Ник Стојан

  • Креатор на темата Креатор на темата Eisenhorn
  • Време на започнување Време на започнување

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
9.795
Има да шизнат Грците од филмот. али само трејлерот го имам, знае ли некој други информации?

ик Стојан, маринец на должност во Косово, открива дека да се биде Американец во Грција е една работа. Но да се биде Американец со Македонско потекло е сосема друго. Мала промена во судбината го претвара сонот за посета на родното место на таткому во ноќна мора. Разделен од својата фамилија, тој е соочен со борбата за преживување во земјата позната под името ЕЛАДА...... Другата Грција
 
ауууу... јако филмче... баш чекам да излезе... некое инфо??? кога ке искочи???:vozbud:
 
ок... а на клипот пишува нешто Божиќ 2009... како и да е,за месец ипол го чекаме филмов...

Па нормално де. Божиќ во Католичкиот свет па и поголемиот Православен свет е на 25 декември...

Интересна приказна (за нас) али се гледа дека е нискобуџетен филмов па со тоа мислам дека нема нешто да има влијание.
 
Од кај излезе филмов жити мене :)


Него се надевам нема никако да го попречат неговото појавување...
 
Добра идеја, лоша реализација.
А финтата е што воопшто и не знаеме дека ова ќе биде филм. Има нешто официјално?
 
Добра идеја, лоша реализација.
А финтата е што воопшто и не знаеме дека ова ќе биде филм. Има нешто официјално?

Уште не сме го ни виделе филмот за да збориме за негова ваква или онаква реализација.

Еден Егеец, еден маринец и ЕДНА ПОИНАКВА ГРЦИЈА


Ноември 2007. Бондстил. Американскиот маринец, Ник Стојан, е распореден на Косово. Српско-косовската манџа со американски пипер воопшто не е важна во целава приказна, туку маринецот и не само затоа што е маринец, туку затоа што има македонско потекло... всушност македонско потекло, ама од Егејска Македонија.
Ник Стојан добил аманет од татко си, кој којзнае кога заминал во пуста јабана, кога-тогаш да ја однесе фамилијата да ја видат неговата родна куќа во Воден. Така, нашиов маринец, добивајќи 15 дневно отсуство решава да не се враќа бадијала преку барата, туку да ја повика фамилијата и заедно да одат до Воден, зашто секако тој е тука, на чекор до родниот град на татко му. И, трга тој кон

елиники демократиа
арно ама таму го снајдуваат еден куп неволји. А тие, почнуваа вака: Гледа маринецов еден македонски возач на камион врз кого грчките полицајци се изживуваат - го тераат да ги брише ознаките “мк” од регистерските таблички и слични глупости... И, нормално, се вмешува, барајќи да не го малтретираат човеков. Од збор на збор, кој си шо си - почнува тепачка со џандарите и пет-шестмина од нив ги прави ренде. Подоцна грчката полиција го приведува и го затвора во атинскиот затвор Корјатсилос. Ник Стојан, маринец на должност на Косово, открива дека да се биде Американец во грција е една работа, но да се биде Американец со македонско потекло е сосема друго.
Сослушување и тортура во Корјатсилос:
- Кој си?
- Американски маринец!
Следи ќотек.
- Кој си?
- Американски маринец!
Пак ќотек, (А, како поинаку може да биде во затвореничка ќелија?)
- Мислиш дека пасошот те прави Американец? Кај одиш?
- Во Воден.
- Охи Воден! Едеса, гамото!
- Кога-тогаш, ќе направиш грешка и тогаш ќе те убијам, му вели Ник на затворскиот тепач.
Пак ќотек.
И, така, маринецов скапан од ќотек, го фрлаат во

Темна зандана
Таму пак, во ќошот седи едно чиче. Цимерите, нормално започнуваат муабет и, пак нормално, Ник си ја кажува својата приказна. Излегува дека чичево се знаел со татко му, биле другари од детството, биле куќа до куќа во Воден!
Во меѓувреме, ЦИА дознава што се случило со американскиот војник и почнуваат акција за негово ослободување. За да не избие скандал, колегите од американските и грчките тајни служби се договараат да инсценираат бегство на Ник Стојан и да се покрие секаква трага за настанот - ни лук јал, ни лук мирисал! Така, една ноќ, хеликоптер (без никакви ознаки) доаѓа над затворот, а ќелијата на маринецот (и на чичето) затворџиите “заборавиле” да ја заклучат. Се е подготвено за бегство.
Арно ама, ете ти беља, Ник вели: “Со мене доаѓа и ова старче, Ако не иди тој, не доаѓам ни јас”. Виделе не виделе, го земаат и него. Правец - Бондстил, Косово. Доаѓаат некаде до границата кон Меџитлија и маринецот вели:
- Кочи мајсторе! Врти го хеликоптерот назад, кон Воден!
Спасувачите во хеликоптерот негодуваат. Едно, немаат такви инструкции. Второ, се се прави да се избегне меѓудржавен скандал. Трето, ако се вратат - ете ти голема беља!
Ник е упорен и... хеликоптерот се враќа назад!
И сега, замислете сцена - борбен хеликоптер баботи над воденските водопади, а внатре едно старче му објаснува на американски маринец: “Ваа е кујќ'та на бајчо ти Танасе, воа е мој'та кујќа, а ваа згора е кујќ'та на татко ти Вангел...”

***
Вака некако треба да изгледа еден нов акционен филм кој наскоро треба да излезе од холивудските филмски куќи. Сценариото се базира на вистински настан, но нормално, зачинето е со многу трикови од филмскиот занает. Работната верзија на овој рамбо-филм е “Една поинаква грција”. Се вели дека зад проектот стои македонското лоби од САД и Канада. Неофицијално, за проектот бил заинтересиран познатиот режисер од македонско потекло, Вилијам-Тед Кочеф, познат како режисер на “Рамбо” (“First Blood” од 1982) и на низа други култни филмови (на пр. со Чарлс Бронсон и сл.) Кочеф, иако во поодминати години (78) покажал невиден ентузијазам и многу веројатно дека овој сегашен жител на Беверли Хилс ќе вмеша прсти во филмскиов пеницилин за грчката “демократија”.
Идејата е да се направи рамка на класичен акционен филм, со многу тепачки, пукање и бркање, а содржината да проговори за вистината која грција упорно се обидува да ја скрие. Заради тоа што грците и силното грчко лоби во САД, очекувано, ќе кренат голема галама и ќе негодуваат, популарноста на филмот трикратно ќе биде поголема. Тоа значи бесплатен маркетинг и одличен финансиски ефект, а елиники демократиа ќе биде прикажана во едно поинакви светло.
http://en.wikipedia.org/wiki/Ted_Kotcheff
http://www.ego.com.mk/arhiva/92-207/302-edna-poinakva-grcija.html

:helou:
 

So prevod za tie sto ne razbiraat!!!
 
Другар ми што ми го пушти линкот ми кажа дека режисерот на Рамбо го режира филмот. Се надевам дека ке биде акција со многу пукање.
 
Уште не сме го ни виделе филмот за да збориме за негова ваква или онаква реализација.
:helou:
Финтата е што од една сцена се гледа дека е лоша реализацијата... Ефтино делува. Се надевам дека нема да биде таков целиот филм, пошто акција и ефтини сцени = комедија.
 
Финтата е што од една сцена се гледа дека е лоша реализацијата... Ефтино делува. Се надевам дека нема да биде таков целиот филм, пошто акција и ефтини сцени = комедија.

Според можностите бе Ацид, сигурно нема да бркаме номинација за Оскар со филмов :)

Досега сме немале вистински акционен филм, освен делумно Прашина на Милчо.

Сценава од тизеров ме потсеќа на една холивудска класика според која беа снимани 90% од акционите филмови од Рамбо до Џо- Американска Нинџа, меѓутоа сепак беа популарни, а нам веројатно најважно ни е да се чуе приказната од филмот.

Добар е, провокативен, ќе има крв осеќам :) ми се допаѓа тоа што не е уште еден типичен балкански филм за Ромите, војната во Југославија и сл. излитени сценарија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom