Кој изнајмува соби да плаќа поскапа струја

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Изнајмувачите на станови во Охрид деновиве добија известување од ЕВН дека од следниот месец треба да плаќаат струја по индустриска цена, потврдуваат од Општина Охрид. До инспекторите за туризам се доставени илјадници поплаки и жалби, со кои охриѓани прашуваат врз основа на која законска одлука граѓаните што издаваат соби или станови на туристи треба да платат струја по истата цена која важи за секоја регистрирана фирма. - Во истата куќа во која одредени соби се издаваат под кирија домаќинката готви за своето семејство, а и за гостите ако бараат храна. Како може домаќинката за манџата што ја готви да плаќа струја по индустриска цена, само затоа што изнајмила кревет на некој гостин? - прашува Танас Танасковски, раководител на Инспекцијата за туризам во Охрид. Тој нагласи дека Општината во име на изнајмувачите на станови ќе го информира Здружението за заштита на потрошувачи и ќе покренат жалба до Државниот пазарен инспекторат, која треба да провери врз основа на кој закон ЕВН бара од издавачите на соби, покрај туристичка такса, да плаќаат стрија по индустриска цена. Од ЕВН тврдат дека, според тарифниот модел и постојните законски регулативи, секој што е регистриран како трговец и со својата дејност што ја објавува остварува профит треба да плаќа индустриска струја. - Објекти или делови од објекти што служат за одмор и рекреација подлежат под категоријата потрошувачи на индустриска електрична енергија. Од ова, според законските регулативи и тарифниот модел, се изземени само детските одморалишта. Објектите што се издаваат за домување (издавање под наем на семејства и студенти за привремено живеење) не плаќаат индустриска електрична енергија затоа што спаѓаат во категоријата домаќинства - вели Атанас Ковачески, портпарол на ЕВН. Од Регулаторната комисија за енергетика, пак, тврдат дека според мрежните правила за дистрибуција, само фирма што извршува стопанска дејност може да плаќа струја по индустриска цена. Оваа струја е речиси три пари повисока од таа за домаќинствата. - Барањето на ЕВН од семејствата кои издаваат станови, соби или легла на кираџии и гости не е законско бидејќи цената се пресметува според тарифник на потрошена електрична енергија на домаќинства - вели Влатко Гаврилов од Регулаторната комисија за енергетика. И од Здружението на хотелиери (ХОТАМ) тврдат дека нема законска основа за сметки со цена на индустриска струја бидејќи, според Законот за туризам, е дозволено секое семејство како дополнителна дејност да издава десет легла за туристи како дополнителна дејност, без да регистрира фирма. - Ако Законот за туризам се смени и се внесе одредба која обврзува секој граѓанин што сака да издава макар едно легло дека мора да основа фирма или да се регистрира како трговец-поединец, тогаш ќе постои законска основа да плаќа индустриска цена на струјата. Со сегашниве законски прописи, тоа е оневозможено - тврди Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ. Тој нагласи дека индустриска цена на струјата може да платат само туристичките агенции бидејќи тие се регистрирани како фирма, но во Охрид, според него, нема агенции кои поседуваат имот, туку само посредуваат за издавање туѓи станови кои не се во нивна сопственост. Според податоците на Локалната самоуправа, во Охрид се пријавени околу 2.000 куќи во кои се изнајмуваат легла, но во повеќето од нив живеат самите сопственици на куќите. Со нивното регистрирање во Општината, куќите се категоризирани како сите туристички објекти: некои од нив имаат категорија на апартмани со една ѕвездичка или со две ѕвездички. Заработувањето од туризам не се случува само во Охрид, туку и во Струга, Маврово, Крушево и во сите други градови и села во Македонија, каде што се издаваат соби, а кираџии има во секое место во земјава.

Ќе има хаос во туризмот

Од Општина Охрид ги поддржуваат граѓаните кои сметаат дека барањето на ЕВН за наплата на индустриска струја од изнајмувачите на станови и куќи е нелогично затоа што тие се издаваат само за време на туристичката сезона.
- Ова ќе направи хаос во туризмот. Тамам успеавме да застанеме на патот на сивата економија со тоа што ги убедивме издавачите на станови да се регистрираат во Општината и да побараат одобрение од Локалната самоуправа за да издаваат легла, сега сите наши напори ќе паднат во вода. Кој може финансиски да издржи да плаќа толку скапа струја и други комуналии, мислам дека голем дел од нив нелегално ќе изнајмуваат соби за туристи – вели Никола Маневски, портпарол на Општина Охрид.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126348
----------------------------------------------------------------------
Уште една глупост на онаа крвопијска компанија наречена ЕВН.Не можејки да си наплатат долгови во рамковните средини воведуваат некои глупи додатни давачки во другите делови каде скоро сите ја плаќаат струјата.Пази еј,некој кој издава соба еден месец во годината,да плаќа цела година индустриска струја.Па има некој со грам мозок во таа кретенска компанија???Абе во право е Владата кога влегува во конфликт со овие дебили.
И дали само во Охрид се издаваат станови на туристи???А Струга,Крушево,Скопје,Дојран...???:tapp:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Плека полека......ќе плаќаат сите кои изнајмуваат соби.....и за сите други ќе смислат некоја "рамно даночна заебанција " зарем мислевте дека робовладетелството е киндергартен???? Германските евреи се бе добри само за одстрел како рогат дивеч , а не да ги пуштиш у двор, па уште да им продаваш национално богатство....:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Законски не смеат (фирма, давачки, поврат на данок...и слични причини кои приватниците ги знаат повеќе), а сега што се ќе е во игра (и кој) не знам. Али добро е што се ангажирал Дончо, здруженијата и други субјекти. Нека ја истераат до крај, доста дупат овие ЕВН кого како стигнат пошто фино си стои -семејство кое издава соба, а не фирма која издава соба. Ако исполнува услов за фирма, тогаш ок. Вака, веќе видено...плус профит од македонецот не е на одмет...е*ати дивиот запад е*ати.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Па ево проба Владата да и застане на патот на оваа крвопијска фирма па се крена цела ЕУ.Демек против странски инвестиции,па судови,бла,бла...:tapp:
Едноставно важни државни фирми не смеат да се продаваат.Со новиве газди се остана исто,само што добивме поскапа струја.:toe:
 
?

..........

Гостин
па нетреба да се продават такви фирми нормално........ништо не се промени со афстријциве,....само поскапа струја,..
пред некое време од кратки прекини на струја ми рикна телевизор од 23 000 илјади..мамата нивна ....
инаку рекламите ЕВН секогаш тука за вас:drk:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да,да,секогаш тука за вас...да ви наплати и за тие кои не плаќаат.:tapp:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да,да,секогаш тука за вас...да ви наплати и за тие кои не плаќаат.:tapp:
Струјата во Европа се продава за иста цена кон сите потрошувачи,а нејзината крајна цена кон корисниците е далеку пониска одколку во Македонија,каде за одредени субјекти изнесува 12 центи од киловат,па можеби оние кој не плаќаат се и во право.:toe:
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Струјата во Европа се продава за иста цена кон сите потрошувачи,а нејзината крајна цена кон корисниците е далеку пониска одколку во Македонија,каде за одредени субјекти изнесува 12 центи од киловат,па можеби оние кој не плаќаат се и во право.:toe:
Ова не е точно. Живее во Германија, каде струјата кошта дупло отколку овде и насекаде на балканот е поскапа.

Инаку за поскапувањето на струјата мислев и јас дека австријците се криви, но не е така. Барав на интернет и видов дека со последното покачување на струјата, на почетокот на минатата година ЕВН доби најмалку. Покачувањето си го поделија ЕЛЕМ и МЕПСО. И со наредното покачување ќе биде така.

Тоа би значело не ду..т македонциве на сметка на австијциве, ко ние да сме глупи и да не може да провериме.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
А дали истото ќе се случува со сите оние кои изнајмуваат станови во скопје?
Мислам работава со поскапа струја донекаде има логика , а исто би требало да се издаваат фискални сметки како секој друг трговец и сите што изнајмуваат да плаќаат данок.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
26
Поени од реакции
0
kokiche :))

:tv: toa Ohriganine, site treba da plakat poskapa struja. cel grad ostvaruva dobivka od turizam. se toa po 15% + da plakaat :tv:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
:tv: toa Ohriganine, site treba da plakat poskapa struja. cel grad ostvaruva dobivka od turizam. se toa po 15% + da plakaat :tv:
Ајде важи ќе плаќаме ние + 15 проценти. Ама тогаш и Прилепчани да плаќаат 15% повеќе за цигари, Кочанци да си плаќаат 15% за оризот, РЕсен да плаќаат 15% за јаболката, Струмичани да си плаќаат 15% појќе за пиперки ...... (или намалат ми ја сваќате поентата).

:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom