Православните често пати се повикуваат на овој ефтин трик со цел да докажат дека ете затоа нивната вера е вистинска.
Но ајде малку посериозно да продискутираме околу ова "чудо" или пак ефтин трик како што сигурно би го нарекле оние кои што се поискусни во таа област. Всушност, "оганот што слегува од небото", не е никаков оган што слегува од небото, туку неколку свеќи што се самозапалуваат (ефтин трик).
Дали Исус дал некаква индикација дека Неговата црква ќе биде препознаена по некакви свеќи што се самозапалуваат во тој храм? Не, такво нешто нема да најдеме во Христовото и апостолско учење.
Светиот оган од Небото ние христијаните го имаме во нашите срца. Тоа е Светиот Дух Кој го добивме по ветувањето на нашиот Господ Исус Христос, а Кој почива во нашите срца и гори и ревнува за што повеќе спасени луѓе за Христос.
На празникот Педесетница т.е. на првиот Духовден, Светиот Дух слезе од Небото во вид на огнени јазици не врз "гробот" на Христос, не врз Храмот во Ерусалим, туку врз апостолите. Значи, во Библијата, христијаните се тие врз кои слезе "Светиот Оган од Небото", а не врз некој материјален храм, или врз "гробот" на Исус.
Апостол Павле во своето послание до Коринтјаните дури и дирекно ќе каже:
"Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух" (1 Коринтјаните 6:19)
Симптоматично е тоа што тамошните, слободно ќе ги наречам "чувари" на Храмот никогаш не дозволиле научниците да го испитаат ова ткн. "чудо", исто како што и Саи Баба не прифати да "создаде" песок под лабараториски услови. Но ете, сепак и тој создава песок од ништо, дирекно од дланката. Епа? Зарем не е за тебе тоа Божја потврда дека кај него е вистината?
Илузионистите како Дејвид Коперфилд прават уште поспектакуларни "чуда". Зошто не веруваш во нив? Зошто не си нивна следбеничка? Инаку, познато е дека белиот фосфор може да се самозапали и на собна температура, а во комбинација и со некои други примеси, има многу интересни својства. Но сепак не сум хемичар да одам подалеку во анализата, но знам дека Коперфилд се смее на ваквите чуда и верувам дека тој може и од џебот да ти извади "оган од небото"
Дали некогаш си гo забележал следниov стих во Библијата:
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. "
(Откровение 13:11-14)
Кажи ми MIKI1, како ќе го разликуваш ти дали овој оган е од Бога или од Сатаната? Ако ти се палиш на неколку свеќички кои што се самозапалуваат, тогаш што ќе кажат верници од твојот калибар кога ќе видат како по заповед на некој "Ангел на Светлината" оган се симнува од Небото пред луѓето? :nesvest: Не треба да е човек пророк за да предвиди каква ќе биде рекацијата на оние чија вера се базира на спектакуларни чуда:
"...му се поклонија и на Ѕверот, велејќи: „Кој му е еднаков на Ѕверот, и кој може да војува против него?”"
(Откровение 13:4)
А згора на тоа, погледни што вели првиот цитат што ти го цитирав:
"Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив."
(Откровение 13:14)
Немој да мислиш дека на оваа икона ќе биде насликан некој Ѕвер со рогови и ѓаволска опашка :devil2: Ова ќе биде голема измама и големо искушение за иконољупците!
Затоа MIKI1, додека сеуште Светиот Дух го задржува Антихристос да се отелотвори и да дојде на сцената, побрзај и прочитај ја Библијата и моли од Бог да те просветли за да го разбереш тоа што е напишано таму, затоа што не постои човечка интелигенција што нема да биде заведена од Лукавиот. Но оние, кои се запечатени со Светиот Дух и го пазат Словото, ќе бидат имуни на заблудата која што наскоро доаѓа и веќе е на сцената.
И уште нешто. Исус Христос ВОСКРЕСНА! Како е можно да има гроб на некој Кој воскреснал (кој е жив), па таму да се симне Свет Оган? Живиот човек не може да е во гроб. Гробовите се за мртви луѓе, во нив се телата на починатите, а нашиот Господ воскресна, Тој е жив и е од десно на Бог Таткото! Алилујах!
Прво, ќе ти се заблагодарам на твојот совет, кој ионака не ми е релевантен.
Да го прокоментирам малку твојов пост, иако може малку ќе оддолжам:
1. Велиш, Великденскиот оган бил „...евтин трик...„. Аирлија работа! Еве уште едно Богохулење! А умилението кое се јавува кај верните, било „...хипноза...„ (од еден твој претходен пост). И кој е сега овде хипнотизиран?
2. Самозапалувањето доаѓа без видлива причина, а огнот излегува од околниот камен/карпа.
3. Велиш, „...Дали Исус дал некаква индикација....„! Хмммм, самиот си поставуваш прашање и самиот го одговараш! Монолог! Небаре Христос има должност нешто да стори, оти некој така посакал...Очигледно е дека ти самиот, по којзнае кој пат на форумов, се поставуваш на местото Христово и се впушташ во произволни коментари, во стилот „..дали Исус „би„ ова или она...„ иако е повеќе од јасно што Он кажал и сторил а што не кажал и што не сторил. Колку ми е познато, еден „лик„ веќе посака да го завземе местото Божјо...
4. „...Вашето тело е храм на Светиот Дух...„ не се толкува онака како ти велиш, небаре, Духот Свет обитува во секого кој се допрел до Светото Писмо и го прочитал и по некој чуден автоматизам, така допрениот, веднаш Го стекнал Светиот Дух. „
Целта од нашето живеење е
стекнувањето на даровите од
Светиот Дух„, ќе рече Св. Саровски. Дали ти е очигледно дека даровите од Духот Свет треба да ги стекнеме (од некоја причина) а не по некој чуден атвоматизам, веројатно само тебе екслузивно познат, да го стекнеме не дарот, туку никого друг а токму Светиот Дух, Него лично!
5. Не го извртувај вниманието на погрешна страна со наведувањето на Саи Баба и Коперфилд: тие два „лика„ совршено одговраат на Исусовото предупредување за појавата на лажни пророци, кои ќе прават „...чуда во пустина и во затворена соба...„. Исус се чини јавно, пред луѓе и Неговите чуда редовно се однесуваат на поучувања од духовна природа, на исцеленија од болести и демони или воскреснување мртовци, но никако на алхемиски чуда, како бесконечното тресење пепел од празна вазна или материјализацијата на ланчиња од празна дланка или лебдењето (Коперфилдово) над кањонот од р. Колорадо! Такви „чуда„ од „надворешна„, материјална природа, Христос не чинеше, иако фарисеите од Него бараа „..знак на небото...„! но Он не стори такво „надворешно„ чудо иако тоа не Му е проблем на Творецот на се! Ете ја разликата меѓу чудата Исусови и „чудата„ демонски!
6. Чуварите на храмот, доколку навистина не допуштаат „научно„ испитување на феноменот на Великденскиот оган, имаат право на тоа-да не се сквернави Светињата! За оние кои веруваат дека Великденскиот оган е знак за присуството на Духот Свет и во овој, материјалниов Свет, верата им е доволе доказ, а не таму некакво научно испитување на нивната вера. Доволно е тоа што тој оган не согорува/изгорува материјални предмети и совшрено одговара на огнот од капината на Синајска Гора, која гореше и не согоруваше! Патем кажано, на појавата на Великденскиот оган, присуствуваат и протестантски свештеници, но чудна работа, Духот доаѓа само после молитвата од православниот претставник во гробот Исусов!
7. Толкувањето на стихот од Откроевнието Јованово е само твое приватно толкување, небитно за Црквата. Таа (Црквата) го толкува Откровението на сосема друг начин.
8. Светиот Дух навистина сеуште не го допушта појавувањето на антихристот (...мерзоста на запустението...), но се лажеш ако сметаш дека тоа недопуштање е ради тебе или ради твојата фела, туку ради молитвите кои Црквата сеуште ги упатува кон Бога и ради долготрпеливоста Божја.
9. Велиш, „...
запечатени со Светиот Дух...„, Да не мислиш на себе и на твоите? Дај, биди посериозен...Освен ако самите сте се препознале како (само)запечатени!
10. Да, Христос воскресна! А тоа што Он воскресна, не значи дека Неговото тело било положено било каде, туку онака како сведочат евангелијата: во длапка, во издлабен камен, покриена со тежок камен капак, согласно јудејската традиција на погребување. Ангелот посведочи дека Он беше положен на посоченото место и воскресна, кое го посетија жените-мироносици! А тоа што храмот е изграден токму на гробот Христов и тоа што огнот од Светиот Дух се јавува токму на местото на кое Он беше погребен (а не на некое друго) е неслучајно: како што Светиот Дух во облик од гулаб, слета на рамењата Исусови на крштевањето Исусово и со тоа Духот го посочи Месијата, така и ден-денес, Духот Свет слегува на гробот Христов (а не во твојот стан) и посочува и сведочи дека Он навистина воскресна токму на тоа место, а не на некое друго!
Алелуја!