Државата без пардон собира пари за буџетот

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Како е можно Стечаен управник да е еден од најбогатите луѓе во градов, како нејзе ниедна казна не ја фаќа и зошто не се процесуира кривичната пријава за нејзе и стечајниот судија во јавно обвинителство што ја чуваат во фиока?
Глупи сме? Слепи сме? Не сме ни едното ни другото и доста ми ги ланчаат тестиве чесност ова она, ги фатија вработените на патарина и ги судеа за 50 денари и на крај излегоа дека се невини, а тие што украдоа милиони и милијарди никој не ги чепка.

Да ти кажам право појма немам зошто мене ми ја упатуваш репликава...
 
Да ти кажам право појма немам зошто мене ми ја упатуваш репликава...
Па да не незнаеш како одат работите со казните во Република Македонија, од кај да знам дека живееш тука. Тоа што го напишав е факт и сите го знаеме, ама џабе кадиите наши владеат.
 
Како е можно Стечаен управник да е еден од најбогатите луѓе во градов, како нејзе ниедна казна не ја фаќа и зошто не се процесуира кривичната пријава за нејзе и стечајниот судија во јавно обвинителство што ја чуваат во фиока?
Глупи сме? Слепи сме? Не сме ни едното ни другото и доста ми ги ланчаат тестиве чесност ова она, ги фатија вработените на патарина и ги судеа за 50 денари и на крај излегоа дека се невини, а тие што украдоа милиони и милијарди никој не ги чепка.

Ех,како е можно?Е па можно е кога во истиот град имаш и безвременски добитник на сите тендери,кого го обвинуваат за споебување на градежни фирми кој некогаш беа синоним за градење.А просториите преку таквите стечајни управници им ги продаваат со “цесија“ на 80-годишните мајки,а нивните деца се лидери во општинските комитети на владејачката партија.Ете така е можно.:toe:
 
Владата отсега знае колку пари ќе собере од казни

Владата отсега планира колку ќе ги казнува граѓаните во наредната година. Имено, во буџетот за 2010 година државата предвидела дека 2 отсто или 46 милиони евра, во рамките на планираните 200 милиони неданочни приходи, ќе собере токму од глоба, судски и од административни такси. Точната сума што ќе биде прибрана само од казни не е дефинирана, но се најавува дека државата планира и во наредната година да собира пари од казни и тоа во одредена финансиска рамка, поголема од годинешнава.

За дел од упатените тоа значи дека државата ќе се труди со сите сили да ги собере овие пари во буџетот, што ќе подразбира норма што ќе мора да ја исполнат службите кои ќе казнуваат за да ја исполнат одредената квота. Експертите сметаат дека тоа значи дека државата со сила ќе се обидува вонредните приходи во буџетот да ги планира како редовни.

„Ставката за глоба воопшто не треба да се планира како таква, бидејќи како може државата сега да планира колку ќе казнува наредната година. Станува збор за тенденција, вонредните приходи да се планираат како редовни, што значи дека државата очекува и во 2010 година да има слаб прилив на приходи во буџетот, па планира со вакви мерки да прибира пари во државното кесе“, вели професор Мирољуб Шукаров. Според него, тоа укажува дека власта ќе продолжи да го цеди стопанството и граѓаните, покривајќи дел од своите непродуктивни трошења со арач прибиран од казни.

Дека државата се обидува да ги „набилда“ приходите во буџетот,

покажува сликата на терен изминатиов месец, која покажа дека масовно се казнуваа фирми за минорни пропусти, пајаците собираат автомобили без пардон, сообраќајците сопираат и собираат пари од возачите за непропуштање пешаци, за недавање знак за вртење итн. И граѓаните не останаа имуни на вакви казнувања, па плаќаат арач што не поминале на пешачки, што фрлале отпушоци или отпадоци на несоодветни места и многу други постапки, за кои и не знаеле дека се казниви.

Казнувањето како санкција на одредено законски неприфатливо однесување, држи, меѓутоа, она што Владата го прави со ваквите своите буџетски проекции, со кои планира слевање пари од казни, е неприфатлив. Се наметнува заклучокот дека државата спроведува класичен државен рекет, само да покрие дел од своите апетити за мегаломанско трошење. Искуствата од другите земји зборуваат дека казните ,на пример, за паркирање се пониски од оние што се во сила кај нас, а ние имаме далеку понизок стандард од европскиот.

„Казнувањето станува политички проблем на репресивна држава. Треба да ги подготвите граѓаните дека казните ќе продолжат и во наредната година, бидејќи сите се надеваа дека тие се фабрикуваат сега поради годинешнава криза и дека во 2010 година ќе се редуцираат. Со идните буџетски проекции станува јасно дека не само што казнувањето ќе остане практика, туку тоа ќе биде во поголем обем од годинава, а полицајците ќе продолжат на норма“, вели Јован Манасиевски од ЛДП, според кого, државата не може да ги надомести приходите во буџетот со казнување.

Она што некои го истакнуваат како транспарентност на Владата е што таа во буџетот за идната година за првпат ја издвојува сумата што се планира да се прибере со глоба, но загрижува фактот дека државата се' повеќе ја зголемува ставката на неданочни приходи од 145,7 милиони евра годинава на 200 милиони евра за идната година. Тоа ќе значи дека државата предвидува да собира се' повеќе пари од граѓаните и од фирмите преку разни форми на принуда.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B97CC3218FEADF40826850DE47B4F70A
 
да ве прашам ми дојде едно писмо за плаќање за македонска радио телевизија тоа е исто дел од даночнава политика на државава оти мрт е државана телевизија треба околу 2000 да платиме сите државјани..не се салам
 
=======================
Пази сега ова.Според А1 било чудно што државата почнала да казнува за прекршоци.Па дали е ова нормално бре.Пајак службата работела со полна пареа,биле затворани продавници,фирми и сл.Бре,бре,срамотилаци.Во прилогот никој не се јави да каже дека без причина е казнет,ама ако се гледа прилогов на А1 се добива впечаток дека казнувањето за прекршок е лоша работа.Па до кога вака бре упм.:tapp:
Па и уше она либералче Манасиевски објаснува нешо со хартии и некои шкрапаници од бројки на нив.Демек муабетот му беше срам да и е на владава што ги казнува граѓаните за прекршоци.:nesvest:

Еве како и на кој начин владата собира рекет,казни и даноци:)
 
Зошто никако да научиме? Зошто сите се исти?
Пазете на крај што му вика, тој 5, уште 5 другата недела, после тоа ќе го затвориме, нема кај да бега.
Аххххх бееее.
 
Оној на кого сакаат да му ја затворат дискотеката или кафич што и да е, бил Албанец, ама не можеле ништо да му најдат, и не го затвориле...

Хахахах, абе семката јас на ова држава со се нејзини управители.... СЕМКАТА!
 
дај му власт и ќе му го видиш паметот ...
овакви дирек апс и тоа на подолго .. па нека берат памет другите ... без разлика на политичка припадност ...
лицемерие страшно ... додека се толерираат овакви wannabe рекетари и се забошотуваат случаеви нема да им дое паметот ...

од овакви страда државата ....
кога ќе се освестиме и прифатиме дека колку подобро правиш за цел народ толку подобро ќе ни биде на сите во Македонија, до кога со лични интереси ... алооо

поради секој оваков морон ко овој страдаат десетици стотици други ...
Абе земи му се бе, земи му имот земи му финансии затвори му сметка да го чујам како лелека и плаче племето негово ... да сети како лелекаат другите на кои им го загрозува животот ...

општо ова за сите овакви ситни души кои ја злоупотребуваат нивната функција за лично профитерство врз грбот на останатите ... лешинари смрдени ...

нема врска дали е Албанец (Албанско потекло - сепак Македонец со Македонско државјанство кој плаќа данок во македонија не Албанија) или не ...

и нема потреба од пцуење на државата, поради овакви лешинари како овој страдаат и се ругаат 10други можеби чесни кои со совест си ја работат задачата како шо треба ....

само шо за овакви треба мале порадикални мерки ... злоупотреба на државна функција ... додека не се исчистат тие нема напред ... тие се тие црвови кои треба да се истребат ...
 
Истото се случува и во Битола, кај газди неутралци, а за оние од СДСМ мамата им ја ебаа.
И што, на крај ќе дојде некогаш СДСМ, истото во обратна насока!

Не чини бе! Семката да му ја ебам! Ајде бре народе, ајде, дајте да ги обесиме сите до еден што лежат по фотељи... Ајде малку, да (се) освестиме ...
 
дај му власт и ќе му го видиш паметот ...
овакви дирек апс и тоа на подолго .. па нека берат памет другите ... без разлика на политичка припадност ...
лицемерие страшно ... додека се толерираат овакви wannabe рекетари и се забошотуваат случаеви нема да им дое паметот ...

од овакви страда државата ....
кога ќе се освестиме и прифатиме дека колку подобро правиш за цел народ толку подобро ќе ни биде на сите во Македонија, до кога со лични интереси ... алооо

поради секој оваков морон ко овој страдаат десетици стотици други ...
Абе земи му се бе, земи му имот земи му финансии затвори му сметка да го чујам како лелека и плаче племето негово ... да сети како лелекаат другите на кои им го загрозува животот ...

општо ова за сите овакви ситни души кои ја злоупотребуваат нивната функција за лично профитерство врз грбот на останатите ... лешинари смрдени ...

нема врска дали е Албанец (Албанско потекло - сепак Македонец со Македонско државјанство кој плаќа данок во македонија не Албанија) или не ...

и нема потреба од пцуење на државата, поради овакви лешинари како овој страдаат и се ругаат 10други можеби чесни кои со совест си ја работат задачата како шо треба ....

само шо за овакви треба мале порадикални мерки ... злоупотреба на државна функција ... додека не се исчистат тие нема напред ... тие се тие црвови кои треба да се истребат ...

Зарем не мислиш дека оној горе е ист?
 
Народот ја ствара државата и сега моментално, поради ебаниот и глуперд народ, и државата е ебана! Вакви идиотштини прават и "инспектори" Албанци. Жените во газо да им ги ебам.

Ова е лоша работа. :nesum:
 
Зарем не мислиш дека оној горе е ист?

кој горе .. па за него зборам и за таквите како него шо ги има во секоја владина постава без разлика десна лева горна долна или каква и да е лешинари ...
 
Па јас знам дека ова е така не мора на клип да го слушам :icon_lol:.
 
кој горе .. па за него зборам и за таквите како него шо ги има во секоја владина постава без разлика десна лева горна долна или каква и да е лешинари ...

Јас мислев за просветителот,оној што дава регулативи како да се спроведе казни и санкции.Зарем ако било под контрола некој ќе се осуди на ваков чекор?Зарем не го случна делот во кој јасно кажува дкеа добиле наредба пред избори ништо да не се затвора?
Зарем нема бе еден паметен во политика,мамата нивна апашка.Не изедоа сосе партали,сите исто мирисаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom