ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
малце ке одам оф топоик ама морам.. добро познат прво и основно никој нема право ни тебе ни мене ни било кој во автобус кој се вози да те стане од сточле без разлика дали бил автобусот празен или полн дали бил тоа стар или млад човек.... станувањето е по соопствена иницијатива !!!

Почит према постари е друга работа... ако јас гледам дека е човекот стар и неможе да стои или е болен или поготово ако е бремена жена ке станам... не е проблем тоа но има една друга работа... Не е во ред некој да ти висне над глава и да почне да ти мрчи Ете таква е оваа младина без култура така ги воспитуваат од дома и ред други работи со цел за да те стане.. искрено на ваквите НИКОГАШ нема да им станам ама баш НИКОГАШ !!!

И... Трета работа е тоа што старите некад ептен претеруваат !!! како што кажа некој погоре.. се качуваат во автобус за 2 3 станици да отидат на пазар кај што патлиџанот или пиперот е поефтин за фантастични 2 денари БЕЗ ПРИТОА ДА РАЗМИСЛАТ дека се ставаат во ризик за нивното здравје а богами и живот... со оглед на тоа какви ни се автобусиве и шоферите шо мислат дека се во болит.. тешко на нив... и уште од озгора кога ке видам некоја баба натоварена со 10 кеси на неа а едвај стои и без нив тогаш ми се креваат црева.. влага во ризик за да заштеди 10 денара.. МНОГУ !!! ќар до колена зијан до гуша е работава
 
Хаха мене искрено кога би ми почнале да ми мрчат над глава леле каква е денес младинава невоспитани вакви такви ке го прашам абе деде ти коа си бил млад си им станувал ли на постарите? па да видам што ке ми каже
 
Bozo123 немој тоа да го прашуваш ептен у тесно ќе го стаиш... ќе го зезнеш, нема да знае што да ти каже :S:S
 
Леле денес у 5кава, мислам дека да влезев во пештера ќе имаше помлади фосили него во автобусов. Па и онаму кај раскрсницата на Веро си чека бусов на семафор и еден стар се разлупал мајсторе отворај :devil2: и додека да му докаже шоферов дека всушност семафориве не се станица...................
 
Леле денес у 5кава, мислам дека да влезев во пештера ќе имаше помлади фосили него во автобусов. Па и онаму кај раскрсницата на Веро си чека бусов на семафор и еден стар се разлупал мајсторе отворај :devil2: и додека да му докаже шоферов дека всушност семафориве не се станица...................

Во 15-ка па две баби почнаа да се расправаат зошто едната и седнала пред нос. Се испобуткаа,и едната и вика "Тргни ми го кромидот од пред очи и направи место да си поминам". Па еден дедо испадна џентлмен ќе се испотепаше за да ја седне теткава на негово место. Хаха, така не сум се смеел во живот. :)))))) А случка што ме изнервирала беше пред недела дена отприлика, бев седнат на првото столче одма до вратата и една баба ми завика да сум се преместел од другата страна - каде што имаше многу слободни места. Навистина ми беше жал што мораше дури еден метар да пооди, па станав. И они некогаш стварно немаат осет.
 
Да си се надополнам на револтот кој го имав вчера... Кога планираат во петок да окупираат јавен превоз овие пензионериве, во четврток нека се бањаат барем. Или чекаат да добијат и бесплатно вода и струја за тој ден за да не изиграваат подвижни радиоактивни суштества:nezz:

И што е со формула возењето на шоферите деновиве?
 
Мене највише ме нервира тоа шо пензионерине кај им е бесплатен превозот во петок, па уште и ти висат на глава и ти серат. Еднаш у еден автобус (беше петок) се расправаа една девојка и еден пензионер. Дедово нормално така сељачки и свика: Стани бре девојче да седнат постари луѓе. Девојкава најрамнодушно му рече: Си платил ли ти, па да седнеш? Јас сум платила карта, и имам право да седам ако има слободно место. И во право е девојката. Зошто пензионерите да бидат ослободени од плаќање билет? Од златната крава да не се тие? Штом една категорија граѓани се ослободени од плаќање (не е исто со: не плаќаат), тоа е дискриминација спрема останатите.
 
Петок строго со приватен.
Ем подобри автобуси, ем нема пензионери.
 
Кутрите вие како ли издржувате :/ Старциве многу ве малтретираат ://
 
А го заборавате моментот држач и врата. Ќе се качат и ќе се фатат за држачот со целото тело, не пуштаат ни туѓ прст да припари и стојат на врата, иако не се симнуваат во наредните 5 станици.
 
доволни се 2 патоци да се возиш за да го сватиш моментот Петок=ЈСП=Дедо/Баба
сум се возел, нишо не ми се десило
цело средно се возев во 22ки 4ки 5ки исто така ништо ми се нема десено
баш напротив, во 70% од случаите кога сум им понудувал на постари лица да седнат ме одбивале.
 
сум се возел, нишо не ми се десило
цело средно се возев во 22ки 4ки 5ки исто така ништо ми се нема десено
баш напротив, во 70% од случаите кога сум им понудувал на постари лица да седнат ме одбивале.
Дали ти кога беше средно пензионерскиот петок беше пуштен во употреба?
Дали сега се имаш возено во државен автобус во петок во периодот од 8-9 сабајле до кај 3-4 попладне?
 
сум се возел, нишо не ми се десило
цело средно се возев во 22ки 4ки 5ки исто така ништо ми се нема десено
баш напротив, во 70% од случаите кога сум им понудувал на постари лица да седнат ме одбивале.

Дваес двојки има на 5 минути, приватни и државни, почест автобус немам видено, еднаш додека чекав 5ка другарка 10 22ки ги испушти, ми вика ќе чекам да се качиш ти па ја ќе се качам, жал и падна ММЕ. Така да таму нема често гужви.
 
Минатата недела 4 дена седев у Скопје и секојдневно со автобуси. Али последнио ден баш Петок кога пензионерите имаат бесплатно возење толко ми се згади шо ќе поврнаах у автобусо. Кој смрде на прженици,кој има прша(првут) у косата,некоо баба мрсна коса,некоо запотана смрде.. гадно ми стана дури а се возаах едно 20-30 минути. :(((( Лошо искуство
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom