратат при излегување од земјата. Според странски дипломати во Скопје се уште има мал проблем од техничка природа која што би можел да го одложи процесот за неколку дена но според нив граничните премини од другата страна многу скоро ќе започнат да го применуваат новиот систем за влез и излез. Грчки дипломатски извори велат дека со конструктивната политика за визите Атина уште еднаш потврдува дека не е непријател на Македонија.
Од таму не се крие дека со поддршката за Визното елиминирање се очекува позитивен тренд во туризмот но пред се Владата на Папандреу сака да испрати порака дека јужниот сосед е вистински заинтересиран за побрза интеграција а целиот регион во ЕУ а суспензијата на визите е еден од начините за тоа да се случи побрзо. Македонски експертски кругови го поздравуваат однесувањето на Грција а одлуката на Владата во Атина ја толкуваат како уште еден мек притисок врз македонските власти да го омекнат ставот за името во пресрет на средбата со Груевски Папандреу в петок во Преспа и пред декемврискиот самит на унијата во Брисел.