Воскреснатиот Исус и дванаесетмината апостоли

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Значи биле тринаесе луѓе, а 11 апостоли?

Плус, ждребање бе? Непара арно ми личи како за божја работа!
 
Ај малку неемотивен, научно-емпириски приод, Ада.

Претпоставка: Библијата е совршено слово.

Хипотетички силогизам изведен од основната претпоставка: Ако е словото совршено, тоа не може да содржи контрадикторности.

Хипотеза за проверка на вистинитоста на претпоставката: Библијата е несовршена поради постоечки контрадикторности.

Аргумент 1: Според Словото, Исус се обраќа на 12 апостоли. (on topic)
Аргумент 2: Според Словото, во тој момент има 11 апостоли.

Елаборација: 11≠12, односно (Аргумент 1) ≠ (Аргумент 2) => котрадикторност => потврдена хипотеза.

Логички заклучок: Претпоставката не е вистинита, односно Библијата не е Совршено слово.

Е, отприлика вака, без емоции и задни намери, еден аматерски обид за научно толкување на само еден аспект од поставената тема - веродостојноста на фактичката, буквална содржина на спорниот текст.

Некој друг би можел оваа тема (што ја дискутираме овде, види горе) да ја обработи од хронолошки аспект, како Лет, на пример, или од историско/културолошки, како Лет, повторно, или од морално етички, како Гарфилд. Смарт Ес ја погледна темата од психолошки аспект, а јас, еве, се задржав на математичко-логичкиот.

А ова:

...ова е според мене, предмет за дебата за некои од вистинските вредности на оваа вера - толеранцијата и неосудувањето.

Врска немаш колку знаеме или не, нели?
Не се вика така.
...и филозофски учења кои тврдат дека секоја базична вистина се темели на парадокс, како и воедно, религиските учења кои имплементираат контрадикции во една функционална целина, од типот на Бог е се и ништо, и точка и цела вселена итн.

Значи, воопшто не можеш да направиш паралела, кога не постои заедничка појдовна точка за поимот совршенство, и кога и пристапувате сегментирано, а самата нејзина природа е сеопфатна.

За вториот дел пак...Иронично, кога Лет 3 и останати користат потсмев и навреди е ок, кога е обратно се бара толерантност.
Хипоркризија до даска.

П.С
Еве во меѓувреме, на профил, смарт ес ми покажа колку дефакто му мањкаат базични познавања за проблематиката што ја напаѓа.
Whoa, a score.

Значи биле тринаесе луѓе, а 11 апостоли?

Плус, ждребање бе? Непара арно ми личи како за божја работа!
Пошто упорно љубиш да си играш курташак со ждрепката, фино е да ти се посочи поширокоиот концепт кој подразбира дека Божјата воља е во се и низ се, па дали преку ждрепка или на десети начин ќе се пројавела истата е ирелевантно, односно сето тоа е само средство на пројава на воља.
 
Ало, не се жести, не си играм курташак со ждрепката, можне глупаво ми изгледа да е ждрепка, кога пологично ми било чудесие некое да имало за да биде избран Матеј....силна светлина да го осветлила, пиленце да му слетало на рамо тин.

Вака, таксе мааш и ај ти си апостол.

Не ја контам идејата!
 
Аха.

Тебе визуелно-естетски не ти штима.
Дубоко, дубоко.
 
Матиј бил присутен кога Исус им се јавувал на останатите 11 апостоли, затоа што тоа бил условот за избор на апостол наместо Јуда Искариот.
Вака оди редоследот на настаните (ако не веруваш прочитај во делата)

1. Исус воскреснал и му се јавил на апостолите
2. Исус се вознесол на небото
3. Апостолите се враќаат во Ерусалем и бираат со ждрепка кој ќе биди новиот апостол на местото на Јуда

Значи пред и да има некој абер дека со ждреб ќе се бира апостол Исус му се јавил на апостолите (меѓу кои и на тој мистериозниот дванаесети)
Тој не му се јавил на 11 и 3 кандидати туку на дванаесет апостоли.
 
Значи биле тринаесе луѓе, а 11 апостоли?

Плус, ждребање бе? Непара арно ми личи како за божја работа!

Не биле само 13. Матиј и Јосифа се истакнати само како оние кои постојано биле со апсотолите, а не знаеме колку уште имало.

„Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.“
(Дела 1:14)
 
Вака оди редоследот на настаните (ако не веруваш прочитај во делата)

1. Исус воскреснал и му се јавил на апостолите
2. Исус се вознесол на небото
3. Апостолите се враќаат во Ерусалем и бираат со ждрепка кој ќе биди новиот апостол на местото на Јуда

Значи пред и да има некој абер дека со ждреб ќе се бира апостол Исус му се јавил на апостолите (меѓу кои и на тој мистериозниот дванаесети)
Тој не му се јавил на 11 и 3 кандидати туку на дванаесет апостоли.
ондак, дупка у законот :)

“Ти ако си прав верник ќе веруваш без сомневања“ :star:

:pos:
 
ондак, дупка у законот :)

“Ти ако си прав верник ќе веруваш без сомневања“ :star:

:pos:

Парафразите се релевантни, директните цитати не ти се гледаат...?
 
Не биле само 13. Матиј и Јосифа се истакнати само како оние кои постојано биле со апсотолите, а не знаеме колку уште имало.

„Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.“
(Дела 1:14)

имало и преку 500 ученици но апостоли имало само 12
Ко се обеси кутриот Јуда останале 11. Но сепак Исус успеал да му се покаже на 12.
(пред да го изберат Матеј за апостол, додека се уште биле 11)

Неко меѓу нама није наш (што би рекол Кифа ко му рекоа дека од можни 11 Исус му се покажал на 12)
 
Вака оди редоследот на настаните (ако не веруваш прочитај во делата)

1. Исус воскреснал и му се јавил на апостолите
2. Исус се вознесол на небото
3. Апостолите се враќаат во Ерусалем и бираат со ждрепка кој ќе биди новиот апостол на местото на Јуда

Значи пред и да има некој абер дека со ждреб ќе се бира апостол Исус му се јавил на апостолите (меѓу кои и на тој мистериозниот дванаесети)
Тој не му се јавил на 11 и 3 кандидати туку на дванаесет апостоли.

Погрешно! Исус не им се јавил само на тековните апостоли! Исус му се јавил и на идниот апостол Матиј. Исус и се јави и на Марија Магдалена. Исус им се јави и на двајцата (името на едниот е Клеопа) на патот кон Емаус. Исус им се јавил и на 500 души одеднаш:

„Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес, а некои - починаа.“
(1 Коринтјаните 15:6)
 
А му се јавил и на Павле
Тринаесетиот апостол (иден)
сега шо прајме!

оти фали тринаесетиот апостол (павле) ?!?

Шо ти е помило да дискутираме кој е прекубројниот дванаесети апостол или оти фали тринаесетио апостол

Јас сум расположен за двете верзии да расправаме.
 
Ко се обеси кутриот Јуда останале 11. Но сепак Исус успеал да му се покаже на 12.
(пред да го изберат Матеј за апостол, додека се уште биле 11)

Па што има везе тоа што Матиј во времето на Христовото објавување сеуште не бил апостол? Цитираниот стих воопшто не вели дека сите 12 биле тогаш апостоли. Впрочен зборот апостоли воопшто и не се спомнува во тој стих :)

"дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. "
(1 Коринтјаните 15:5)
 
Tamam de!
Ne spominja iminja!
Konkretno brojki!

Na Kifa, koj e so nedeterminiran status vo momentov i na 12-te! Koi!
Daj iminja konecno da doznaeme koi se dvanaesetminata za da bideme uznaeni!
 
Па што има везе тоа што Матиј во времето на Христовото објавување сеуште не бил апостол? Цитираниот стих воопшто не вели дека сите 12 биле тогаш апостоли. Впрочен зборот апостоли воопшто и не се спомнува во тој стих :)

"дека му се јави на Кифа, после на Дванаесетте. "
(1 Коринтјаните 15:5)

Да бе можи и да се дванаесете жигосани.... или дванаесете самураји... или дванаесете револвераши или дванаесете од управен одбор на ЕВН....

А бе Чорбаџи ја мислев дека од вашата црква ќе излезете со некој нов став а вие копирате од на МИКИ ставот на МПЦ “Не се знае кој беше Кифа, не е докажано дека е тоа свети Петар“
Вака чекор по чекор ќе видиме дека ништо не се знае во библијата

ај следана теме ќе биди “Кои беа дванаесете на кои Исус воскреснат им се покажа“ па таму ќе докажиме дека никој не знае кој беа.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom