http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116698
СЗО го предупреди министерство за здравство внимателно да го следи вакцинирањето поради појава на парализа кај десетина луѓе кои примиле вакцина.
Синдромот Жилан Баре,
го напаѓа нервниот систем и предизвикува парализа на нозете и рацете. Во извештајот се вели дека досега немало фатални случи. Дописот е испратен до министерствата во сите држави.
Од комисијата за пандемски грип велат дека нема причина да се сомневаме во квалитетот на вакцината, бидејќи секоја вакцина може да предизвика вакви несакани реакции, таа е дадена на 65 милиони луѓе.
„Тие навистина ако се јавиле, како што не се сомневам дека е така како резултат на давањето на вакцините, нема потреба од било какви паники, ниту потреба од укинување, односно прекинување на кампањите за вакцинирање, од проста причина што, толкавата стапка, или зачестеност на ваквите трагични, несакани дејства, е во рамките под очекувањата. Секако ние сме во постојан контакт со СЗО, и имајќи предвид дека таа ги следи на планетарно ниво случувањата, ќе постапуваме онака како што ќе бидат препораките од таа агенција“, вели Драган Даниловски, епидемиолог.
Канада стопираше цела серија на вакцината против новиот тип на вирус А Х1Н1, откако кај шест луѓе се појавила силна алергиска реакција. Јавната агенција за здравство на Канада побарала од шест канадски провинции
да повлечат од употреба 172 илјади дози на спорната вакцина која е произведена од компанијата Глаксо Смит Клајн.
„Производителот Глаксо Смит Клајн побара од нас да не ја користиме вакцината во овој момент “ изјави др. Џоел Кетнер, оддел за здравство на Манитоба.
„Тоа е сериозна работа. Може да предизвика и смртни последици. За среќа засега е релативно ретка појава“, рече др. Нил Раб.
Според канадските власти сите шестина пациенти претрпеле сериозен анафилактичен шок, кој може да заврши исо сериозни последици и смрт. Светската здравствена организација потврди дека е известена за овој потег на канадските власти. Македонија порача вакцини од компанијата Новартис за кои експертите тврдат дека е безбедна.
Македонија доби донација од 5.000 вакцини од Турција, кои ќе ги искористи за вакцинација на медицинскиот персонал.
Но, одзивот кај медицинскиот персонал е слаб, тие одбиваат да ги примат вакцините. Уште сто илјади дози од порачаните 800 илјади земјава ги очекува кон крајот на месецот, а најголемиот контингент се очекува да стигне во јануари. Денеска Хрватска ги доби првите дози од вакцината против новиот грип, таму имунизацијата ќе почне од петок.
Ајде заморчиња кој е на ред за вакцина