Историјата си е термин кој е многу постар од францускиот збор и кој термин си значи точно тоа како што си е и запишан : СТОРЕНИЕ. Првата буква “И“ е во сличен контекст на “и-спиено“, “и-звршено“, “и-зодено“ и така си имаме : “И-сторено“. А зошто Херодот пак така го нарекол своето дело “Историја“, оти не искористил грчки збор?
Да не бегам од темата... Тројанците не биле прататковци на Словените, од едноставна причина што Словени како народ не постојат. Словени се група на народи кои се сродни по обичаите, културата, верувањата и т.н. па затоа подоцна се наречени со заедничкото име Словени (може да се рече само дека Тројанците биле дел од Словенските народи, одн. племиња кои отсекогаш постоеле на овие простори под разни племенски имиња : Илири, Македонци, Пеонци, Тракијци, Феники, Дарданци и т.н., а не дека се татковци на сите Словени).
Теоријата дека Троја била на брегот на Неретва е стара можеби 25-30 год. и се додека децидно не се докаже нејзината точна локација, и р. Неретва е во “игра“.
Самото име на територијата сугерира на локација на која имало три речни острови (тро ада) и тоа е најчесто во делтата на реките при нивното влевање во морето. Значи, треба да се бараат поголеми реки, иако топографијата е многу променлива работа (поготово на речните корита).
Исто така држи место сугестијата за погрешното читање на зборот Фригија (буквата “гама“ понекогаш се чита како “ј“), па наместо Фригија би имале Фријија и со промена на Ф во Т, би имале Тријија. Зборот помалку личи на именката Троја, ама сепак оваа изведба е многу сомнителна...
И на крај, градот Троја можеби бил (после разурнатите два града) Трет изграден град на истото место, па од таму и неговото име.
И така, од третиот град излегол принцот Борис (пардон : Парис) и тргнал да си ја врати Светлана (пардон : Илинка, Елена, Ленка...). А таа си го зела миразот и си се вратила кај татка си, оти мажот и бил геј и не и се погодил бракот...