?
..........
Гостин
Србија го поддржува ставот на Грција во спорот за името на Македонија, за кој смета дека е разумен, урамнотежен и рационален.
Ова го порача српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ по средбата во Белград со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас.
Јеремиќ вчера уште рече дека Србија има разбирање за ставот на Грција по прашањето за името на државата чиј главен град е Скопје, имајќи предвид дека тоа е многу деликатно прашање, пренесе агенцијата Фонет.
Друцас во Белград предложи агенда сите земји од регионот до 2014 година да станат членки на Европската унија.
„Станува збор за мошне важен предлог, кој има симболично значење, бидејќи во 2014 година се одбележуваат сто години од почетокот на Првата светска војна. Почетокот на Првата светска војна е корен на сите рани кои и денес постојат на Балканот“, истакна Друцас по средбата со Јеремиќ.
Грчкиот министер во рамките на балканската турнеја ќе ги посети уште Црна гора, Босна и Херцеговина и Албанија.