Дали навистина Библијата е Божјо Слово?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Да би била навистина Библијата Божјо Слово, т.е. да ја напишал самиот Тој, би биле зачувани оригиналите, не само нејзините „преводи“.
А кој ти вели дека ја напишал Тој? Многу е јасно дека не ја напишал Тој, барем според мене како верник. Библијата јас ја гледам како Света Книга во која е опишана религијата и како треба да живее еден верник.

Христијанството како религија го ширеле Петар и Павле по смртта и воскреснувањето на Исус, имало притисоци христијанството како религија да се искорени, многу нормално дека оригиналите би биле изгубени или веќе уништени. :smir:
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Доминантна во Кина и јапонија е будизам, во Индија хиндуизам на блискиот исток ислам
Нивните апостоли исто успеале со своите моќи да конвертираат големи површини и народи.
Не верувам.Хиндуизамот се раширил одма после освојувањето на индија од Македонците.Ништо незнам со сигурност но буди интересни размислувања.
Будизамот исто така го вовел еден голем војсководец од кралска фамилија,Гуатма Буда.
Исламот се заоснова на христијанството и е иста религија.Освен расправијата што е Исус,ништо друго.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.562
Поени од реакции
33.815
А кој ти вели дека ја напишал Тој? Многу е јасно дека не ја напишал Тој, барем според мене како верник. Библијата јас ја гледам како Света Книга во која е опишана религијата и како треба да живее еден верник.
Симболиката на библијата треба да е кодекс на однесување, култура и се во тој концепт. Тоа и треба да претставува религијата.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
А кој ти вели дека ја напишал Тој? Многу е јасно дека не ја напишал Тој, барем според мене како верник. Библијата јас ја гледам како Света Книга во која е опишана религијата и како треба да живее еден верник.
Библијата, се смета како порака од Тој, значи не се однесува зборот библија кон книгичкана у црква, туку кон пораката од господ кој ја кажал на....на....(дупка) за да ја пренесе кон другите живи битиа па затоа тие ја превеле на повеќе јазици (а и повеќе јазичноста е вина на господ, според верниците ofc) и почнале да ја шират христијанската вероисповест.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Библијата, се смета како порака од Тој, значи не се однесува зборот библија кон книгичкана у црква, туку кон пораката од господ кој ја кажал на....на....(дупка) за да ја пренесе кон другите живи битиа па затоа тие ја превеле на повеќе јазици (а и повеќе јазичноста е вина на господ, според верниците ofc) и почнале да ја шират христијанската вероисповест.
Да де, не кажав јас дека не е вака. Само што кога бев на Аџилак, во врска за Светото Писмо, тоа што пишав беше пренесено од страна на водичите и тамошните попови :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не верувам.Хиндуизамот се раширил одма после освојувањето на индија од Македонците.Ништо незнам со сигурност но буди интересни размислувања.
хиндuизмот постои околу 1500 години пред Христа
Александар живеел во 3ти век пред христа

Исламот се заоснова на христијанството и е иста религија.Освен расправијата што е Исус,ништо друго.
Христијанството се заснова на јудаизмот и е иста религија. Освен дилемите што е Исус ништо друго
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па и народите,државите...војните-аххх да не направил повеќејазичност.
:pos: според библијата покрај тоа дека господ е крив за повеќејазичноста, ние сме си криви фактички за неа :pos: кој ни е крив што сме сакале да стигнеме до небото и рајот каде Тој се наоѓал...шо сме граделе кула....кои сме ние па да бараме рамноправност...:pos:
 
S

smart ass

Гостин
Ние сме правени по ликот на бога така вели нели ОН,е сега Адам е создаден прв значи Адам е по лик на бога,а ева не е....затоа жените зборуваат и мислат поинку+50-50 рамноправност:helou:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Библијата ја напишал човекот... Тоа е учењето кое Исус го проповедал помеѓу луѓето, па за да некако се пренесе и учењето заедно со Неговиот живот, напишана е библијата.
Не за џабе во неа си стои, според Евангелието на Матеј или на Марко, Павле или Лука.
Секако, ова е новиот завет. Истото е и со стариот. Никаде не пишува дека Бога се симнал да напише книга според која ќе се водиме. Напишана е од луѓе кои биле водени од Бога.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
хиндuизмот постои околу 1500 години пред Христа
Александар живеел во 3ти век пред христа



Христијанството се заснова на јудаизмот и е иста религија. Освен дилемите што е Исус ништо друго
Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач. Неговите најдревни богови ги донеле ариските народи, кои продреле во Индија. Хиндуизмот се создал некаде околу 1750 година п.н.е. во Индија.

Да,но ние зборевме за апостолите на Исус.Јудаизмот е постар од Исус.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
:pos: според библијата покрај тоа дека господ е крив за повеќејазичноста, ние сме си криви фактички за неа :pos: кој ни е крив што сме сакале да стигнеме до небото и рајот каде Тој се наоѓал...шо сме граделе кула....кои сме ние па да бараме рамноправност...:pos:
Кулата Вавилонска, ех таа курва Вавилонска!

Библијата ја напишал човекот... Тоа е учењето кое Исус го проповедал помеѓу луѓето, па за да некако се пренесе и учењето заедно со Неговиот живот, напишана е библијата.
Не за џабе во неа си стои, според Евангелието на Матеј или на Марко, Павле или Лука.
Секако, ова е новиот завет. Истото е и со стариот. Никаде не пишува дека Бога се симнал да напише книга според која ќе се водиме. Напишана е од луѓе кои биле водени од Бога.
Апостоли се викаат тие луѓе. Апостоли.
А евангелието по Јуда? По Јосиф, по Марија магдалена, по.....едикојси, спалени по Никејскиот сабор!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Апостоли се викаат тие луѓе. Апостоли.
А евангелието по Јуда? По Јосиф, по Марија магдалена, по.....едикојси, спалени по Никејскиот сабор!
Не беа апостоли оние на Исус учениците?
Стариот завет јас колку што знам е пред Исус и пред апостолите. Така да тие луѓе кои го пишувале стариот завет сигурно не се апостоли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom