Виктор Карамарков од Скопје е серискиот убиец - бројот на убиени сеуште непознат!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Признал се за да си олесни на душата Скопскиот осомничен сериски убиец Виктор Карамарков, познат како Шеќерот, јаде, пие, ги слуша стражарите, мирен е и ја прима задолжителната метадонска терапија, вака накусо изгледаат неговите досегашните пет дена во КПД „Идризово“, велат од Управата за извршување санкции. Карамарков во затворот го чуваат стражари 24 часа, така било наредено од истражните органи бидејќи 30-годишното момче има самоубиствени мисли и може да искористи можност да се самоубие. Пред да дојде в затвор, тој очи в очи разговарал со истражен судија во скопскиот Кривичен суд. Не криел ништо, признал дека во полиција ја кажал вистината и повторно ги опишал делата за кои е приведен. Карамарков, како што неофицијално дознаваме, во истрагата рекол дека мора да ги признае убиствата за да се спаси од гревовите, маките и да нема веќе страшни соништа. - Се каам за се што направив, а сега откако признав се полесно ми е на душата - биле последните зборови на Виктор Карамарков кажани на заминување по разговорот со истражните органи на кои им признал како ги убил четирите жени и како исто толку се спасиле од неговата секира. Скопскиот убиец, кого полицијата го нарече Раскољников, убивал жени на возраст од 69 до 83 години. - За жал, неговите жртви се починати, но се надеваме дека осомничениот ќе ја добие заслужената казна, иако знаеме дека таа не може да биде некаква утеха за нивните семејства - велат од МВР.
Карамарков ги збунил полициските аналитичарите и со начинот на кој функционирал, односно убиствата не биле долго време планирани и немало шема според која би се утврдил кој е убиецот, кога ќе биде следното убиство, каде и кого ќе нападне. - Има еден факт, кој мора да се спомне, а тоа е неговата интелигенција.
Осомничениот Карамарков жртвите ги избирал по своја процена, дали и колку би можеле да му дадат отпор и да се спасат. Сите седум се жени, биле сами и незаштитени, а тој не водел сметка за материјалната ситуираност на жртвите и за пленот со кој би можел да си замине - велат од МВР.

Мирното момче од соседството - тивок и брутален убиец

Виктор никогаш не бил малтретиран од мајка си, тврдат соседите и пријателите на осомничениот сериски убиец

1%5B7%5D.jpg
transparent.gif
Мол, шок и неверување кај соседите на семејството Карамаркови. Никој не сака да коментира за момчето од нивната улица Виктор Карамарков, кој вчера и официјално беше обвинет како третиот сериски убиец во Македонија.

Пријателите и соседите ја потврдуваат приказната на МВР за Виктор, за среќата и за тагата, за подемот и пропаста на ова момче. Од бистар ученик до наркозависник и ситен крадец.

Според нивните приказни, Виктор бил момче што сите го сакале. Тие вината ја лоцираат кај неговата зависност од хероин. Соседите тврдат дека Виктор почнал да се дрогира пред повеќе од пет години, кога бил во врска со девојка, исто така зависник. Оттогаш тој одел само надолу. Од почит кон неговата мајка, му наоѓале понекоја работа, но тој не можел да задржи ниту едно работно место оти поткраднувал од касата.

- Не крадеше по многу, ситно за дрога. Му велевме да престане, но бадијала. Еден мој пријател го молев за да го прими на работа. По неколку дена ми се јави да ми каже дека го избркал оти го фатил како краде. По неколку часа го видов како се тетерави по улицата како пијан одејќи дома. Ми тврдеше дека имал мака, оти не сакал да краде. Толку ме изнервира што му удрив шлаканица, но Виктор никогаш не ми се налути за тоа - раскажува соседот.

Сите велат дека сé уште не можат да поверуваат оти тој можел да убие човек, а камоли да биде сериски убиец. Не бил насилник и немал насилна природа, велат тие.

Она што најмногу ги револтира е приказната за неговата мајка. Социопатолошки случај што го малтретирала во младоста.

- Тоа се невистини. Виктор лажел за да се „извади“. Па дали тој ќе живееше под овој покрив да беше таква мајка му. Таа е златна жена. За неа ми е најмногу жал - вели сосетката на Карамаркови.

Мајката на Виктор и вчера беше во болница, каде што е задржана на лекување. Таа е во шок по веста за нејзиниот син, за кого правела и давала сé.

- Да влезеш да видиш на што спие жената. Сé продаде заради Виктор. Се задолжи по банки и кај лихвари само за да го излечи. Трипати го испраќаше на лекување. Работеше како аргат и чистеше низ домови само да скрпи некоја пара за да врати долг и да купи храна. Паметам, секое утро и таа на врата со него, ќе го испрати да бара работа за да донесе некој денар и ќе му тутне 100 денари во џебот за цигари и за појадок. Тоа ли е патолошки случај, луѓе - вели соседот.

Екипата на „Нова Македонија“ вчера ги посети домовите на сите жртви на Карамарков. Она што и лаик може да забележи е дека тој внимателно ги избирал. На вратите од повеќето домови сé уште стоеше пломбата од полицијата. Кај соседите, кои не сакаа многу да разговараат, видливо беше олеснувањето што монструмот е зад решетки. Првиот сосед на убиената Елена Митева, постар човек, вели дека Карамарков не дошол на неговата врата, ниту пак дека го забележил. Истото го тврди и човекот што живее врата до врата со починатата Вера Богоева. Тој бил невидлив. Три од неговите жртви живеат во станбени згради со над дваесетина стана, а ниту еден од станарите не го видел или забележил.

Злосторствата според полицијата Карамарков не ги правел според однапред простудирана шема или план. И затоа не можело да се предвиди каде ќе биде следниот напад. Првото убиство се случи во населбата Бутел 2, а на 15-ти минатиот месец двата напада биле во станбена зграда спроти Воената болница и спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ во населбата Мичурин. Пет дена подоцна жртвата била нападната во зграда спроти болницата „Систина“, а наредниот ден во ТЦ „Мавровка“. Фаталната грешка е нападот на Смиљана Петровска, која живее на улицата Железничка, на само неколку стотини метри од седиштето на МВР. На излегување тој е снимен од безбедносните камери на „Зираат банкаси“, која се наоѓа од спротивната страна на улицата.

Вчера ја посетивме и црквата „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров каде што Карамарков по секое убиство одел да се исповеда и да запали свеќа. Оттаму велат дека не го познаваат и дека е можно тој да ја кажува вистината, но во црквата секојдневно доаѓаат стотици верници, така што не можеле да го запамтат. Тие ја исклучуваат можноста тој таму се исповедал за злосторствата на свештено лице.

Нови детали околу Карамарков нема. Од МВР велат дека кривична пријава нема да биде поднесена против лицето што ги откупувало половните телевизори што убиецот ги продавал, а каде што и ја заборавил првата секира со која извршил две убиства.
 
Признал се за да си олесни на душата Скопскиот осомничен сериски убиец Виктор Карамарков...Се каам за се што направив, а сега откако признав се полесно ми е на душата - биле последните зборови на Виктор Карамарков кажани на заминување по разговорот со истражните органи на кои им признал како ги убил четирите жени и како исто толку се спасиле од неговата секира.
Клошариште џаначко глупо. Може му е полесно на душата, ама на анусот нема да му биде.
 
Жената се жртвувала сама а се пуштаат муабети дека била распуштеница и дека го малтретирала.
Ако соседот не знае, тогаш не знам кој знае.
Имал сè што можело да му се понуди и сè отфрлил.
И ова створење од човек не е умоболно?
Веќе што и да прочитам за монструмов повеќе и повеќе ме вознемирува.
Способен да ја окриви мајка си за да се извади за делата кои ги направил. Според ова, ништо чудно ако не го фатеа и она да завршеше со секира по глава.

Тешко на мајка му...:zid:
Ја жалам затоа што цел живот се обидувала да изгради човек кој на крај не само што ја понижува со она што го прави, туку и ја окривува за неговите злодела.
 
Гладиус, каде работела мајка му цел живот? Има ден работен стаж?
Што ти кажал соседот за кутрата мајка, дека 30 години работи во фирма што ја малтретираат само да заработи за него?:tapp:
 
Гладиус, каде работела мајка му цел живот? Има ден работен стаж?
Што ти кажал соседот за кутрата мајка, дека 30 години работи во фирма што ја малтретираат само да заработи за него?:tapp:
Вака сега. Ако на сите соседи им е жал за Виктор (а очигледно им е) веднаш ќе ја нападнеа мајката како таа е крива за неговото однесување ако навистина го тепала. Веднаш ќе беше обивнета дека го тепала и малтретирала. Наместо тоа, соседите не можат да си поверуваат дека и покрај тоа што мајка му на било кој начин му обезбедувала покрив над глава и леб за на маса тој ја обвинува дека го малтретирала како мал.
За да подигне кредит од банка мора да биде вработена.
Освен ако соседите не лажат за кредитот, значи дека мајката била вработена. Кредитот не го даваат туку така. Треба гаранција дека ќе се врати, па ако ги занемариме и жирантите ете останува да подигнала сама.
Меѓутоа мора доказ дека е во работен однос.
Е сега ако соседите лажат, не знам.
За мене овој сепак ќе остане болен.
 
За мене овој сепак ќе остане болен.
Болен и според мене кој не заслужува ден живот. И кому му се виновни сите-цела држава што е болен и што убивал, како што беше општеството виновно за Чикатило или охриѓанецот.
Али учени сме на групна кривица, полесно е за преболување:smir:
 
Некој од соседите лажат, повеќе од очигледно е.
Болен е, оболен уште од кога е роден, се согласувам.
 
Болен и според мене кој не заслужува ден живот. И кому му се виновни сите-цела држава што е болен и што убивал, како што беше општеството виновно за Чикатило или охриѓанецот.
Али учени сме на групна кривица, полесно е за преболување:smir:
Не дека е полесно за преболување, туку дефакто личноста ја гради семејството и улицата, то ест општеството.
Гладиус напиша:
Жената се жртвувала сама а се пуштаат муабети дека била распуштеница и дека го малтретирала.
Ако соседот не знае, тогаш не знам кој знае.
Имал сè што можело да му се понуди и сè отфрлил.
И ова створење од човек не е умоболно?
Веќе што и да прочитам за монструмов повеќе и повеќе ме вознемирува.
Способен да ја окриви мајка си за да се извади за делата кои ги направил. Според ова, ништо чудно ако не го фатеа и она да завршеше со секира по глава.
Во никој случај не може соседот да биде меродавен. И ако пуштиш вести, никој на телевизија, ниту по весници не вика “Абе тој беше наркоманче“. Такви муабети се кажуваат позади грб, коа ќе искључиш камера или не се кажуваат. За мртвите и жртвите, увек све најбоље.

И не знам како тоа не можеш да го сфатиш (и сите кои се сложуваат), дека психички растроената личност никаде во светот не се осудува како крив.
И кога викаш монструм, само да те потсетам дека секој еден кој го гледаш по улица, вклучувајќи го и твоето сопствено огледало, крие лик кој само чека да биде пуштен од ланец. Ние (луѓето) сме ѕверови, како волците, плус имаме бујна имагинација и неограничени можности за касапење. Општествените норми не држат да се толерираме малку од малку меѓусебно и да не се претвориме сите до еден во силувачи, убијци, и сите девијации кои ќе ти текнат, плус неколку за кои не си свесен.

Затоа, кога викаш монструм, само имај на ум дека тој е истиот човек како и ти, без онаа ронка разум и свест. Тој ја изгубил некаде по патот...
 
А на семејствата чии луге се убиени од него така без везе да ги снема ???:helou::uvo:
Ги спомнав нив веќе:
Ниедна социјална служба не треба да сноси одговорност за некој што не побарал помош. Они не гледаат на гравчиња дали имаш родители и какви ти се. Шо демек, нас по дома све ни цвета... Нема оправдување, едноставно нема! И не можам да поверувам дека добар дел од вас барате оправдание. Тоа што бил првенец на генерација, можел да го искористи малку пософистицирано отколку во планирање убиства. Беспомошен бил, душиче, курци палци... Тоа бабите ни еднаш не ги сожаливте. Господе боже.
 
Не дека е полесно за преболување, туку дефакто личноста ја гради семејството и улицата, то ест општеството.
Абе Викторе, општеството го прави човекот да е супербогат, суперсиромашен, скромен или нескромен, мангуп, швалер...тоа е познато за општеството, нормално е дека те формира како човек или нечовек во одреден правец, зависно од многу фактори во тоа општество.
Но...
И не знам како тоа не можеш да го сфатиш (и сите кои се сложуваат), дека психички растроената личност никаде во светот не се осудува како крив.
според ова (не знам од правен аспект-но ме интересира реално), сметаш дека тој не е крив? Дали тогаш педофилите што зачестија низ државава се криви? Или некој ако те начека на улица (као овој што правел)...дали тој е крив?

Затоа, кога викаш монструм, само имај на ум дека тој е истиот човек како и ти, без онаа ронка разум и свест. Тој ја изгубил некаде по патот...
Значи ова колку зависи од околината, толку и од состојбата на мозокот (поедноставно-болест). Инаку и Дали и Ниче и Сталин и Цезарионите биле као ние ама имале некој дел од мозокот поразвиен во комбинација со соодветни надворешни услови.

Да додадам уште ова. Убил, виновен е, уништил многу фамилии, истепал многу луѓе...Причината ја оставаме на психијатријата, на научниците. А институциите кај нас е познато дека не функционираат али ради сплет на околности.
Пример, кога последен пат некој пријавил некого дека си го тепа прекумерно детето? Ии дека си ја малтретира/тепа жената...и слично? Едно што тие институции немаат граФчиња, друго што не функционираат ко што треба.
 
Не дека е полесно за преболување, туку дефакто личноста ја гради семејството и улицата, то ест општеството.

Ги заборави средствата за информирање, телевизорот , интернетот, музиката која се слуша. Веќе не се внимава што се дава на ТВ, коа бев помал коа имаше бакнување или убивање на телевизија мајка ми ми ги затвораше очите. Неможе да се дозволи на телевизија да даваат насилни филмови, со силување девојки, луѓето да се диват на интелегенцијата на серискити убијци, па некој да посака да се испроба во тоа поле.Плус игрите со убивање, не дека не сум играл, ама она е претерано. Волци вс УЧК. Не само што децата се радуваат на убивање туку и омраза предизвикува. Овие што ги набројав, се повеќе земаат замав, тоа може да се забележи со таканаречената напредна денешна младина. Светот се менува па така и луѓето и приоритите, секако ништо неможе да го оправда делото на Виктор, кој ја "престави" Македонија низ весниците во нејзината темна страна. Ако е овде такво влијанието, можам да замислам како е на запад.

Се надевам не избегав многу од темата, но овој лик и симболичната поврзаност со Раскољников, ме натера да размислувам на оваа тема.
 
Абе Викторе, општеството го прави човекот да е супербогат, суперсиромашен, скромен или нескромен, мангуп, швалер...тоа е познато за општеството, нормално е дека те формира како човек или нечовек во одреден правец, зависно од многу фактори во тоа општество.
Но...
според ова (не знам од правен аспект-но ме интересира реално), сметаш дека тој не е крив? Дали тогаш педофилите што зачестија низ државава се криви? Или некој ако те начека на улица (као овој што правел)...дали тој е крив?

Значи ова колку зависи од околината, толку и од состојбата на мозокот (поедноставно-болест). Инаку и Дали и Ниче и Сталин и Цезарионите биле као ние ама имале некој дел од мозокот поразвиен во комбинација со соодветни надворешни услови.
Секако дека е крив, бидејќи некој мора да биде посочен за убиствата. Само што не може да се обвини туку така... клада!!!!
Затоа и постојат институции каде се третираат тие болни, инаку полесно е и него секирата у глава и создравје. На тој начин само човек покажува колку не се развил у мозокот иако е 21 век. На крај краева, можеби да ги убиеме сите различни од нас, оние кои се ниски, оние кои зборуваат на битолски акцент, и оние кои имаат долга коса. А да, и металците, маму им ебам наркоманска...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom