Меѓународно движење против промена на името

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Мисирков, да не те боли американското разоткривање ?
Доста чуствителен си ми на овие теми, мучкаш џоа кајгана е.
 
saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Изјавите на Рикер и Руменко воопшто не се насочени против Македонија во однос на преговорите со името,единствено за што се загрижени и вршат притисок е рамковниот.
Јасно кажаа евроатланска иднина преку рамковен договор, никаде не видов напад на примиерот за изјавата или нешто што би асоцирало на вршење притисок да се прифати (северна).Загрижени се и што нема заеднички диалог помеѓу опозицијата и позицијата. Тие само укажуваат дека решение треба да се пронајде.Груевски е доволно паметен за да знае дека не треба да оди против интересите на големите,се знае како завршуваат непослушните. Грција е многу поголем играч од нас но не мора да значи дека и големите се позади неа. Со изјавите на Меркел се почесто се упаќаат жестоки пораки кон Грција. Грција и е должна еден пенал на Америка за самитот на НАТО по се изгледа Америка се подготвува да шутира,освен Франција како поголема сила во ЕУ не гледам дали некој друг ќе застани на страната на Грција.Ние имаме проблем со Грција истовремено Грција е финансиски проблем за ЕУ
Во преговарачките позиции мислам дека ја префрливме топката на нивната половина.
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
„Прашањето мора да се реши, бидејќи доколку не се стори тоа се поставува знак прашалник околу иднината на Македонија“. Зарем на Рикер му требаше повод или А1 симулација, за да може да почне да се закнува? Или ова е од добронамерниот пријател? Пријателите не им се закануваат јавно на пријателите, пријателите стојат од иста страна, г- дине Рикер. Можеш колку што сакаш да бидеш искрен и со чесни намери со твојата изјава, но искреноста и чесните намери не ти се упатени кон нас. Или застани со вистинското лице и не биди дволичен, за да не се надеваме на твоја помош и престани да глумиш лудило и да ја замајуваш јавноста на т.н. пријател на Македонија. Од такви „пријатели“ ние немаме иднина, а не од нашето име.
Едно прашање за тие што веруваат во американско-македонско пријателство (american-macedonian friendship).

Според нивните американски речници, пријател значи следното

1. A person whom one knows, likes, and trusts.
2. A person whom one knows; an acquaintance.
3. A person with whom one is allied in a struggle or cause; a comrade.
4. One who supports, sympathizes with, or patronizes a group, cause, or movement.

1.Личност која некој ја познава, која му се допаѓа и на која и верува.
2.Познаник
3.Личност со кој некој е во сојуз во борба или кауза - другар.
4.Некој кој поддржува, симпатизира или заштитува група, кауза, или движење.

Дали последните коментари на неговата екселенција, г-динот Рикер ги задоволуваат овие постулати да можеме да го наречеме за наш македонски пријател? Дали вистинскиот пријател смее од тебе бара да се откажеш од правото да кажеш кој и што си? Дали воопшто и непријателот го има тоа право?

Изјавите на Рикер и Руменко воопшто не се насочени против Македонија во однос на преговорите со името,единствено за што се загрижени и вршат притисок е рамковниот.
Јасно кажаа евроатланска иднина преку рамковен договор, никаде не видов напад на примиерот за изјавата или нешто што би асоцирало на вршење притисок да се прифати (северна).Загрижени се и што нема заеднички диалог помеѓу опозицијата и позицијата. Тие само укажуваат дека решение треба да се пронајде.Груевски е доволно паметен за да знае дека не треба да оди против интересите на големите,се знае како завршуваат непослушните. Грција е многу поголем играч од нас но не мора да значи дека и големите се позади неа. Со изјавите на Меркел се почесто се упаќаат жестоки пораки кон Грција. Грција и е должна еден пенал на Америка за самитот на НАТО по се изгледа Америка се подготвува да шутира,освен Франција како поголема сила во ЕУ не гледам дали некој друг ќе застани на страната на Грција.Ние имаме проблем со Грција истовремено Грција е финансиски проблем за ЕУ
Во преговарачките позиции мислам дека ја префрливме топката на нивната половина.
Прво, точно е дека таа изјавата што ја дадоа збирно ЕУ, НАТО, ОБСЕ, УСА беше насочена најмногу кон албанските опозициски партии кои како малку да забегаа со својата ориентација.
Второ, политички дијалог е форма која се употребува само во Македонија. Дали во Германија постои политички дијалог помеѓу конзервативците и социјалистите? Или можеби во Белгија, Унгарија или Полска?
Трето, зошто најголемиот притисок (во прв план медиумски) ни се случува во деновите во кои Грција банкротираше и се заканува на целиот европски економски сон (од евро, до солидарност). Чии темели се тука разнишани - македонските или европските? Чии концепти за човекови права се нарушуваат со барањето Македонецот (Macedonian) да стане Makedonets, а неговиот јазик makedonski language.

Премногу случајности во краток временски рок :toe:
 
Aмериканско Македонско пријателство не постои постои интерес. Америка е држава која нема да ги смени своите стратешки позиции на Балканот само затоа што Обама е про
Грчки настроен. Кај нас новинарите и медиумите завршија огромна работа за да се крене паника и забуна околу случувањата што беа овие денови. Еве пример на една ТВ воопшто не пренесоа за рамковниот договор целото внимание го посветоа на зошто не го решаваме проблемот. Кој се луѓето кој глумеја преговори во Охрид кој им дал такво право ? Тоа е една обична манипулација за јавноста да се види дека нема ништо страшно во преговорите,за да се прикаже дека Груевски е крив што не се решава ова прашање. Секој потег кој го прави ова влада во спород со името е дочекан со критиќи од страна на опозицијата и оценет како задоцнет.
 
Опозицијата? Не сум сигурен дека опозицијата ја води оваа игра? Тука се и новинари, и НВО сектор, и различни типови на различни платни списоци. а1х1 вирусот и сличните инсталации некој многу вешто ги користи во Македонија, но за нивна жал тие немаат некое големо влијание.

А, за тоа дали американските интереси на Балканот се совпаѓаат со нашите, не сум баш сигурен. Очигледно е дека притисокот кон власта, но и кон опозицијата и целата македонска јавност е огромен. Некој фрла пари (иронично сега Германците ќе треба да го платат цехот) Грција да се држи во главен план на Балканот. Но, треба јасно да се одговори - не благодарам, или како што некој порано кажуваше - некои прашања не заслужуваат одговор...
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.451
Поени од реакции
8.582
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ФУЕРЕ И РИКЕР ГРУБО СЕ МЕШААТ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

Само со државното име Македонија извесни се иднината, мирот и стабилноста на Балканот

29 април 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла притисокот на амбасадорите Фуере и Рикер врз Владата на Република Македонија со цел промена на нејзиното државно име и го оценува како грубо мешање во внатрешните работи на земјата. Очекуваме САД да останат доследни на одлуката за признавање на Македонија под нејзиното државно име од 4 ноември 2004 година и стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и расистичкото барање за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Елада, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО.

Единствениот компромис за државното име Македонија како израз на добра волја за релаксација на тензиите по прашањето за името во односите со Атина, го утврди првиот повеќепартиски парламентарен состав: на државното име Македонија ја придодаде уставната референца „Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југозападна бугарска провинција, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, независно од историските хипотеки и грчката окупација на Македонија во Балканските војни од кога континуирано до денес врши геноцид врз македонскиот народ.

Време е САД, ЕУ и НАТО да ја принудат банкротираната Грција да го прифати државното име Македонија. Симулацијата на конфликти со цел рекомпонирање на власта преку ново парламентарно мнозинство или со предвремени парламентарни избори заради промена на државното име Македонија, ќе ја дестабилизра земјата и регионот и тоа менторите мора многу добро да го знаат.

СМК ја отфрла изјавата на амбасадорот Рикер дека без решение за името на Македонија и’ претстои неизвесна иднина. СМК смета дека само со државното име Македонија извесни се иднината, мирот и стабилноста на Балканот!

СМК изразува разочарување од меѓународната заедница која наместо да ја мобилизира грчката влада за признавање на Македонија со нејзиното државно име под ризик доколку тоа не го стори Грција да ја снема, вршат вербална агресија врз Македонската влада и граѓаните за промена на државното име Македонија.

Неприфатливо е Република Северна Македонија

Биљана Секуловска Коментари (8)
25.04.2010 20:53
Гордана Силјановска
За прв пат од владеењето на Груевски, премиерот се изјасни дека за него не е прифатливо Република Северна Македонија, односно географската одредница, која ја бара Грција.
Гостин во Вестите на А1 беше професорката Гордана Силјановска.
Околу предлозите на Маљас и Кофос, Република Северна Македонија, менување на идентитетот со тоа што ние би биле Македонци, јазикот македонски, но напишано на латиница, кој е вашиот став?
„Тоа е крајно невообичаено решение во меѓународното јавно право, бидејќи Македонија е суверена држава членка на Обединетите Нации, веројатно и на неа се однесува повелбата на Обединетите Нации, во смисла дека секоја држава може сама да си го определува идентитетот, а тој е врзан за придавката што ја споменавте.
- Значи секое пишување и читање на поинаков начин одошто е вообичаено, мислам дека е нерационално, а нерационално значи дека нема компромис, а ние трагаме по заеднички компромис, нерационално е зошто меѓу останатото е спротивно на нормите на меѓународното право.
- И јас мислам дека проблемот се измислува каде што непостои. Ќе објаснам зошто мислам така, всушност кога ќе речете Република Македонија и кога ќе го споредите ова име или оваа синтагма со она што егзистира во Македонија, се заборава на следново или господинот Кофус и господинот Маљас забораваат на нешто.
- Прво во Грција не постои провинција што се вика Македонија, во Грција постојат три провинции, административни единици од вкупно тринаесет кои што се се викаат Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Значи од методолошки аспект имаме една чудна ситуација, Република Македонија која сега треба да биде Република Северна Македонија и три региони. Значи има логика да направите една диференцијација ако нешто е Јужна Македонија, а такво нешто во Грција нема.
Повеќе од разговорот со професорката Гордана Силјановска можете да погледнете во видеото

http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/intervju-iva-25-04.wmv&VestID=122469
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Едно прашање за тие што веруваат во американско-македонско пријателство (american-macedonian friendship).

Според нивните американски речници, пријател значи следното

1. A person whom one knows, likes, and trusts.
2. A person whom one knows; an acquaintance.
3. A person with whom one is allied in a struggle or cause; a comrade.
4. One who supports, sympathizes with, or patronizes a group, cause, or movement.

1.Личност која некој ја познава, која му се допаѓа и на која и верува.
2.Познаник
3.Личност со кој некој е во сојуз во борба или кауза - другар.
4.Некој кој поддржува, симпатизира или заштитува група, кауза, или движење.

Дали последните коментари на неговата екселенција, г-динот Рикер ги задоволуваат овие постулати да можеме да го наречеме за наш македонски пријател? Дали вистинскиот пријател смее од тебе бара да се откажеш од правото да кажеш кој и што си? Дали воопшто и непријателот го има тоа право?
Токму и на тоа алудирав во последната реченица. Понекогаш емоциите и желбата за момент не совладуваат, па помислуваме дека некои цинични постапки на пријателство се вистински. Нашата несреќа да бидеме играни во глобалната политика, доведува да не издаваат емоциите и да им поверуваме на играчите т.н „пријатели“.
Што се однесува пак до правото на непријателот, дали има право. Како непријател има право, може се да бара, но многу е полесно и да не му дозволиш да го добие она што го бара, затоа што лесно ќе најдеш соодветна одбрана, знаејќи го како непријателот од другата страна. Меѓутоа нашата реалност кажуваат дека од „пријателите“ тешко можеме да се одбраниме, затоа што при ковањето на соодветна одбрана од непријателот, тие ни ја плетат пајаковата мрежа со која ни ги одземаат сите можни средства за одбрана, помагајќи му така на непријателот на најдобар начин.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
239
Поени од реакции
16

Preku nokj, problemot so imeto, stana problem so identitetot,ili pak problemot go otkri svoeto vistinsko lice? Na ovoj ShaciKAKIS ,ne mu e jasno deka ON nema mandat da utvrduva identiteti, tuku da gi pocituva takvi kakvi sto se prezentirani od Naciite, koi se clenki vo taa organizacija?

A koga vekje topkata se prefrla vo ON, Makedonija treba da prevzeme soodvetni cekori za ispituvanje na legalnosta na nejzinata aplikacija pod provizorno ime, i ekstra uslovi koi ON gi nalozi pri nejziniot priem.

Шацимаркакис: Наскоро пред ОН резолуција за Македонскиот идентитет

Тања Милевска Коментари (0)
29.04.2010 11:57
Јоргос Шацимаркакис
Евро-пратеникот Јоргос Шацимаркакис тврди дека наскоро во советот за безбедност на Обединетите Нации ќе биде поднесена резолуција во која идентитетот на Македонскиот народ ќе биде напишан на латиница и тоа како Македонски.
Шацимаркакис се повикува на доверливи извори во ОН.
Јоргос Шацимаркакис е претседател на заедничкиот парламентарен комитет за Македонија и Европска Унија. Шацимаркакис тврди дека Обединетите Нации многу скоро ќе предложат решение за прашањето на идентитетот, Македонски испишано на латиница.
Тој тврди дека овие информации ги темели на многу релевантни извори во Њујорк, а не во Брисел или во Атина, иако тој штотуку се врати од Атина. Вели дека ова е најдоброто решение кое Македонија може да го добие, затоа што Македонски е терминот кој што Македонците го препознаваат и терминот со кој што пораснале. Меѓутоа, тој смета дека преводот на терминот Македонски, ќе биде тешко прифатлив за грчката страна.
Затоа тој сега го повикува Никола Груевски и Владата сериозно да размислат да го прифатат овој термин, пред крајот на шпанското претседателство, најверојатно во текот на мај, затоа како што вели, не се знае до кога оваа Грчка Влада до кога ќе издржи, а следната која би дошла, би можела да биде многу по тврда на тема име и идентитет.
Шацимаркакис не можеше да ни открие кога овој предлог би дошол на маса, но тој предлага што поскоро тоа да се вметне во резолуција на Советот за безбедност на ОН и да се затвори еднаш засекогаш прашањето за идентитетот и Македонија да тргне напред.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Shamaramamlazakis da si gleda bedata u negovata vestacka drzava mesto da jade lajna naokolu!
UN nema mandat, nikogas nemal i nikogas nema da ima pravo da diskutira za identiteti!
Ubavo si veli Povelbata! Kraj!
A Sovetot za bezbednost najmalku ima pravo da diskutira za identiteti i slicno bidejki negova zadaca se implikacii po svetskiot mir i bezbednost, a ne identiteti!
Malku bese sto pri priemot na MK se pogazi Povelbata, ama ajde, sami dozvolivme, nikoj ne ni e kriv za toa, ama sega nema sansa, osobeno sto Sovetot rasprava za priem na novi clenki, a nie ne sme toa i ne davame aplikacii za clenstvo za da moze nanovo da ne razgleduva!
Koi nebulozi be! Koe nepoznavanje!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Запрашајте се зошто А1 служи како платформа за ставовите на ШациКакис за да ствара тензии и да го труе народот?!
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
овај Chatzimarkakis, во германски диелектен изговор Chatz а ти иде како Schatz или драга...кај него драги пошто е од топлите браќа...бил во атина од каде ги добил доверливите ( демек од NewYork) информации да ги пренесе поинаку од кои пак А1 да направи шо треба да направи...

се преговара тајно во позадина сега со Нимиц прво (настрана од јавноста) да се реши идентитетот па после со името пошто видеа и западњациве дека едното не може без другото ама подобро прво идентитетот „илегално„ да го средат па после за јавноста името ќе е полесно.

За да направат грците притисок на нашиве испраќаат извртени работи... а и за целиот тој таен процес сведочат координарите изјави на лепешката од ирска и лустерот од УСА.

а нашиве чутат...и изјавата на груевски е дадена со план...тој го бараше одговорот за време на интервјуто.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
239
Поени од реакции
16
Запрашајте се зошто А1 служи како платформа за ставовите на ШациКакис за да ствара тензии и да го труе народот?!
I na Sitel istava informacija, a kanal 5 kazuva za tajna sredba na pregovaracite so Nimitz, i toa deneska..
Шацимаркакис: „Македонски“ на латиница за јазикот и идентитетот

29.04.2010 - 13:04 |

„Македонски“ испишано на латиница ќе биде предлогот за именување на македонскиот идентитет и јазикот, изјави за “Дојче веле“ германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис.

Повикувајќи се на свои извори во Њујорк, Шацимаркакис вели дека тоа ќе биде новиот предлог за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Според него, латиничната транскрипција е прифатлива и за Грција и за европските партнери.
Тој го предупредува македонскиот премиер Никола Груевски да не помислува на нови избори, туку да го реши спорот со Грција.
Шацимаркакис го повика министерот за надворешни работи Антонио Милошоски да ја преиспита одлуката за насловот Македонско претседателство 2010 со Советот на Европа.

Нимиц на тајна средба со Јолевски и Василакис

Посредникот за спорот со името со Грција, Метју Нимиц, во Њујорк на ненајавена средба со преговарачите на двете земји, Ѓорги Јолевски и Адамантиос Василакис, дознава Канал 5 од извори од ООН.

Не се соопштуваат детали за текот на разговорите што се одржале во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

За средбите Нимиц го известил и генералниот секретар на ООН , Бан Ки Мун. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали и за средбите на преговарачите,но и за разговорот Бан Ки Мун - Нимиц.

Според Обединетите Нации, се работи за редовна консултативна средба во рамките на процесот на разговори и во рамки на мандатот на медијаторот Нимиц. Оттаму појаснуваат дека средбата не била заедничка туку медијаторот се сретнал посебно со грчкиот претставник Василакис, а за најновиот развој на настаните разговарал на одделна средба и со македонскиот амбасадор Јолевски.

NESTO SE KRCKA......????????
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
:bilokojzbor:Ко овде не полуди - тај није нормалан???
Го прочитав од некој форумџија но се чини е во право.
Што ако некој остане нормален?????:baeh::baeh::baeh::baeh::baeh:
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
дали ова оружјево кое нашиве го заплениле денес на Блаце...скривалиштето било чувано од стражари и имало пуцаљка.. дали и таа акција и појавувањето на самото оружје е само дел од процесот за решавање на спорот и наше побрзо преименување.

Притисок од сите страни полека...сакаат да докажат дека сме уште сигурносен проблем...поголем од пропаднатите гејци.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
не им успева труењето на македонецот(мацедониан) ние сме доволно далековиди да го смениме името и нека не се залажуваат сите платформаши а1 х1 кој и да е дека ке попуштиме и дека сме со испран мозок......ке опстанеме макар и леби сол прејадеме..........европсаката унија се распаѓа,полека но сигурно ги губи третите пазари таму БРИК се на сцена.....и неки нови клинци.....криза пак ке има Европо ке ти дојде крајот ваква каква те знаеме........:drk:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom