Гого и Гандини - пионери на стрит-магијата во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Не знам дали сте ги виделе или сте чуле за овие двајца илузионисти, Гого и Гандини, кои се занимаваат со улична магија и се меѓу првите и најдобрите во државава.

Еве еден прилог од Life Магазин:

Гого и Гандини - пионери на стрит магијата во Македонија

На што прво помислувате кога ќе го слушнете зборот „магичар“? Ако на очи прво ви доаѓаат сликите на вадење бело зајаче од шапка или огромно сценско шоу со рефлектори, време е да се запознаете со можеби најтешкиот вид магија – онаа што се изведува очи в очи со публиката, чија непосредна близина не дозволува маипулирање со сложени реквизити и каде што клучот на секој трик лежи во умешноста на оној што го изведува. Георги Гавровски - Гого и Горан Митревски - Гандини се магичарско дуо кое има намера и во Македонија да ја популаризира стрит-магијата.

x4mcmt.jpg
1sie08.jpg
r2ja5i.jpg

Георги Гавровски - Гого е дел од „Реквием бенд“, за кој на шега вели дека е „најпопуларна непопуларна група во Македонија“, бидејќи не се застапени во медиумите, но секогаш имаат публика на своите настапи. „Уште од мал ме интересираше магијата и илузијата, а на времето купував книги од Биг Лале, единствениот магичар во Југославија кој тогаш беше многу популарен. Потоа почнав да се занимавам со музика, давајќи и’ предност пред магијата, но пред неколку години решив повторно да им се вратам на триковите, и овој пат тоа да го правам професионално“, раскажува тој. „Часови за техниките на работа на стрит-магичари земав преку интернет, а сега веќе и самиот држам такви часови. Се работи за десет часа во кои се учи базата на стрит-магијата, бидејќи секој магичар мора да ги знае неопходните правила, на пример, како да ги држи и како да ги меша картите... По совладување на основата секој за себе си одредува со каков тип магија ќе работи. Веќе има заинтересирани млади момци што ги посетуваат моите часови, па сметам дека во рок од пет години ќе се развие одлична екипа во Македонија, што е предуслов понатаму да се работат многу поголеми проекти“, објаснува тој.

Постојат повеќе видови магија, како детска, со комедија, стејџ (за на бина), клоус ап (одблизу)... Георги и Горан ја работат бизарната магија. „Бизарната магија вклучува приказни за духови и демони, страшни, крвави па и буквално хорор-приказни. Вклучува необични нешта, во кои влегува дури и вуду-магијата. Сепак, не би сакале фокусот на нашите почетоци да биде фрлен над бизарното, туку над стрит-магијата. Буквално одење по улица и правење трикови на спонтано најдена публика, без претходно подготвена сцена или инволвирани луѓе“, велат тие.

msm3pe.jpg

„Во рамки на часовите што ги нудам се открива и тоа - кому може да му се пристапи. Ќе откријам сосема мал дел од правилата, на пример, човек кој носи актовка никогаш нема да прифати - едноставно неговата актовка значи време, а тој нема да одвои време за да погледне трик. И тоа е дел од малите финеси на оваа работа“, открива Гого, нагласувајќи дека сепак најважните финеси сепак лежат во прстите на магичарите. „Работата со рацете е клучна за еден добар магичар, но иако се вежба, тоа не е нешто што може само да се научи. Или го имате или го немате. Слично како кај спортот, од стотина што ќе вежбаат за да станат фудбалери, само пет-десет од нив ќе успеат бидејќи имаат врвни движења“.

Култни личности

Горан работи со фрлање, вртење, сечкање на карти, па дури и левитирање на карти и други објекти. Гого пак, работи со пораки на делови од телото и со тоа делот од бизарната магија им е поделен за да создадат комплетно шоу без преповторувања. Летово двајцата магионичари имале можност да работат стрит-магија на неколку места во Албанија каде што од тамошните изведби се правеле преноси во живо, Гого своите трикови ги правел и во БиХ, а Горан петнаесет дена минал во Луксембург, а заедно таму ќе отпатуваат во декември. „Во Луксембург триковите се изведуваат во замок во стилот на Хари Потер, а во мај ќе одиме во уште еден таков замок во Хрватска, каде што домаќин ќе ни биде најпознатиот хрватски илузионист“, раскажува Горан. „Се надевам дека во иднина стрит-магијата ќе привлекува се’ повеќе внимание и кај нас, бидејќи е многу поразлична од детската и сценската. Во стрит-магијата не се користат животни и реквизити, може да се создаде трик од што и да е, а најважно во овој вид магија е импровизацијата, бидејќи само да имаш луѓе околу тебе е доволно за да создадеш трик. Се’ друго лежи во твојата презентација“, додава Гого.

„Култни личности во бизарната магија се Тони Абруци и Јуџин Бергер, кои одат во таква крајност што и ние, иако знаеме како се изработуваат триковите, се вкочануваме кога гледаме како тие ги изведуваат. И стрит-магијата има многу култни личности, кај нас можеби најпознат е Крис Ејнџел, иако ние двајца сметаме дека Дејвид Блејн е вистински број еден во светот. Тој веќе пет години е број еден и на повеќето светски натпревари во магија“ вели Горан, откривајќи дека во натпреварите за секој тип магија има посебни правила, а изведувачите се оценуваат по повеќе критериуми. „Во стрит-магијата се гледа работата со рацете, пристапот кон публиката, начинот на презентација на клипот... Неколку магичари го поставуваат истиот трик, но сите тоа го прават на различен начин, секој од нив додавајќи своја приказна“.

Кога станува збор за бизарната магија, можностите се неограничени и се што ќе си поигра со вашите стравови може да се искористи. Па така, нашите магичари ни открија дека овој тип магија може да се презентира и на една обична седенка. „Во бизарна магија спаѓа на пример, отворање на тенџерето на масата и од него наместо храна излегуваат бубашваби! Во бизарната магија влегуваат и стандардните трикови со карти, но мора да се има навистина добра приказна за од еден обичен да се добие успешен бизарен трик“.

Смеење или морничавост?

Иако се смета дека успехот на еден магионичар доаѓа од отсуството на трема и доближувањето до публиката со искрена насмевка, смеењето не е дел од бизарната магија која пред се’ треба да дејствува морничаво. Но, Гого открива дека при изведување на таков трик во кафуле се случило една девојка да се онесвести, па тој се обидува бизарната магија да ја доведе до ниво прифатливо за секоја публика и да ја зачини со малку комедија. „Се обидувам сите во публиката да бидат вкочанети, а истовремено да се забавуваат без да бидат премногу исплашени“. Но, во секој случај, уште на почетокот на публиката и се најавува дека станува збор за бизарна магија, односно дека трикот може да вклучува, на пример, приказни за духови, па оние кои се плашливи може да се решат да не го погледнат.

Гого неодамна почнал да работи и на детски родендени, покажувајќи дека магијата умее да се приспособи кон својата публика. „На родендените нема да доаѓам со класична детска магија, туку со уникатен пристап, во кој се инволвирани сите присутни деца. Седнати околу мене, самите дечиња ќе учествуваат во изведбата на триковите. Ова спаѓа во детска и во стрит-магија, а децата се многу повоодушевени од ваква интеракција отколку од стандардно шоу, кога тие седат и го гледат оној кој настапува пред нив“, вели тој.

Репертоар на ефектни трикови

Повторувањето на трикот е задолжително пред да се совлада доволно за да се претстави пред публика. „Има трикови што може да се научат за една минута, но и такви што може да ги вежбате со години без да бидете сосема сигурни во себе за да ги изведете пред публика“, вели Горан.
„Од луѓето кои работат на триковите, можеби цели 90% не се магичари. Значи, има луѓе кои измислуваат трикови, а потоа им ги продаваат на магичарите. На пример, еден Дејвид Коперфилд воопшто не измислува трикови, туку откупува и ги презентира“, додава Гого. А за пофалба е што нашите соговорници не се задржуваат само на презентирање на туѓи трикови, туку и на создавање свои уникатни парчиња магија. „Моментално обајцатаа ги снимаме своите први трикови, што ќе ги испратиме на www.ellusionist.com. Заштитувањето на триковите постои насекаде во светот и се прави во агенции за патенти, како и сите други иновации. Луѓето од www.ellusionist.com решаваат дали триковите ќе бидат објавени на оваа страница, а доколку се објават, тоа ќе значи дека сме официјално признаени како стрит-магичари и иноватори во магијата“, објаснуваат.

Бидејќи еден магичар мора да има свој репертоар на ефектни трикови, прашањето е дали е подобро еден трик да се знае совршено добро или стотина да се совладаат просечно?
„Постојат повеќе правила во магионичарството од кои три се основни: Прво - никогаш не се открива трикот, второ - никогаш не се повторува ист трик пред иста публика и трето правило - никогаш немој да правиш трик што не ти е добро извежбан затоа што ќе ги прекршиш првите две правила“, низ смеа открива Гого.
Во златните правила на магијата спаѓа и имањето чувство како да се остави публиката да бара уште и да не се засити. „Не смееш да и дозволиш на публиката да и стане здодевно по дваесетина минути, а исто така не смееш најдобриот трик да го направиш на почеток, бидејќи инаку сето останато ќе падне во вода, велат тие, откривајќи дека времетраењето на изведбата зависи од бројот на публиката, па ако станува збор за група над педесет луѓе, тогаш трикови се прават 45 минути до цел час, а кога се работи за неколкумина, тогаш 15 до 20 минути се доволни.

Иако сите знаеме дека магичарот никогаш не ги открива своите тајни, бев сигурна дека често се случува луѓето да прашуваат како се прави одреден трик. „Да, редовно добиваме такви прашања, а за жал, имало и коментати дека сакаме да направиме луѓето да излезат глупави, да ги изиграме и слично. Тоа воопшто не е целта на триковите. Работата на магичарот е со илузија да ги разубавиш тие петнаесетина минути од нечиј живот, тој да види нешто што ти сакаш да го види“. А секој што сака да го види нивниот настап може секој петок да намине во кафулето „Скандал“ (бившо „Алиби“ кај АМСМ), каде што пред свирката на „Реквием бенд“, времето (од 21 до 22 часот) е резервирано за магија. Јас имав можност да се забавувам со неколку одлични трикови за кои навистина немам ни најмала претпоставка како би можеле да се направат. Ама, навистина за помалку од секунда обичниот шпил карти, кој и самата го мешав, се претвори во шпил составен единствено од седумки срце!

Златица Петковска​

Еве неколку слика од нивните настапи во Албанија, првенствено сликите се од Гого.

10431_1116084582382_1234985202_30288147_3658799_n.jpg


10431_1116091022543_1234985202_30288165_3918459_n.jpg


10431_1116090982542_1234985202_30288164_6887291_n.jpg



Еве и неколку од Гандини:

2823_88408637703_761207703_2500855_4528522_n.jpg


2823_88408642703_761207703_2500856_367202_n.jpg


2823_88408667703_761207703_2500858_1511865_n.jpg




Ја имав честа да се запознаам прво со Гандини, а потоа и со Гого. Двајцата се’ дефинитивно на врвот во ова поле во државава, а од неодамна Гого ми е и еден вид на тутор - повремен подучувач.

Еве и два видеоклипа за нивната работа и триковите:




Дали сте ги сретнале некаде овие двајца илузионисти? Што мислите за стрит-магијата и воопшто за магијата и илузионизмот како појава?
 
Еднио ми беше колега на факултет.
 
Ова сеа го здогледав :) (не дека сум бил во последно време на Кајгана) али интересна ствар баш заприметувам дека уште свират во скандал... би било интересно да се контактира со момциве :) многу ствари би можеле да се научат или искуства да се поделат :) интересна статија ЛАЈК!
 
Ова сеа го здогледав :) (не дека сум бил во последно време на Кајгана) али интересна ствар баш заприметувам дека уште свират во скандал... би било интересно да се контактира со момциве :) многу ствари би можеле да се научат или искуства да се поделат :) интересна статија ЛАЈК!

Се знам и со двајцата. Ако сакаш бројчиња и слични работи, пиши ми пп.
 
Го имам гледано Гандини, скоро беше во Струмица. Интересно беше :)
 
Гандини го запознав на Трибјут ту Марли. Интересен лик. Бев многу пијан па некои од фотографииве не се технички најисправни, ама левитацијата на картата е WOW трик.

IMG_0350.jpg


IMG_0334.jpg


IMG_0340.jpg


IMG_0348.jpg


IMG_0337.jpg
 
Гого го имаше на една емисија (од тие најглупите) на А1 телевизија. Стварно е :zver:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom