Од што исчезнале диносаурусите ?

Дали диносаурусите исчезнале како последица на судир на Земјата со астероид?

  • ДА

    Гласови: 84 52,8%
  • НЕ (постои друго објаснување)

    Гласови: 75 47,2%

  • Вкупно гласачи
    159

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Голем удар близу Индија (не Мексико) можеби ги убил диносаурусите


Огромен, мистериозен басен близу брегот на Индија можно е да е најголемиот т.н. мулти-прстенест ударен кратер, кој некогаш бил пронајден на Земјата. Ако оваа нова студија е точна, овој удар може да го надмине оној кој го создал кратерот Чиксулуб на полуостровот Јукатан во Мексико за кој се смета дека е одговорен за исчезнувањето на диносаурусите пред 65 милиони години. Санкар Чатерџи (Sankar Chatterjee) од Технолошкиот Универзитет на Тексас и тимот истражувачи ја испитуваа депресијата на дното на Индискиот Океан со дијаметар од 500 km, за која се верува дека е предизвикана од болид најверојатно 40 km во дијаметар. Таков настан би можел да покрене големи климатски промени, вклучувајќи и интензивна вулканска активност која довела до масовно истребување.

Уште од '90-те години на минатиот век се смета дека астероидот до дијаметар од 10 km, кој го формирал кратерот Чиксулуб во Мексико, е одговорен за истребувањето на диносаурусите. Овој удар можеби го предизивикал истребувањето, а ако не, ударот кој го формирал Шива кратерот, 300 000 години подоцна, сигурно го доуништил животот на Земјата.


Масовниот Шива басен е депресија која се наоѓа западно од Индија и денес масовно се експлоатира заради резервите на нафта и природен гас. Некои делови од овој кратер се меѓу најпродуктивните места на Земјата. Ако истражувачите се во право ова е најголемиот кратер на Земјата. Сепак, некои геолози не се согласуваат со ова тврдење дека депресијата е создадена од удар. Сметаат дека е тоа само дупка во Земјината кора, најверојатно предизвикана од вулканска активност. Но, Чатерџи сепак цврсто смета дека Шива е ударен кратер и смета дека геолошките докази се драматични. Надворешниот раб е груб, испрекинат и огромен. Тоа е прстен голем 500 km во дијаметар, опкружувајќи го централниот врв познат како Бомбај, кој е 5 километри над океанското дно (колку и планината МекКинли). Најголем дел од кратерот лежи на Индиската континентална плоча, но онаму каде што се среќава со брегот има гребени и топли извори. Ударот изгледа уништил поголем дел од 30 милји дебелиот гранитен слој на западниот дел од Индија. Ако големата депресија е предизвикана од удар, Земјината кора на местото на ударот би требало да испари оставајќи зад себе ултра-жежок материјал. По се изгледа ударот ги зголемил вулканските ерупции кои покриваат поголем дел од западна Индија. Уште повеќе, ударот ги оттргнал Сејшелските острови од Индиската тектонска плоча и тие се придвижиле кон Африка.

Истражувачкиот тим се надева дека ќе има можност да отиде да истражува во Индија до крајот на оваа година за да ги испита карпите ископани од центарот на кратерот, со цел да се соберат докази кои ќе покажат дека басенот е резултат на гигантски удар.

www.astronomija.com.mk
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
109
Поени од реакции
24
Ne mi se veruva deka se Dinosaurusive od meteor se iz4eznati.
Na kolku godini se obnovuvashe zemjata? Ne mi teknuva sea...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хаха.... дури темава е во почеток, шегаџијата кој ќе каже некоја "смешна" теорија добива црвен картон.
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Има теорија за исчезнувањето на динусаурсите која вели дека неможеле да ја преживеат ледената доба. Научно е докажано дека на земјата имало повеќе од една ледена доба ( онаа во која живееле неандерталците ) и дека е периодична, т.е. се повторува по одреден временски преиод. Таа трае од 100 000 до 200 000 години што е стварно голем период. Епа за време на овој период диносаурусите биле најголеми животни ( огромни ) и имале најголема потреба од храна. Помалите животни, како и оние подводни преживеале. Според мене, ако паднел толку голем астероид да можи да ја уништи целата раса на диносауруси, ќе ги уништел и сите помали видови, а исто така и сите подводни ( сеизмичките бранови од ударот мора да дејстуваат секаде каде што има копно, било да е под вода или суво ). А сите знаеме дека крокодилите, ајкулите и китовите датираат од времето на диносаурусите. :helou:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
Според мене, ако паднел толку голем астероид да можи да ја уништи целата раса на диносауруси, ќе ги уништел и сите помали видови, а исто така и сите подводни ( сеизмичките бранови од ударот мора да дејстуваат секаде каде што има копно, било да е под вода или суво ). А сите знаеме дека крокодилите, ајкулите и китовите датираат од времето на диносаурусите. :helou:
Според теоријата, диносаурусите не исчезнале веднаш по ударот на астериодот, туку во ледената доба што настанала по неговото паѓање.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Според теоријата, диносаурусите не исчезнале веднаш по ударот на астериодот, туку во ледената доба што настанала по неговото паѓање.
Е тоа веќе звучи логично...само штета што е теорија.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Од смрт :icon_lol:

Инаку, сметам дека дека морале да умрат. Се си има почеток и крај, кај и да е ќе останеме и без некои други животни, загрозените видови, а ќе дојде време и ние да бидеме минато за земјата.

Но сепак, од овие теорииве за глобално затоплување/ледено доба или шо и да е, ми е поверојатна отколку астероид.

А во филмот 2012 се објаснува дека еднаш во не знам колку иљади/миљони години се дешава порамнување на сите планети и поради тоа доаѓа до менување на половите и воедно хаос на земјава, затоа они изумреле а затоа и ние ќе умреме во 2012. Има некоја смисла и тоа.
 

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Според теоријата, диносаурусите не исчезнале веднаш по ударот на астериодот, туку во ледената доба што настанала по неговото паѓање.
Епа ок тогаш:smir:

А имаше и нешто као демек не исчезнале после ударот, туку со ударот како демек имало голема прашина која се кренала околу атмосферава така да имало недостаток од сонце и чист воздух... ама мене ова теорија ми е тро научна фантастика
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Според теоријата, диносаурусите не исчезнале веднаш по ударот на астериодот, туку во ледената доба што настанала по неговото паѓање.
Ова,ова ми е најлогично.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Епа ок тогаш:smir:

А имаше и нешто као демек не исчезнале после ударот, туку со ударот како демек имало голема прашина која се кренала околу атмосферава така да имало недостаток од сонце и чист воздух... ама мене ова теорија ми е тро научна фантастика
Па истата работа е .... голема прашина .... недостаток на сонце -> ледено доба :toe:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Големи биле , многу јаделе ..... дошла голема зима ( ice age ) и испоцркале за јадење
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.427
Поени од реакции
5.107
А имаше и нешто као демек не исчезнале после ударот, туку со ударот како демек имало голема прашина која се кренала околу атмосферава така да имало недостаток од сонце и чист воздух... ама мене ова теорија ми е тро научна фантастика
Е да баш така нешто...
Инаку тоа е поверојатно отколку да изумреле веднаш после ударот...
По ударот на астероид или пак по вулканска ерупција се исфрлаат огромно количество камења во атмосферата што ги блокираат сончевите зраци. Така да и не е многу научна фантастика.

Ова,ова ми е најлогично.
Би требало да е!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Е да баш така нешто...
Инаку тоа е поверојатно отколку да изумреле веднаш после ударот...
По ударот на астероид или пак по вулканска ерупција се исфрлаат огромно количество камења во атмосферата што ги блокираат сончевите зраци. Така да и не е многу научна фантастика.
и сончевите зраци биле блокирани толку долго што сите растенија изумреле со тоа изумреле и тревопасните динсосауруси со тоа изумреле и месојадните диносауруси? многу време е тоа бе...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Хаха.... дури темава е во почеток, шегаџијата кој ќе каже некоја "смешна" теорија добива црвен картон.
Зависи што подразбираш под "смешна" Apokalipto. Моите теории се секогаш "смешни"/"откачени". А имам таква и за ова, ама ај ќе внимавам што ќе дискутираат другиве , па ќе користам стандардни теории чим таков е случајов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom