Челзи - Манчестер Јунајтед (Недела 17:00h)

Дербито ќе заврши со:


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Па види сеа Јунајтед ми е во крвта па сепак како вистински фан се надевам на поволен резултат. Иако реално Челзи е во далеку подобра форма, но Јунајтер е клуб со историја па тешко дека ќе доживее дебакл.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Господ да му дае здравје на фантомчево за реалните размислувања. Многу си се променил човече, памтам беше инатливо и тврдоглаво тиќе. Сега ја користиш црпката тоа ми се свиѓа.
За сите стручњачиња на форумчево да ве потсетам дека фудбалот е чудна игра и ако го следите доволно ке го знаете тоа. Нема фаворити во дерби натпревари. Ке праиме муабет во Недела, сеа е џабе. Не ви се докажува.
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Па јасно мислам.. дерби си е дерби нема везе слаба форма или сл. Инаку реално и најслаб да е Јунајтед сепак имаат искусен човек на клупата кој не би дозволил срам (со некој дебакл или сл.). Така да гледајте во недела и ке прајме муабет.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
За сите стручњачиња на форумчево да ве потсетам дека фудбалот е чудна игра и ако го следите доволно ке го знаете тоа. Нема фаворити во дерби натпревари. Ке праиме муабет во Недела, сеа е џабе. Не ви се докажува.
Секако дека има фаворити, не за џаби има разни коефициенти, кога би немало фаворити коефициентите секогаш би биле исти. Нормално е да има фаворити, нормално е да има предвидувања пред натпреварите врз база на формата, учинокот на екипите, составите, домашниот терен и слично, исто како што е нормално да има и изненадувања.

Челзи може да загуби и од Хал на Стемфорд Бриџ а не па од Манчестер Јунајтед, топката е округла и никогаш не се знае во чија мрежа ќе заврши. Ако некој рече дека Челзи ќе победи убедливо, тоа не значи дека така и ќе заврши. Тоа е според некои негови предвидувања, други мислат дека поинаку и тоа е ок.

Фантомот во овој случај размислува песимистички, а не реално. Реално Челзи е фаворит во овој натпревар, според формата, фудбалерите, домашниот терен и според позицијата на табелата. Манчестер Јунајтед ја има големата традиција, епитетот актуелен шампион, има и фудбалери кои можат да го решат натпреварот. Значи Челзи е фаворит, но нормално нема да биде изненадување и ако Јунајтед победи.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Со тешко срце гласав за победа на Челзи, не сме во посакувана форма и мислам дека немаме шанса. Супер ќе биде доколку дечките ме побијат и извлечат макар и бод:smir:
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Со тешко срце гласав за победа на Челзи, не сме во посакувана форма и мислам дека немаме шанса. Супер ќе биде доколку дечките ме побијат и извлечат макар и бод:smir:
:dudlac:
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Со тешко срце гласав за победа на Челзи, не сме во посакувана форма и мислам дека немаме шанса. Супер ќе биде доколку дечките ме побијат и извлечат макар и бод:smir:
Ejjjjjjjjjjjj :pos2:

Ова да испаднеш „најреален“ или „најинтересен“ ? :)
 
F

fantomX

Гостин
Судејќи според сегашната форма и играчки кадар, Челзи треба да го прегази Јунајтед со 5-0.

Челзи се сами виновни што немаат поголема разлика, зошто кикснаа против Астон Вила.

Ако судијата не направи глупост како на дуелот со Арсенал и свирне некој шашав пенал на Јунајтед црно му се пишува. Дрогба има да ги изеде Видиќ и Ошеј.
Ако Челзи продолжи со извонреден процент на реализација, да, можеби не 5-0, туку 3-0 би можело. Ама да имаш толку успешна реализација на шанси во континутитет е многу тешко, ама не и неоствраливео, тоа да.
Тој пораз од Вила го донесе периодов претходен, по пропуштени 3 шанси еден на еден со голманот на Вила, во наредниве натпревари релизацијата е неверојатна.

Не знам како ја замислуваш играта на Челзи, можеби сакаш да играме како Барса, убаво за око. Но тоа со овие играчи никогаш нема да се случи. Да не бидам погрешно сватен, ќе пружаме убави натпревари, ќе правиме убави акции, ама дека таква ќе ни биде играта, нема шанси, убавината ќе ја гледаме периодично, но ќе имаме одлични резултати сезонава. Не можеш да имаш убава игра со среден ред во кои играат Балак, Лампард и Есиен, тие се работници кои одлично си ги извршуваат задачите. Зарем мал доказ за доминација е тоа што на последните четири натпревари, без оној со Атлетико, имавме гол разлика 17-0, тоа е доминација, не е битно како сме дале гол, со кои сме играле, игравме против екипи кои играат во Премиер лигата, тоа е доволно.

Атмосферата е на високо ниво, Дрогба игра перфектно, Лампард полека се враќа во форма, Џо Кол и Деко се добри, Балак има добар придонес, Есиен стандардно си игра, одбраната е одлична во последно време, Босингва е повреден, но тука е Ивановиќ, и тоа е тоа. Што можеш повеќе да посакаш освен да продолжиме вака, да ја држиме позитивна атмосферата и да продолжиме со вакви резултати.

Манчестер Јунајтед оваа сезона не импресионираше скоро во ниту еден натпревар, така ќе биде и во недела.
Јас тоа го увидов после натпреварот лани на Олд Трафорд, по кој му „пресудив“ на Сколари. Играта на Челзи може и треба да е многу поагресивна, а со таков играчки кадар, и може да е малку поразновидна. Сега засега, поагресивно е доволно.
Од тие 17-0, можам да кажам, секоја чест за одбраната која доста е попраена, иако ни противниците не беа којзнае колку јаки напаѓачки, што видовме против Атлетико, кој има мајстори напред, мајстори кои конечно се будат.

Вториот дел, па така е до некаде, иако не се согласувам дека Џо и Деко се тоа што треба да бидат, биле и пак ќе бидат подобри.

А иначе уствари јас и не гледам кај се толку очајни Јунајтед?? Бетер од Хал ги направивте(не сите)..А исто и не глеам кај е Челзи толку многу подобар од Јунајтед..Да беа толку брилијантни се ќе испобришеа со по 3-4 разлика..
Абе не, доминирал Челзи, на табелата не се гледал веќе, пред време ќе се прекини Премиер Лига. Другарчина, ако веќе не сте во можност да гледате, баталете го Лајвскор, негативно делува. :toe:

Господ да му дае здравје на фантомчево за реалните размислувања. Многу си се променил човече, памтам беше инатливо и тврдоглаво тиќе. Сега ја користиш црпката тоа ми се свиѓа.
За сите стручњачиња на форумчево да ве потсетам дека фудбалот е чудна игра и ако го следите доволно ке го знаете тоа. Нема фаворити во дерби натпревари. Ке праиме муабет во Недела, сеа е џабе. Не ви се докажува.
Ај фаворити шо нема, па не разбирам која е таа доминација на Челзи. Освен во групата во Лигата на Шампионите. Друга доминантност не гледам. :toe:
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
штознам ... утд е утд , знаат да направат голем меч - челзи да во одлична форма се овој тим е желен за успеси , ама некако мислам дека утд би изиграл во најмала рака нерешено знаеме дека во дербињата нема фаворит затоа се интерсни ...

но здравје оговорот во недела
 
G

Gray Foxx

Гостин
Со тешко срце гласав за победа на Челзи, не сме во посакувана форма и мислам дека немаме шанса. Супер ќе биде доколку дечките ме побијат и извлечат макар и бод:smir:
Не се секирај чедо божјо, Роналдо ке ти прости. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Со тешко срце гласав за победа на Челзи, не сме во посакувана форма и мислам дека немаме шанса. Супер ќе биде доколку дечките ме побијат и извлечат макар и бод:smir:
:pos::pos::pos: фан на Манчестер гласал за победа на Челзи :pos::pos:
Алал ти вера!!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Ejjjjjjjjjjjj :pos2:

Ова да испаднеш „најреален“ или „најинтересен“ ? :)
Стварно има идиоти по форумиве. Да речам ќе победат Јунајтед ќе речите кај одиш, Челзи се ѕверови, да речам ќе изгубат, тогаш си дудлач!
Не гледам зошто би бил дудлач и што би добил со тоа?

Не се секирај чедо божјо, Роналдо ке ти прости. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Побрзо нека се случи тоа дедо Боже, севезден неможам мир да најдам, навечер сон немам:pos2:
 
G

Gray Foxx

Гостин
Стварно има идиоти по форумиве. Да речам ќе победат Јунајтед ќе речите кај одиш, Челзи се ѕверови, да речам ќе изгубат, тогаш си дудлач!
Не гледам зошто би бил дудлач и што би добил со тоа?

Побрзо нека се случи тоа дедо Боже, севезден неможам мир да најдам, навечер сон немам:pos2:
Па се гледа дека немаш, барем по аватарите и видеото на профил. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom