Меѓународно движење против промена на името

Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
posto agendata e cela evropa vo edna drzava za podobro da mozeme da se kontrolirame i da pideme pogolemi robovi ..makedonija samo treba da izdrzi na diplomatskite pritisoci ..posto morat da ne vteraat vo EU ..moraat
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Скопје, 3 декември (МИА) - Хрватска би била задоволна кога Грција би го одвоила билатералното прашање за името од преговорите за да може Македонија да стане членка на НАТО и Европската унија, затоа што со тоа би се забрзало обединувањето на Европа и таа би станала најголем фактор за мирот во светот. Ова го истакна хрватскиот претседател Стипе Месиќ по денешната средба во Скопје со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

- Хрватска ја поддржува Македонија во евроинтеграциските процеси и убедени сме дека ќе има можност да се најде решение за македонско-грчкиот спор и притоа македонскиот идентитет да не се доведува на ниту еден начин во прашање, а Грција во исто време да не се почувствува загрозена, нагласи Месиќ.

Посочувајќи ги модалитетите за надминување на блокадата, хрватскиот претседател рече дека еден од начините е да се замрзне ова прашање додека Македонија не си ги оствари своите надворешно-политички цели. Втора алтернатива, како што додаде, е да се формира арбитража која ова прашање ќе го стави на страна, а Македонија ќе ги продолжи преговорите со ЕУ или да се продолжат билатералните разговори со почитување на сите историски аргументи.

- Еден од аргументите е Југословенскиот устав од 1974 година во кој републиките беа позиционирани како држави, а по 1974 година нашите републики отворија конфедерација иако таа се викаше федерација. Таа југословенска федерација ја сочинуваа републиките како држави со право на осамостојување, а една од републиките беше и Социјалистичка Република Македонија и на тој Устав никој немаше приговори ниту во ОН, ниту на кое било место, нагласи Месиќ.

Претседателот Иванов посочи дека Македонија се надева на позитивен исход и дека конечно на 7. декември ќе се прифати одлуката што беше донесена од Европската комисија.

- Доколку билатералниот спор го одложи датумот за почнување на пристапните преговори тоа ќе значи нова ситуација во Македонија во која ќе треба да се вложат дополнителни напори за да се вратиме на ентузијазмот со кој влеговме во целиот процес, рече македонскиот претседател.

Тој посочи дека спорот што Хрватска го има со Словенија за границата е позитивен пример како треба да се решаваат билатералните спорови.

- Наспроти процесот на интегрирање ваквите прашања треба да си најдат своја завршница како билатерални прашања и да не го оспоруваат процесот кој го мобилизира целото општество и сите институции. Македонија како држава беше мобилизирана да ги исполни сите задачи кои се услов за да го добиеме датумот. Сите институции работеа со полн капацитет, се исполнија сите критериуми и затоа го добивме позитивниот извештај. Датумот ќе биде само поттик за да ги завршиме преговорите независно од овој билатерален спор, истакна претседателот Иванов.

Двајцата претседатели посочија дека Македонија и Хрватска имаат плодна соработка во сите сфери и немаат отворени прашања.

Стопанствата на двете земји, како што рече Иванов, интензивно соработуваат и имаат многу заеднички потфати. - Хрватските производи во Македонија имаат високо реноме, а исто така и македонските производи во Хрватска. За одредени прашања кои се отворени во доменот на владите, премиерите на двете држави неодамна имаа средба и се наоѓаат начини како тие прашања да се затворат, додаде тој.

Претседателот Месиќ, пак, истакна дека иако Македонија и Хрватска имаат добри односи, сепак можат да бидат уште подобри, затоа што се уште има неискористени капацитети од двете страни, неоткриени потенцијали за заедничко настапување на трети пазари.

Месиќ го информирал Иванов и за текот на пристапните приговори за членство на Хрватска во Европската унија.

Двајцата претседатели разговарале и за состојбата во регионот и притоа биле посочени одредени стравувања во однос на можни жаришта на нестабилност. Констатирале дека потенцијалната опасност треба навреме да се препознава и неутрализира.

Иванов и Месиќ ја истакнаа и улогата на Македонците во Хрватска и на Хрватите во Македонија во градењето на меѓудржавните односи. Месиќ рече дека сите работи околу изградба на македонска православна црква во Хрватска се готови и оти градбата може да почне.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ официјалната проштална посета на Македонија ја реализира непосредно пред истекот на неговиот 10-годишен мандат.

Месиќ денеска во Скопје беше пречекан со сите државнички почести, а тој последен пат во Македонија присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов, кој пак набрзо потоа ја оствари својата прва официјална посета токму на Загреб.

Претседателот Месиќ за време на престојот се сретна и со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мое лично мислење е дека ќе ни лупнат едно вето огромно и тоа не треба никого да изненадува. Затоа и мислам дека ни ја “дадоа“ либерализацијата, барем малце да си се утешиме. :) Шала на страна, едноставно се гледа дека јужните соседи се сосема збеснати, нова власт, па мора да глумат дека они го имаат главниот збор, па ќе поставуваат луди барања, кои знаат дека се неприфатливи само за да не блокираат. Според мене, директно вето нема да лупнат, туку на нивниот препознатлив начин ќе се лижат кај сите држави и на крај сите ќе се “согласат“ дека Македонија е блиску, но сепак далеку и дека мора да работи на добрососедските односи. Аман више досадни се, истото па истото го зборат. Јасни се двојните стандарди на ЕУ и останатите “големи“ сили. Ако мене некој ме прашува (а не ме прашува) е дека по ветово што неизбежно следува треба прекин на преговорите, макар што знам дека нема тоа да се случи од причина што пак Македонија ќе испадне неконструктивна и бла бла бла останати познати приказни за мали деца и ќе се уназадиме нешто што наводно не и треба на Македонија. Јас како ЕУ скептик ќе повторам дека ЕУ е збир на лицемери кои ја поддржуваат Грција во нејзиното силување на основното право т.е јус когенс во меѓународното право, а тоа е правото на самоопределување. Ама добро правото е напишано за да го следат оние кои немаат моќ, а да го заобиколуваат оние што ја имаат моќта. Не дека Грција толку има моќ, ама знае како добро да се лиже. Миленичето и проектот на Европа не смее да пропадне и не смее да се осеќа повредено.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Firewall, kako Svajcarija, neli!?
Da ne ni se sluci Beirut, Liban!?

EU e kurva, a ako veke treba da se ebeme eftinko, bolje so US, edna drzava e, so EU site ke ne ebat!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
zatoa kazav samo diplomatski pritisoci

za voeni pritisoci ..toa e veke :toe:
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
36
Поени од реакции
1
А зошто наместо да се чудите на каде да си зав'ртите газот, не почнете да си jа оправите државата? Македонија е наjслабо развиената држава на Балканот, и ако продолжи така, наскоро нема да излезе од калта.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
А зошто наместо да се чудите на каде да си зав'ртите газот, не почнете да си jа оправите државата? Македонија е наjслабо развиената држава на Балканот, и ако продолжи така, наскоро нема да излезе од калта.
Ти од нужникот на Европа најде да солиш памет.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Подобро ВЕТО отколку да ја влечат одлуката до Април или до Октомври...
Со секое ВЕТО мислам дека опаѓа кредибилитетот на Гејовите зошто навистина освен билатерални немат никакви други причини за блокирање...
На нас е во меѓувреме да поработиме на трите стратегии кои ги спомна Месиќ...Најдобро би било да издејствуваме паралелни преговори...
А најдобра варијанта е да се чека одлуката на СУДОТ ...
Што се однесува до Југословенскиот устав 1974 тоа е уште една силна карта во надворешната политика...
Секоја чест за Месиќ , мислам дека овој човек и текако може да ни помогне, за некое време ќе оди во пензија , па не е на одмет почесто да се советуваме со стариот искусен волк...
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Подобро ВЕТО отколку да ја влечат одлуката до Април или до Октомври...
Со секое ВЕТО мислам дека опаѓа кредибилитетот на Гејовите зошто навистина освен билатерални немат никакви други причини за блокирање...
На нас е во меѓувреме да поработиме на трите стратегии кои ги спомна Месиќ...Најдобро би било да издејствуваме паралелни преговори...
А најдобра варијанта е да се чека одлуката на СУДОТ ...
Што се однесува до Југословенскиот устав 1974 тоа е уште една силна карта во надворешната политика...
Секоја чест за Месиќ , мислам дека овој човек и текако може да ни помогне, за некое време ќе оди во пензија , па не е на одмет почесто да се советуваме со стариот искусен волк...
Дефинитивно.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
А П Е Л


ДО СИТЕ МИРОЉУБИВИ, ДЕМОКРАТСКИ, ПРОГРЕСИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ ПОЕДИНЦИ И СИЛИ ВО СВЕТОТ​




- Иако е незамисливо за почетокот на Третиот милениум, во завршна фаза е сериозен обид за разнебитување на македонскиот народ и неговата држава;
- Огромен е меѓународниот притисок на кој е изложена Република Македонија да го смени своето уставно име со кое се гордее веќе 65 години. Државата го носи името според мнозинскиот македонски народ, а не по истоимениот регион. Тоа е папочната врска меѓу народот и името на државата, која не смее да се прекине. Во името на државата е содржан културно-историскиот идентитет на македонскиот народ;
- Суштината на спорот е што Грција одбива да прифати постоење на посебен македонски етнички идентитет и сe што е македонско кај нас. Преку името на државата, таа се обидува да го оспори националниот идентитет на народот, неговиот јазик, култура, традиција... Затоа, Атина упорно настојува да ни се даде име исклучиво со географска, а не со национална одредница. Така, ако нема македонска држава, нема ниту македонски народ. Ако тие не постојат, тогаш не може да се зборува ниту за македонско малцинство во Грција, кое таа не го признава и кое не ужива никакви права;
- Се обидуваат да нe уверат дека ќе ни го сменат името, ама не и идентитетот! Тврдат дека името нема врска со идентитетот. Што е тогаш идентитетот? Зошто се издаваат лични карти? Истото важи и за народите: ако ги промените имињата на Франција, Шпанија, Италија... тогаш официјално нема веќе да има Французи, Шпанци, Италијанци... Ако ја прекрстат нашата Република Македонија, Македонците ќе бидат избришани од листата на народите. Тие ќе останат без својот национален идентитет и историски континуитет;
- РМ не и го оспорува правото на Грција да го користи името „Македонија“, во согласност со меѓународните норми. Меѓутоа, Атина инсистира на ексклузивност, иако целата територија на Република Македонија е во истоимениот регион и единствена го користи тоа име официјално. (Делот од регионот Македонија, претставува 23% од вкупната грчка територија). Името на една држава не може да биде во колизија со истото име на регион во Грција;
- Ова е апел да се спречи геноцидот, кој на индиректен начин, во континуитет, се врши врз македонскиот народ. Македонската држава е уценета да прифати самоуништувачко решение. За таа цел, нелегално се блокираат нашите евроатлантски интегративни процеси, со што се доведува во прашање иднината на граѓаните на РМ. Со поставениот дополнителен услов за прием - промена на името, кој е надвор од Копенхашките критериуми, се игнорираат процедурите и основните демократски вредности на ЕУ, и се кршат универзалните права и принципи. Доколку се продолжи со блокирање на приемот на нашата земја во НАТО и ЕУ, директно ќе бидат доведени во прашање мирот и стабилноста и на Република Македонија, и на целиот регион. Бришењето на македонскиот народ и на неговата држава нема да може да помине без крв;
- Апелираме да го кренете вашиот глас за да се избегне најлошото. Помогнете да се дојде до разумен компромис, кој нема да ги доведе во прашање дигнитетот и националниот идентитет на еден народ;
- За да се постигне тоа, потребно е пред сe Грција да ја почитува Привремената спогодба, која ја потпиша со Република Македонија во 1995 година и е депонирана во ООН. Со неа, Грција се обврза дека нема да го спречува приемот на РМ во меѓународните организации, каде што таа е веќе членка, што значи дека се откажа и од првото на вето, кое го има во НАТО и ЕУ. Грубо прекршувајќи ја оваа своја меѓународна обврска, Атина веќе го спречи нашиот прием во НАТО и се заканува дека истото тоа ќе го стори и со нашето членство во ЕУ. Доколку Грција продолжи да ја игнорира Спогодбата, тоа значи прекинување на процесот на посредување и барање решение, кое би ја загрозило безбедноста на регионот. Како легалисти, помогнете го спроведувањето на Спогодбата, за да може, под патронат на ООН, интензивно да се бара трајно решение за разликата околу името;
- Не дозволувајте да се прекршат фундаментите на слободата и демократијата. Македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави. Сакаме да бидеме тоа што сме, тоа што биле нашите татковци, дедовци, прадедовци... Сите тие се раѓале, живееле и умирале како Македонци. И кога немале своја држава, и кога биле поробени и непризнаени, Македонците секогаш зборувале на македонски мајчин јазик, пееле македонски песни... Се чувствувале Македонци. Зарем може некој од нас да бара да се откажеме од тоа што сме? Да не бидеме повеќе Македонци?
- Денес, македонскиот народ е пред присилно истребување. Сите што нема да го кренат гласот против оваа неправда, ќе ја сносат историската одговорност. Борбата за правда е глобална и во интерес на сите.
Не дозволувајте да се враќаме на почетокот од 20 век.
***
Апелот го потпишаа академици, јавни личности, писатели, културни дејци, професори, политичари, новинари, деловни луѓе, адвокати, дипломати...
Меѓу потпишаните се и: Димитар Мирчев, Јован Донев, Ферид Мухиќ, Блаже Ристовски, Ефтим Клетников, Горазд Росоклија, Игор Јанев, Васил Бабамов, Владо Петковски, Петре Наковски, Славко Манговски, Милан Аџиевски, Таки Џиков, Деан Сарчевски, Ристо Никовски, Трајан Петровски, Лазар Лазаров, Билјана Минчева, Душко Бојчев, Марија Зарезанкова - Потевска, Методија Тошевски, Стефан Тофовиќ, Панче Велков, 26 научни работници од Факултетот за физичка култура......
Скопје,
22 ноември 2009 година


Потпишаните формулари можат да се оставаат во книжарницата „Култура“ на плоштадот
„Македонија“ во Скопје, а подршката може да се изрази и на и-мејл: info@appealformacedonia.org


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491019104&id=9&prilog=0&setIzdanie=21854
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
US ima 50 states, a ne 53! Ama edna, centralna, federalna vlast!

Inaku, ene kaj e 7, da pocekame, da popieme veto, pa posle ke vidime kolku ni ja bigjaa vrhushkata!
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Вето нема да ни стават, пошто нема воопшто да не стават на агенда. Ќе не остават за напролет кога ќе мора да одлучат дали ќе има датум или ќе има вето. Се надевам барем дека новинариве ќе престанат да тупат по весници и телевизија за "Прашањето". ...
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
дали вреди ЗАМЕНА/БРИШЕЊЕ на нашиот идентитет за влез во ЕУ-(организација која како и сите други големи организации во минатото само траат неколку десетици години ЕУ може најмногу да траае како субјект најмногу 100 год. )??????гледајте на ова прашање непристрасно(ни како евроскептик ни како еврофил).........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom