Најдобриот фризер меѓу пејачите и пејач меѓу фризерите Жаре Бербер од петок и официјално станува водител. Секој петок, Жаре ќе го гледаме на "Сител" во 22 часот, во лудото шоу "Кој те шиша".
Жаре стартува овој петок, а во емисијата ќе ги скокотка гостите со интересни прашања, ќе пее, ќе игра, а ако треба и ќе шиша! Жаре во ток-шоуто ќе го следи неговиот бенд "Фигаро", дечките со кои настапува насекаде низ Македонија.
Секој петок, Жаре ќе претстави и по една необична градска фаца. Меѓу ни е и петгодишно дете кое знае да зготви 140 рецепти на пет годишна возраст, девојка која симнала 30 килограми и станала шампион во фитнес, моторџија кој со мотор влегува во Охридското езеро... Важно е што домаќинот ќе има откачена публика, која интерактивно учествува во шоуто и ќе поставува прашања за гостите. Емисијата е во копродукција на "Сител" и "Еурофорум" продукција.
Ај сеа:pos2::pos2::pos2: