Фондот одби да плати за лекување на малата Мартина!

Член од
15 август 2009
Мислења
237
Поени од реакции
9
Сега родителите треба ова решение да го обжалат на второстепената комисија. Но време за чекање нема.
Петгодишната Мартина Димитрова од Кавадарци боледува од редок тип на акутна леукемија. Веднаш треба да отпатува во Франкфурт, Германија на трансплантација која чини 250 илјади евра, бидејќи во земјава можност за лекување нема.
Зошто е одбиена, родителите не добиле образложение. Во меѓувреме, животот на ова девојче е доведено во прашање.
„Во моментот не прима терапија, се очекува од ставот на второстепената комисија, бидејќи ако не се одобри од тука, ако не одобрат лекување во странство, тогаш ќе биде приморана тука да почне со втората терапија, но нивна препорака е да заминеме во странство веднаш бидејќи самата терапија тука е доста ризична и доста агресивна“, рече Горан Димитров, татко на Мартина.
Мартина веќе два и пол месеци е на лекување на Детската клиника. Според родителите, лекарите досега сметале дека за трансплантација има време. Се до крајот на октомври кога им дале конзилијарно мислење веднаш да заминат во Германија.
Стравуваат дека терапијата која Мартина треба да ја прими може да биде фатална по нејзиниот живот.
„Во случајот од првата терапија изреагира позитивно, добро изреагира, се намали доста бројот на бласти, што само по себе на некој начин овозможи релативно за брзо време да биде организмот спремен за трансплантација“, вели Димитров.
Болеста кај малата Мартина Димитрова е откриена во септември откако добила висока температура. Од тогаш таа е на цитостатска терапија.
Нејзините родители, доколку одобри Фондот за здравство, треба да соберат 50 илјади евра. Но, сумата е превисока за ова семејство да го спаси своето дете кое боледува од леукемија која се јавува кај 5 проценти од населението во светот.
Доколку сакате да донирате средства, тоа можете да го сторите на:
Од Космофон: 075 143 103
Од Ти-Мобајл: 070 143 143
Од ВИП: 077 143 143
Денарска жиро сметка:
Мартина Димитрова
300 047 069 362 362
Комерцијална Банка АД Скопје
Девизна жиро сметка:
Мартина Димитрова
Acc. No. 02-301-0507752.7
IBAN CODE: MK 073 003 010 507 752 19
SWIFT KOBS MK 2X KVB

ajdee be mamee da im e*** ministerstvo i soferot na ministerstvoto...nikako da napraat nesto dobro..dajte da i pomognemo na devojceto,zaboravete vera i nacija,otvoreto go srceto i pomognete i na devojceto..SRAM ZA DRZAVATA I NEJZINITE SOFERI!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Донирано

Голем хуманитарен концерт за помош на малата Мартина Димитрова во организација на ученици и наставници од ОМБУ "Лазо Мицев Рале"-Кавадарци.
Хуманитарниот концерт ќе се оддржи во вторник 3 ноември во салата на домот на култура "Иван Мазов-Климе"-Кавадарци со почеток од 20:00 часот.
Цената на билетот е само 30 денари и е во продажба пред концертот на билетарата на домот на култура од 18-20:00 часот.
[FONT=&quot]
[/FONT]
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Како одбиват бе да платат г*з му мајчин,од кај ќе најдат луѓето пари :toe:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Na 10ti vo Jasmin salata kavadarci, najdobrite makedonski peachi kje imaat koncert na koj ke se sobira pari, pari za karta ne znam

Inaku na plostadot ima lugje koi stojat, ima staveno crtezi od nea od nejzinite drugarki sliki, sobiraat pari, ima pusteno detska muzika, a veruvam deka nema covek koj barem 10 denari nema ostaveno :)

Martina, ako ne se politicarite i nadleznite so tebe, togas nie narodot sme so tebe
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Чеај сеа прво треба да се испцујам така? Ај нема.

Вчера на телевизија го видов девојчево и почнав да плачам ама онака вистински. Немате поима колку е убава! И ова биснисмениве Трифуновци, Фуфовци, нема да им падне бизнисот ако џитнат некое евро! Све ти јебем и држава и све.
Донирано бај д веј 5 пати.


Малата Мартина го доби вториот удар
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.534
Поени од реакции
4.375
Шо ми се иде се живо и диво да испцуам али нека е...

Донирано.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Кутрото девојче!
Мене кутра ми е состојбата што темава е прегледана 30 пати, а тие во Чек дис аут се по 1000 пати. Од сега предлагам темите кои вредат и кои се од егзистенционален карактер да се отвораат во подфоруми каде што има најголема посетеност. :raz:Хм, нормално дека е иронија и говори за тоа во што се претвораме како луѓе.
 

St3

Член од
3 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
8
Срамота, сигурно ќе направат некој нов споменик.
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Док прават споменик, ти донирај некое стотче на бројот. Можат да се соберат 50 000 евра!
 

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Понекогаш се ежам кога ќе погледнам во какво опшество живеам..средена работа, мора да се соберат за малечката!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom